Кога листав низ темава видов дека на претходните огласи за работа само викнале луѓе на интервју и не примиле никој на работа. Според мене не се озбилни, ама ако знае некој повеќе нека пиши.
Лично знам некој што е вработен таму, ги контактираат кандидатите само што се примени или за второ интервју. Многу малку инфо има за фирмава еве да одговорам на прашањето поназад. Гледам дека пуштиле огласи за теренска и за контакт центар па зависи каде сакаш да аплицираш. Теренска одиш по селата и другиве градови да продаваш пакети, секој ден се оди на различно место се работи од понеделник до петок. Не си пријавен, само со договор на дело си, пола од минималецот зимаш и плус од продажбите што ќе ги направиш. Конакт центарот работи 24/7, платата им било нешто над минималецот. Бидејќи немаат многу голема база работиш сé, решаваш технички проблеми, продаваш, даваш инфо. Заедно со бонуси, недели и празници се зима и нешто плус. И на двете места имале таргети, но не се осварувале зошто понудите им се крш и многу од корисниците им се жалеле од услугите.
Едино искуство со нив што аум била на интервју. девојката беше супер фина , машкото не баш како да гледаше да те навреди што знам ... е сега ја што се пријавив со друг факултет а бараа економски , то е друго , не знам ни зошто ме викнаа н тие што изгледа им фаќаа за око им даваа тест да решаваат. за работа не знам како е .
Под неозбилни подразбирам дека се многу мала фирма, со малку ресурси и помалку корисници. На LinkedIn страната покажува дека имаат само 15 вработени. Имам појдено на интервју, не сум со економски ама на интервјуто кое беше во кафич ми кажаа дека им одговара мојот профил, ќе ме викнеле за тренинг, дури и плата ми навестија колку би била. На крај, не се ни јавија повторно.
за која позиција во Лимак? јас сум градежен инженер и барам работа доколку знаете некоја фирма ве молам споделете, пратам огласи, но нема ништо како за мене...
Доволна е само оваа информација, за да се види колку несериозни личности се. Јас никогаш не би отишла на интервју во кафич. Треба да се има професионален однос. Не ми се тие пријатели за да одам по кафиња со нив во кафичи. Тоа е големо red flag од нивна страна.
Да, кога ми се јавија немаше никакво спомнување за кафе муабети. Само ми беше кажано каде е канцеларијата и во колку часот. Според мене, мислам дека си се "вежбаат" како да прават интервјуа со кандидати. Затоа и ги нема никаде после интервјуто. Ме мрзи да правам скриншоти, знам лани отворија канцеларии во Македонија. За MTEL MK страната на LinkedIn правам муабет.
Мислам почетна плата е околу 22-23000. Знам во смени се оди ( се ти е платено и ноќно и недела и празници ако ти се падне). Почитуваат закони... Не знам што др те интересира, прашај слободно.
Појдов во канцеларијата, почекав некоја минута. Дојде "главниот", накарши канцеларијата имаше кафич. Ми рече дека така ги воделе тие интервјуата, да видат колку се социјални кандидатите. Заедно со него имаше и друг вработен, со него и не се сеќавам да разменив некој збор. Реално, мислам дека не беа заинтересирани некого да вработат. Цела атмосфера off беше.
Искрено јас би си отишла, нека си одат сами на кафе, а не да се зае*аваат со луѓе кои се невработени и молат за работа...
Да бев спремна за такво сценарио веројатно и ќе си заминев. Поентата е што играат на поинаква карта, а тоа е изненадување. Да не знаеш што да правиш во таква ситација. Инаку, тогаш уште бев вработена, истражував опции. Искрено, обично вакви фирмички пропаѓаат за година-две. Колку се заебаваат со нас, а колку сами со себе е друго прашање.
Здраво дечки, не сум од Скопје но од скоро живеам тука, би ми значело ако ми предложите или знаете каде се бара нешто да е само прва смена, добро знам Англиски ако е предност. благодарам однапред
Да, за жал тоа е пракса веќе. Се повеќе компании им го доверуваат ангажманот на надворешни фирми соработници и комплетните процеси се дуплираат во време и енергија, на штета на кандидатите. Стана нормалност квизови, тестови, видео снимки, аудио снимки, по минимум 3 интервјуа да се спроведуваат. Напорно е, знам.