Никогаш не сум работела во производство, секогаш било поврзано со администрација, али ова што го опиша е нечовечко.
Редеш роба по маркети, а на некои од нив им даваат таблет и прават и нарачки, а се тоа оди на друг на плата. Зошто за таа плата од 24.000 ден не треба да се има обврска и нарачки. Предност е што имаат кола. Мала плата ако се има и плус обврски освен редење. Доколку немаат е ок. Понеделник до петок. Некогаш и сабота работат. Колата ако ја возиш после 17:00 се наплаќа од за секој поминат км.
имате ли инфо дали во зара и сличните продавници, се работи со скратено работно 4 часа во секое време ли може да се пријави човек? И ако да, колкава е дневницата? 500-600 денари? ...иии дали може да се оди на непријавено поради друга додатна работа?
Искрено минатата недела се јавив на маседониан сквер хотел на бројот што е оставен на фб типот се испонаша со односот зошто ѕвониш на овој број, па кој ти кажа дрзок и безобразен среќа што не барав работа туку соработка. И менаџерот на сите овие е надркан до коска.
Дали некој знае каде може да се работи на дневница, студент сум и доколку сум пријавена ќе изгубам право на субвенциониран оброк, па поради тоа не ми одговара да сум пријавена?
Денеска имав интервју во една фирма, добро помина. Ми рекоа ќе ме бараат во текот на неделата, дали поминаа 30 минути добивам маил од нив дека одбрале друг кандидат... Нека си имаат избрано друг, но за џабе ми трошеле време испаѓа. Кафич или со договор на дело по 4 саати можеш нема да го изгубиш правото на оброк ако си од Скопје можеш во Ист Гејт да се распрашаш таму бараат. Имаш сé изнапишано за фирмава напиши во search ќе ти искочи.
Во темава имам пишувано за истото. Мое мислење од досегашното искуство е дека за скоро сите огласи се најдени луѓе а се е про форма. Едноставно вработените во ЧР со огласувањето, интервјуата и "селекцијата" го оправдуваат своето постоење и потребата од одделот за ЧР (особено ако се работи за странска фирма или странско преставништво во МК) затоа и прават извештај додека не интервјуираат веројатно потполнуваат некоја апликација за менаџерот од странство да види дека ете сработиле цел процес на селекција. На крај секако се примаат само лица по препорака и преку познанство. Во овој случај ние сме само колатерална штета, целиот труд и време што го вложуваме па и стресот како ќе поминат интервјуата се за џабе. Сите во мојата околина се вработени како резултат на познанства односно претходно соработувале со таа фирма, работеле во иста бранша па се знаеле или едноставно некој од внатре ги препорачал. Транспарентноста на процесот е никаква. Веднаш треба да ни достават информација а најдоцна во рок од 2 дена дали сме избрани или не, еве од едно место уште не ми одговориле а 1 месец помина и намерно им пишувам мејлови иако знам дека нема ништо да биде. Од нивна страна секој пат различни одговори. Како да ме држат за резерва доколку нивниот човек не се снајде. Исто така (ова инфо е од неколку фирми) се дрзнуваат и да пуштаат огласи и кога не им треба никој и прават интервјуа затоа што ги интересирало какви кандидати би се појавиле. Во секој случај кога сакам да сменам работа ќе пробувам и ќе аплицирам ама од сега ќе имам сосема поинаков пристап кога ќе ме викнат на интервју. Нема повеќе да бидам екстра фина и ќе имам поинаков пристап, веќе нема да си трошам ни време ни живци за да вработените во ЧР да си тераат кариера на мој грб.[/QUOTE]
[/QUOTE] Јас мислев дека во државна институција е со врски, а излезе дека и по приватните е исто со познајници? Срамота, каде живееме.