Зошто некои фирми, навидум сериозни фирми, вработените не ги пријавуваат директно они самите преку нив, туку преку агенции за привремени вработувања? А вработените се пензиски и здравствено осигурани, ама преку агенција за привремени вработувања. Има ли некоја разлика? Зошто така прават фирмите? Со тоа дали фирмите се нешто во ќар, а вработените во штета? Дали да се прифаќаат такви вработувања кои одат преку агенција за привремени вработувања, а не преку самата фирма?
Од она што го знам во интервјуата е дека прво пријавуваат преку Агенција за привремени вработувања тоа е затоа што си со договор на определено време, пример на 3 месеци. После тоа или ти го продолжуваат договорот или не ти го продолжуваат и остануваш без работа. Исто така од мое искуство од интервјуа скоро сегде кажуваат дека првиот договор е на 3 месеци, ако ги задоволиш очекувањата добиваш следен договор на 6 месеци (негде може и на 1 година). После тој период најчесто следи пријавувањето од самата фирма односно на неопределено време. Е сега зошто прават така, веројатно за да им е полесно едноставно нема да не ти дадат нов и со тоа ќе ти прекине работниот однос зошто ако те пријават одма од самата фирма на неопределено за нив ќе биде потешко да те отпуштат ако не се задоволни. Јас сум била пријавена преку Агенција и можем да ти кажам дека никогаш повеќе не би прифатила, немаш право на кредит, нема да ти дадат к-15 и ќе си префрлаат топката кој треба да исплати. И не само за тоа туку буквално за се од фирмата ти викаат ти си во агенција вработена тука си отстапена а од агенција викаат оди во фирма по нивно барање си вработена. Во мојот случај многу стресно и неправилно ми изгледа таквото вработување и едноставно не можев да си ги остварам своите права. Затоа и да ми се нуди можност да се вработам во фирма каде би сакала да влезам ако е на определено преку Агенција нема да прифатам.
Ти благодарам за целиот одговор, ама и самата фирма може некого да вработи на определено, макар било тоа 1 месец. Не мора да е одма на неопределено време. Тоа ми е чудно, зошто вработувањето на определено време да не оди преку самата фирма, туку преку агенција за привремени вработувања
Пријавување, одјавување, сметководство и пресметка за исплата на плата, решенија за одмори, заверка на било какви потврди се тоа го сработува Агенцијата. Со тоа се намалуваат и тоа многу обврските на фирмата која те вработува и намалуваат на трошок со тоа што не вработуваат лица за тие обврски. Провизиите на агенциите не се големи ама тие веќе ги имаат ресурсите зошто нивните вработени ги работат истите обврски за многу компании. Фирмите се во ќар само затоа што не мора да имаат дополнително вработени во повеќе сектори. И не е на твоја штета ако мислиш финансиска. Во мојот случај штетата беше што си играа пинг понг кога ќе ми затребаше некоја потврда пример за во банка и не ми дадоа к-15 зошто си ја префрлаа таа обврска еден на друг.
Здраво видов декс има прашања ама нема конкретен одговор за административни позиции во Кромберг и Шуберт. Ве молам доколку знаете искуства споделете.. дали се останува прекувремено, дали се напредува со плата
Јас за други искуства не знам, но од лично мое искуство имав аплицирано за административна позиција на објавен оглас и ме контактираа за да ми понудат работа како оператор во производство. Ги одбив затоа што не аплицирав за тоа ама верувам дека само во производство се влегува лесно, останатото е се преку дебели врски.
Ти одговорија делумно, чисто да споделам дека јас сум била пријавувана преку Агенција (додуша странска компанија беше во прашање), и никогаш не сум имала проблем, имав договор на неопределено, ми беа исплаќани плати, бонуси, прекувремени, к-15 и сѐ со ред. Вакви услуги користат фирми за да не мора интерно да се справуваат со административниот дел од работата, а и фирми кои немаат регистрирано фирма во Македонија, а сакаат своите вработени да си бидат редовно (и легално) вработени и да имаат право на пензиско и здравствено. Таков е мојот случај, и стварно не сум имала проблеми, договорот за вработување е реализиран директно со работодавачот, исто важи за плата, одмори, бонуси, техничка опрема, агенцијата е само посредник и средува папирологија, ништо друго.
И јас од втора-трета рака, едно време (пред короната) им беше 30 илјади плата, многу тешко за повеќе, сега не знам дали е сменето нешто во тој поглед, ама искрено сите што ги знам влегле или со препорака од вработен или со врски, така што биди спремна на тоа, освен ако немаат ептен недостаток на кадар. Инаку менза има, превоз или организирано со автобус или мислам дека даваа пари за трошоци за оние кои сакаат со свој превоз да си одат на работа (така беше пред короната). Интервјуто им е исклучиво на англиски, со една црнкиња (ако работи уште таму) и одговорната за ресурси, општи прашања и поконкретни прашања за хендлање на работата, ништо посебно битно, ама може да потрае, така пола саат - саат. Друго не памтам да ти кажам,.
Ве молам подетално ако може и друг некој ако има инфо за Panteleon GS ве молам да сподели. Знам дека работат од 3-11, но како е со плати, надредените дали се македонци или американци, однос на претпоставени, дали се глави прекувремено, стресно ли е и слично
Ако те викнат на интервју и дознаеш за детали пиши и мене ме интерсира. На истава тема претходно имам прочитано од други членки дека многу тешко се влегувало.
Знае ли некој работа на дневница без пријавување за студент? Нешто како Зара, некои промоции и слични работи?