Ќе треба пола свет да го избегнуваш тогаш. Се автоматизира начинот на регрутација, тоа е едноставно веќе установена пракса. Особено во корпорации и поголеми фирми. Сум работела како консултант и затоа ти кажувам дека за ху време тоа ќе биде единствениот начин на кој ќе се регрутира.
Види ако ти си во HR и ти се допаѓа вакво изживување врз кандидати работи си го, како што ти кажале така. А дали јас и тие што не се согласуваат со ова ќе го избегнуваат цел или пола свет, реално тоа си е наша работа и наш проблем. Културно ти одговорив, културно реплицирај или воопшто не пишувај. Поздрав!
Не знам баш, Абел, gen Z веќе почна да ги поткопува овие капиталистички вредности и практики. Компаниите, по мое, ќе мора да го сменат начинот на регрутација и да понудат нормални услови или ќе пропаднат ако не сакаат промени, затоа што gen Z не се како претходните генерации и не прифаќаат да поминуваат бескрајни процеси на регрутација за на крај да работат нешто што објективно има лоши/супстандардни услови. Така што, или ќе се прилагодат компаниите или тоа е. Ние постарите генерации прифаќавме/прифаќаме сѐ и сешто само колку да се работи, но како викаат, светот на младите останува и тие застарени практики ќе изумрат. Не велам дека тоа ќе се случи во наредните 2 години, но во догледна иднина, сигурно.
Сега ако практикуваме демагогии и ако зборуваме за Америка, можеби да. Во реалност и во пракса, овој процес на регрутација буквално цвета. И да почне нешто да се менува, промените би ги виделе кога ние веќе ќе бидеме пензионери. За младите темата е долга и широка, но младите не се баш сериозна движечка сила затоа што се склони кон егоцентризмот, а индивидулизмот не го гради системот, како што гледаме дека се случува. Што не беше културно во моето обраќање? Јас не одговорив дали МЕНЕ ми се допаѓаат тие процеси, ниту сум јас тема на овој муабет, пишав каква е реалната и фактичка состојба, затоа што искуство во една/две/три фирми е поограничено (сосема е валидно и НИКАДЕ не го оспорив) отколку увид во тоа како глобално фирмите работат. На крајот на денот, секој ќе одлучи како ќе постапи.
И јас истото го реков. СЕГА е реалност и пракса, понатаму нема да биде. И затоа и реков, НИЕ ПОСТАРИТЕ нема да дочекаме, ама младите и тоа како ќе видат и дочекаат промени затоа што тие самите ќе ги донесат. И самиот капитализам веќе го достигна својот пик, а секој систем има почеток и крај. Па така и на капитализмот веќе му се наѕира крајот. А дали тоа мене или тебе ни се допаѓа или не, тоа е друга работа
За пикот не сум сигурна искрено, се плашам дека има уште да се паѓа или да се лета, зависи кој од која страна набљудува. И јас би сакала да се променат работите, ама ги гледам одвнатре и не сум многу оптимист. Али у право си, тоа си е мое. Ќе видиме каде ќе одат работите, треба да се биде трпелив.
Не знам за вас, ама јас пре би решавала тестови, отколку да ме одбијат затоа што субјективно процениле од едно интервју дека не им се допаѓам како личност,. атоа нема врска со мојата работна етика ниту познавањата од облста. Не зборувам за процеси што траат со месеци, туку еве да речеме едно интервју и еден тест, изводливо е за макс. две недели за секој кандидат да помине низ истото, ако доволно исфилтрирале преку пратени ЦВа. Е сега, против сум долги таскови каде што треба цел проект да им склопиш, ама океј сум со кратки прашања со кои би се потврдило познавањето и искуството. Се што е ми зема максимум два сати ќе го решам, а ако треба топла вода да измислувам со денови и да не ме платат за таскот, нека си најдат друг.
@blueeparadise мислам дека ти имаше пишано за Causeway Connect, еве на LinkedIn позицијата за Customer Support Specialist ја огласуваат веќе трет пат месецов. И како што повеќе огласуваат, така се помалку кандидати има. За жал, во право сум... не знаат што сакаат. @MarigoldA за жал не е така. Не е обичен прашалник да го наречам, се претерува. Божем ги интересира твоето хоби, интереси во животот и на крај ќе треба да пишуваш есеј на некоја глупа тема како да си прва година на факс. New age bullshit. И пак ќе повторам според мене, не знаат што сакаат, или имаат лоша комуникација со нивните клиенти надвор. А тоа зборува многу. Како и да е, сега сфаќам зошто повеќето луѓе не аплицираат во фирми во кои никого не познаваат и немаат по некоја врска таму за да избегнат мобинг. Паметно и јас би играла така.
Се сложувам и со ова, ама за некои специфични позиции и струки, сакале или не, не може да трае помалку процесот. Особено таму каде што има комплексни задачи или големи тимови или, што многу луѓе го занемаруваат како факт, податокот дека за една отворена позиција може да се пријават 100-200 апликанти, па макар цело работно време да се прават тет а тет интервјуа, пак, еден месец докај два, ќе трае процесот.
Некој да не беше на разговор за Nikki Beach - Црна Гора? Некако многу површно ми беше интервјуто и све како половично ми ги кажуваа информациите. Се работи за договор на 6 месеци.
Вака беше, до пред можеби три години. Најчесто аплицирам на LinkedIn и гледам дека едвај по 23 кандидати има на една објава за работа. Па затоа преобјавуваат еден ист оглас по безброј пати. Stay away. И овие се склони да прават интервјуа по кафичи.
Зависи од позиција до позиција, не се објавуваат огласи само на Линкдин. Јас додуша мислев на апликации кои директно доаѓаат од веб страница. А преобјавување оглас може и да значи дека нешто конкретно бараат, а не можат да најдат или дека не знаат што бараат или на кандидатите не им се погодува, па често си одат или обратно, на фирмата не ѝ се погодува, па брка. Барем за Скопје не е тешко да се открие причината, сакаш или не, кругот е тој.
@Spicy Senorita За конкретно таа позиција пак ми се јавија Causeway и ми ја понудија и од почеток бев заинтересирана, се дури не ми го кажаа работното време. Се работи од недела до понеделник и имаат смени од 9 сабајле до 6 сабајле што мора да бидат покриени цело време, и кога ќе им текне може да ти речат утре ќе одиш од 11 вечер до 6 сабајле на работа. Thanks, but no thanks.
Не, не, прво ми се јавија дали сум заинтересирана за Customer Service позиција, па ми ја пратија писмено понудата, и ми рекоа ако си заинтересирана ќе ти се јавиме за повеќе детали, јас не видов работно време и прифатив. Откако ми се јавија и ми кажаа за работното време и дека мора да си достапен секогаш кога ќе те повикаат во било која смена, било кој ден, ги одбив. Ама доста ми беше веќе стварно од Causeway и онака.
Хммм, пак е скечи оти сепак најважното не ти го кажале. После читање на коментари од форумов, и мои лични искуства сега озбилно ќе со согласам со @cresa-jagoda се заебаваат со нас. Вакви лавиринти и игри инаку не се нормални. Ама нема врска, за тоа постои форумов: сиротиња узврача ударац.
Не разбирам како можеш да окарактеризираш нова фирма штотуку влезена на пазарот како „неозбилна“ само затоа што имале малку ресурси, малку корисници и уште и малку вработени... Впрочем истото си го пишуваш и ти: А се аплицира и преку други страни, не е само linkedin па да ти биде реално мерило за фактичката ситуација за било која фирма.