Se prijaviv, mi se javi edna zena: zdravo verojatno ste za oglasot ama ke ve pobaram pokasno oti izl sum vo guzvi. Tolku hahahah nikogas ne se javi.
Ова е многу често, или да ти закажат интервју и да не се појават. Ама кај мене било и еден степен погоре, ми кажуваат дека сум примена, дури и плата ми кажаа колкава ќе земам... и на крајот откажаа. И тоа од две места, прочитав на форумов на други членки истото им се случило. Значи горе-долу додека не потпишеш договор не си примен, макар што и тоа не е некоја гаранција. Болест е ова.
Ми се јави исто мене една откако пратив CV. Ме испрашуваше по телефон зошто барам нова работа, па колкава би сакала да ми биде платата. И ќе ми се прејави рече за понатаму. Пет месеци поминаа, не се јави. Не знам што им е филмот, си губат време и нивно, а и моето исто. Срамота.
Дали некој има искуство со интервју или работа во Флекс Кредит/МКеш/Креди Јес и слично, на позиции администрација, кол центар, оператор на продажно место?
Зависи закој оддел се работи. Јас бев во корона тајм да се вротувам. Ако не можеш 3тасмена искачаат во сусрет за др оддел доколку им треба. Имаат храна и превоз тогаш беше минимална плата. Ама мн си одат.
ИТ секторот им има солидни плати, другарче после факс се вработи, почна со 25 илјади, сега зема околу 45 илјади, за скоро две години, што не е малку со оглед дека со 0 искуство почна таму.. Другите сектори не знам како им се со плати, ама во ИТ делот им се океј.
@Brpbrp @нина122 Само што се најавив на форум, ми стигна нотификација дека сте ме цитирале. Инаку се работи за Customer Support Representative позиција, имав аплицирано уште пред скоро месец дена и сега ме викнаа на интервју и ми кажаа дека ќе траело саат време да си знам унапред. И на огласот пишуваше дека е обезбеден превоз и храна, а вака прв пат мислам им се среќавам со огласот, може често си одат заради локацијата, ако има организиран превоз, ептен е далеку.
Обезбеден превоз и храна, бидејќи таму не ни има каде храна да си купиш, а и за превоз е критично бидејќи е индустриска зона, и тоа го нудат како бенефиција а реално е потреба без која не би нашле воопшто работници.. Не знам зашто си одат искрено, ама не верувам дека е локацијата во прашање јер ако ти дава добра плата, што ти е гајле дали патуваш саат ипол или пола саат, за добра плата, вреди, ама комбинација на мизерна плата со саат ипол пат не се исплаќа..
Прашав јас во меѓувреме комшика што работи Контрола на квалитет во слична фирма, и ми кажа дека доста луѓе од таму се префрлиле во Кемет за оператори, и дека тие почнувале со 22 000, додека канцелариските работи кај што работиш со англиски се над 30 000. Е сега, ако е така супер. Ама ако е платата 22-3 илјади и да патуваш 2 саати до таму, не фала. И не знам што се научиле со тие интервјуа со сто дела, по сто саати.. Се надевам дека нема да ме викаат на второ интервју, не планирам да се акам до Бунарџик по втор пат и на крај да не ме ни вработат.
Работата што е повеќето работи се на нога. Не можеш да кажеш извинете детето ми е во болница јас нема да дојдам треба се со предходна најава. Зборам за оператор на машина зошто ти си тој и броени се луѓето па затоа. Каде и да одиш контрола на квалитет е убаво зошто си одвоен од идиотизмот што се случува на линиите. Сабота ако се работи се работи нема не. Еднаш ќе кажеш втор пат нема да те толерираат. Порано им беа вработувањата само од Скопје и Куманово зборам за цела зона, сега им се дури и од св николе зошто не сакаат да работат. Искрено за 26000 ќе идеш подобро роба по маркети ќе редиш као мерчендајзер само прва смена и празници и викенди дома, а не на работа фамилија да не видиш.
Можеш да им пишеш меил и културно да им кажеш дека веќе не си заинтересирана за таа работна позиција, за да не се акаш до Бунарџик и да изгубиш цел ден.. Мислам можеш и да одиш, ама ако веќе ги знаеш условите и се тоа, и знаеш дека не вреди, нема поента до таму да одиш да денгубиш.
@Brpbrp Не, не, јас не сум за контрола на квалитет, комшиката работи тоа и ми споделуваше што знае за Кемет општо. Мојата работа би била канцелариска, Customer Support. @нина122 Ама не, не, не ги знам условите, велам доколку платата им е 22-3 илјади за оваа позиција и плус толкав пат, не би вредело. Уште немам отидено на интервју, во вторник ми е а тоа за можното второ интервју го искоментирав дека скоро сите фирми во кои имам аплицирано малтретираат со 100 интервјуа, задачи и тестови и дека се надевам дека нема да има второ интервју. Може јас не објаснив убаво.