Во Sport Vision имам аплицирано и ми рекоја дека не мора да доаѓам на интервју, кандидатот бил одбран. Така да, заштеди си време.
Zdravo na site. Ima li nekoj rabotno iskustvo so Sunny Hotel vo Susevo ili nekoja informacija plus za personalot ili gazdite? Fala odnapred
имаат ПРЕГОЛЕMA флуктуација на кадри. Има еден дел од маркетери што се по 6 години останати 3/4 луѓе, другото се менува...
Познавам повеќе луѓе што работат и воглавно се задоволни, има добра атмосфера и култура, цело време им организираат некои настани како pancake day, hot dog day, забави, ама за сметка на тоа треба да одиш во канцеларија За однос и плата зависи од позицијата, фирмата не е мала и сигурно секој тим си има своја политика, ти за која позиција гледаше? Имам другарка што е Marketing Executive и зема 800 евра, според мене со нејзиното искуство не е доволно. Не знам за флуктација на кадри, не ги следам до толку, но знам дека интервју процесот им е huge pain in the ass, со месеци се влечат и интервјуираат за една позиција, фидбек даваат споро или воопшто нема да ти дадат. Бар вака беше порано, сега вработија HR и можеби (се надевам) се смениле работите. Ја тагнувам и @Spicy Senorita да си види
Искуство со taskforce? Искуство плата? или некое линкче да ми пратите ако има одговор некаде низ форумов, би во била благодарна
Имам другар што работи како кол - оперативец, одговара на повици, смената му е од 2 до 10 вечер или од 3 до 11, од пон до петок. Некогаш работи сабота, ама друг ден ќе му дадат слободен. Во главно мислам дека е ок со плата, над 24 ги зема мислам, ама па нема платено превоз..
Зависи каде и колкав е тимот кој работи човечки ресурси. Од наши фирми не се надевајте премногу, ама имајте и разбирање, да не ги именувам, ама една фирма со 2500 вработени има 5 до 7 члена во човечки ресурси. Кај нас просекот е отприлика на 500 вработени еден за човечки ресурси ( и тоа ептен ако им се посреќи), така што јака им душа, ако не е овој процес автоматизиран (за жал најчесто не е пошто мора да се штеди), време и за мејлови праќање тешко, објективно тешко.
Менаџер бе. Дизајн на флаери за еден од да не кажам никаков бренд Чунга Лунга и работата не е ништо посебно, ова се работи како дополнителна работа.
Бараат, а не сакаат да најдат. Јас најдов преку оглас и никого не познавав во фирмата. Ќе кажам реткост е, ама ете имав среќа. Најважно е на интеврју да ги убедите дека сте вистинската личност. Ми дадоа шанса и не погрешија со изборот. Од сам старт побарав да научам и други, не стоев во место. Е сега за новите што доаѓаат гледам имаат ептен ниски критериуми со изборот и не ги гледаат како потенцијал за нешто повеќе во иднина. Има еден човечки ресурси на 400 вработени и преку глава му е од интервју и гледаат само да задржат вработени. Сите нови се без желба за напредок, за учење нови работи, тоа што им е задача и толку. Немаат никаква грижа за работата, не знаат што е тимска работа, немаат почит кон претпоставен, немаат одговорност, а сакаат пари. Во фирмата се почнуваше со 21.500 порано тогаш минимална 18.000, а сега им се покачени на 27.500 и може многу лесно да дојдат и до над 40.000, па се до 50.000 ден. Викенд, празник не се работи и одмор 4 недели. Баш поради такви имав некои проблеми, ама сега сфаќам дека било џабе и најдобро е да си гледаме за себе и да не се нервираме и да ги игнорираме. Сепак на крај сите работиме за пари, а најважно е да не изгубиме здравје зошто ако не снема за брзо ќе не заборават и лесно ќе не заменат.
vo sportskata prodavnica jas ne bi se zamarala da apliciram zosto samo maski vrabotuvaat i toa izgleda sredno uciliste pocetnici lugje, jas aplicirav pred odredeno vreme nitu me odbija nitu mi se zablagodarija nitu pa tamu im otidov da prasam zosto nemam odgovor, sum aplicirala zosto mi e potrebna rabota, samo rekoa si nasle i zavrtea so pogledot. Za office isto ne dobiv povraten odgovor. Nekoi t.n gazdi ne sfakaat deka luge trpat za leb denes i posvetile vreme na aplikacijata treba barem thank you da napisat. Sramota
Производство ако прашуваш катастрофа. Турнус идат само некои машини одат по 1 цела недела една смена. Ако си на паковно најлошо е таму. Не знам што друго би те интересирало.
Зависи паковно земаат најмалце околу 22-23 со тоа што ако ти се падне сабота или недела не ти ги плаќаат како што треба туку обична дневница. Ако си во бела зона кај што се произведуваат таблетите ќе се удавиш во лекарства таму земаат максимум до 35 000 самостојни оператори што работат со години таму. Таа плата не би ја земала ни во наредни 10 години. Сопки се прават ако требада учиш машина се мислат дека ќе им го земеш лебот. Бременост ако планираш да имаш таму едно големо НЕ. Имаат менза за јадење даваат бончиња 2000 ама не стигаат за цел месец зошто една супа дати ја дадат е 100 бончиња плус леб 10 бончиња и сокот не знам колку бончиња беше и тој го наплаќаат. Би имала бончиња за асално јадење 10 дена од месецот после тоа сама ќе треба да се допишуваш да ти одбиваат од плата или од дома да си носиш. Ако носиш од дома не смееш во шкаф да чуваш храна мора во фрижидер кај мензата, а ако го оставиш таму може некој друг да ти го земе и така. Луѓето од паковно ги шетаат низ цело производство, а земаат најмала плата.