Имам едно прашање за фирма за која што ниту сум, ниту некогаш ќе бидам заинтересирана да работам. Во градов кај што живеам, има плакати од Krombert&Schubert секоја година, во речиси истиот период. Го преплавуваат градов со истите постери: “Ни требаат вработени!“ Добро, можно е толку често да им требаат вработени? Знам лани, почетната плата им беше некаде 26.000, сега гледам на 20.000 ја спуштиле. Значи општо е прашањево, ако некој има сознанија би ми било интересно да прочитам.
Р3 ИНФОМЕДИА, фирмата креатор на брендовите Златна книга и Маркетконект за проширување на продажниот канал кој го реализира во партнерство со МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД Скопје... Што поточно е ова? Знае некој? Не знам за во кој град беше, ама прв пат слушам за ова ИНФОМЕДИА.
Под нив имаш кол центар, маркет конект, златна книга и 1188 инфо бројот Најчесто бараат за кол центарот..нудиш услуги од телеком на рандом броеви често има огласи и за продава door2door
Да, овај оглас мислам беше за door2door. И што значи тоа,треба да одам од врата до врата и да им нудам нешто на луѓево? Да ги убедувам да склучат договор со телеком?
Da mi pisi nekoj shto raboti vo Taskforce Bitola. Me viknaa na intervju pa me interesira shto prashuvaat.
Може ли да споделите искуство дали некој од вас е примен на работа преку апликација на огласи (vrabotuvanje.com, Linkedin). Ми се чини дека се вртам во круг подолго време. Аплицирав на многу огласи можеби веќе и во повеќето фирми во МК што бараат работници (администрација, маркетинг, sales и слично), поминато многу први и втори интервјуа, наводно и неколку препораки и пак ништо. Она што ми е чудно е што во тие фирми не гледам нови вработувања на Linkedin, па не ја разбирам логиката од повторното огласување за работните позиции. Почнува да биде навистина напорно, секој пат некои тестови, задачи, неколку интервјуа, на Македонски и на Англиски и никаков одговор на крај ниту еден мејл со конечна информација не пуштаат. Какво е вашето искуство?
Секој втор го има истово искуство. Затоа и ја посетувам темава од време на време. И мене не ми е јасно зошто е вака.
Моето прво вработување беше преку пратена апликација преку сајтот vrabotuvanje.com. И јас долго време претходно аплицирав на многу огласи и бев во иста ситуација. Компаниите често вработуваат преку препорака од веќе вработени луѓе кај нив, но и сите сакаат да вработат човек што веќе има искуство за да не си губат време со обуки. Доколку имаш искуство, мислам побрзо ќе дојдеш до работа, биди упорна.
Светот не се врти околу LinkedIn..особено не во МК. Не мора секој што ќе се вработи да има профил, ниту пак да го ажурира.. И она кога ќе видите само 20тина вработени стои дека има фирмата на LinkedIn, не е мерило.. Може и 200 да има..
Имав читано дека некој аплицирал тука во Caseway Connect и јас аплицирав за работа и ме викнаа на разговор пред некое време. Прво ме бара од таму, па од втора фирма за на интервју и ми викаат ќе работам за нивни партнер значи трета фирма веќе. Ми кажаа дека можам од дома да си работам и во канцеларија ама тренингот таму во канцеларија ќе им биде. Го направив видео интервјуто сега чекам они да ми се јават.
Потешко е да се вработиш во администрација, комерција и слично. Да пуштиш оглас за оператор во производство, магационер, доставувач, касиер биди сигурна декаќе те викнат. Јас стално сум се вработувала преку кариера, вработување или најди работа. Еве ти пример: Пуштам сиви за хајтек фабриката во бунарџик, ме викаат на интервју во орешани и тоа само зошто според сивито сум и требала во орешани среќа се погодив пауза кога им беше и видов во каков логор работат и реков не фала ви. Некогаш и кога ќе отидеш на интервју таа или тој се супер кул али лошото е што тој што ќе ти биде предпоставен е сероња и одма ќе си напуштиш.