Затоа што имам право да карактеризирам онака како што перцепирам. Впрочем не знам што е толку спорно нештово, самата членка погоре си кажа што било и како било. Oh thanks, знам дека се аплицира и преку други страни, за мене LinkedIn е најсигурната опција. Таму најбрзо се дознава се што треба да знаеш. Како што компаниите прават скрининг на кандидатите, така и кандидатите да си прават скрининг на компаниите. Имаше и една таква страна на нет, ама сум ја заборавила.
Тоа како се чувствуваш околу фирмата кога се работи за погоре споменатите критериуми (ресурси, корисници, вработени) не е исто со со сериозност на една фирма. Секако дека имаш право да се чувствуваш како сакаш ама да карактеризираш некоја фирма според овие работи не е точно и е по малку смешно. Ако имаше повеќе ресурси ама малку корисници значи дека фирмата е неодговорна. Нова фирма со 50 канцеларии наеднаш е неизводливо, а многу вработени наеднаш без корисници е повторно неодговорно. Не пишувам за нејзиното искуство, тоа е во ред, затоа и не го цитирав нејзиното туку твоето мислење. Повторно недоразбирање. Тоа што за тебе важи едно, повторно не значи дека ја дава реалната слика заради многу фактори кои влијаат. Во мкд, особено надвор од ск најчесто се оди преку препораки, а Linkedin најмногу користат луѓе од одредени области. Овде не оспорувам ти како се чувствуваш туку опишувам фактичка ситуација. Како споредба: некој може гледа како власти излегуваат со пресови дека постојано се реновираат болници и подобруват услови, ама реално за еден тремин се чека по неколку месеци и нема доктори. На тоа и мислев. Секако дека твоето искуство си е твое иако и јас имам мислења за linkedin што се многу поразлични од твоите.
Значи зборот “несериозни“ треба да го дискутираме? Мене не ми е логично ова. Ај да пишев нешто контроверзно па да споревме овде. А за LinkedIn тоа си е моја преференца, јас така сакам-така и правам. И да едино што има поента е муабетов со препораки или на македонски преку “врски“. Е ова баш е привилегија која не сите ја имаме. Уствари, дискриминаторски е ама никој никогаш не се обидел да го смени ова, така да не очекувам ни тука нешто многу позитивно да излезе.
Буквално ова го пишав и конкретизирав дека тој дел не го спорам воопшто, ако не се дочитуваме нема поента дискусијата. Не знам кој дел не ме разбра и ми објаснуваш нешто што воопшто не беше ни тема на муабет. Пишав дека се оди по препораки (не се врски али ок штом така избра да си го сфатиш) како и во многу места, па дури и европа каде ти даваат бонус за донесен нов вработе, на пример. И пишав дека има и други места како што се сајтови за огласи, агенции и сл и затоа Linkedin не е мерило за било што, а најмалку за успешност, освен за неколкуте бранши кои интензивно го користат.
Никако имаше членка една пишувано тука, па после избришан и беше постот поради тоа што дотичен газда дознал за тоа па проблем и направи. Ова беше пред неколку години и бил многу тежок човек.
Толку ли се несигурни во себе, па за еден пост на Фемина се прават проблеми/закани. Кое дно се стигнало во државава, јас не ни знаев...
Очигледно да... но можеби веќе муабетот бил проширен и подалеку па страв го фатило човекот да не не си најде вработени.
Па и нема да најде, огласот им стои 3 месеци најмалку, само менуваат краен рок за аплицирање. Не знам дали мое мислење избришале, не знам ни дали воопшто имам пишано, ама лошоискуство со стариот менаџер што им беше. Сега мислам дека тој си отиде, ама во секој случај едно кажуваат на интервју а после се прават дека тоа не го кажале. Е мене ок ми излегуваа само за смени, ми требаше одредени денови да сум прва смена и така го правеа распоредот. Инаку од однос со менаџер, плата, коректност - 0.
Здраво дали некој има искуство со Панорамика (Скопје) хотелот-рецепционер, да ми каже повеќе информации пред да одам на интервју какви и се условите.
Никогаш ! Нема ! Да се сменат работи. Никогаш ! Бидејќи ... Целтта е да се владее со послушни робови, А, никако вработување слободоумни и креативни индивидуи. Затоа ... Сите бараат просталук, џгањ од луѓе, најдолните во општеството, на кои И да им дадеш - таквите Не можат размислуваат - Туку, САМО да слепо извршуваат наредби (какви да се) - лево лево/десно десно. Заради тоа ... Никој Не размислува, да за една диплома потрошил време, во кои си го обликувал умот, психата во едно празно Ништо. А, со такви Празни информации, кои тропаат како сточарски ѕвона, Не го признаваат Никаде во развиените земји. Целтта е ... Да се направи и одржува 10% ултра богати (и квалитетно образовни) и 90% обликувани заробени робови (со празни знаења) Аплицирајте со 80% од Вашите лични податоци. + Не се јавувајте од мобилен телефон, кој е регистриран на Вашето име, и на Вашиот матичен број. + Ако Ве повикуваат на интервју, таму Не им давајте Ваши лични документи да ги скенираат, фотокопираат. Бидејќи ... Они ќе ви водат "изрецитиран, увежбан" разговор, со финален нивен одговор "ЌЕ" или "АКО" или слично "Ви јавиме" И, откако ќе си заминете од нивна канцеларија, они ќе ги (легално) злоупотребат Вашите лични податоци, за да добијат (Не)повратни Субвенции (од околу 1000 евра, па нагоре, за еден човек). П.С. За било кој оглас за вработување, стапете во контакт со нив Строго преку е-маил адреса; Бидејќи ... Е-маил комуникација се признава на прекршочен Суд.
На момент се зачудив ко ќе спијам некој да не ми пиши од фемина пошто одамна не барам работа. O well. 2017.
Страшна психофизичка злоупотреба на работните места што се добиваат преку оглас. Десет години откако ги следам огласите исти фирми се. Се согласувам со твоето мислење а и ми се допаѓа твојот ник. Но што ќе правиме без пари. Ми бараат да потпишам и согласност за обработка на лични податоци. Како да ја одбијам. Во моментот кога нема да сакаш да потпишеш нешто те гледаат како чудак а и ти следува ремет па можеби и отказ. Кој и зошто ги обработува нашите лични податоци? Работа ли е тоа? Обработка на лични податоци. Срамота. Сешто ќе измислат само да не работат а да земаат пари. И да точно прават робови поодамна кажувам дека се чувствувам како роб. Но неможам тоа да го сменам зошто мора да имам пари за да живеам.
Ајде да не шириме лаги и глупости За да земе некој субвенција треба РЕАЛНО да те вработи и да плаќа придонеси. Немој да мислиш дека субвенции од небо паѓаат. Имам фирма, знам како се земаат субвенции, не сме од марс паднати. Плус тоа сега не ни има повик .. а на секој повик треба тон документи за да докаже дека си вработен кај нив, дека немаат заостанати плати и придонеси итн