Повеќе од 50%од народов влезе во неуромедика и излезе. Подобро не. Што сакаш од фирма каде јавно ги објавија дека беше избркана трудна жена во 5ти месец од бременост и не била единствена плус зимно време ако си во главното има да смрзнеш зошто јас зимно време не влегувам да купам нешто не пак да работам нехумано е. @cresa-jagoda Ти објасниле и членките но да не заборавиме дека фирма до 15 вработени е мала фирма ако вработи повеќе од тоа плаќаат повеќе. Зошто јас сум моментално вработена во фирма каде сме повеќе вработени меѓутоа едната фирма има 14 враотени, а другата 2 вработени. Е сега некој за дане отвара 2 фирми полесно преку агенција, а тоа што ти земаш помалце јбг не те прашуваат.
Ми излегува шанса за добро работно место,но ми кажуваат дека газдарицата не му исплајкала плати,како е можно тоа ако си осигуран,нели мора да ти помине плата доколку си осигуран?
Yes and no. Мора да помине, ама господ знае кога ќе помине, сум работела во фирми каде по 3 месеци не се исплаќало плата, и здравствено сме немале пошто придонесот не бил на време подмирен.
Зошто А1 на секои 2-3 месеци објавуваат оглас за Customer Support? Зарем не е попаметно да го задржиш вработениот барем година? Или пак толку “лоши“ кандидати па никој не се најде. Прашања кои ме мачат.
Добро бе дали има барем еден реален оглас? Навистина се изморив од сè И од гледање огласи и од праќање cv и од интервјуа и од чекање одговор и од добивање негативни одговори
Да аплицирав за државна администрација немаше да ми биде криво, зашто знам дека врски требаат... Ама толку сум разочарана од приватните фирми, што навистина ми е преку глава. Па уште и малтретирање со повеќе интервјуа, ко да аплицирам за менаџер на фирмата... Значи ако не сум вредела немаше ни да го поминам ни писменото тестирање, а камо ли да бидам викната на прво, па на второ интервју, за на крај да добијам негативен одговор и тоа не одма, туку после три недели од второто интервју, а да не зборам дека од објавениот оглас до сега поминаа 2,5 месеци. Значи ако стварно бараа човек, што правеа толку долго без вработен, како се снаоѓаа? Ако стварно имаа потреба за најмногу 2-3 недели ќе избереа некого, а не со месеци да вршат ,,селекција"... А на крај на интервјуто нели треба да поставиш и ти некое прашање. Е на моето прашање кои карактеристики треба да ги поседува најдобриот кандидат кој би го вработиле на ова работно место, добив одговор, да цитирам: ,,Тие карактеристики кои ти ги кажа и кои ти ги поседуваш". Значи ако не биле задоволни од мене, немаше да дадат таков одговор... Имав стварно голема надеж, за да завчера добијам мејл дека не сум примена. И што е најжално не станува збор за некоја канцелариска работа, туку за работа во продажба, на смени, викенди...
А замисли да станува збор за канцелариска работа. Ха. Смешно ми е веќе. Порано се нервирав многу, сега отрпнав. Работава е да се понудат пари преку некој човек за да се вработиш.
Од искуство на такви огласи па реткост е да повикаат на интервју, најчесто не даваат ни негативен повратен одговор... Исто ко да не си аплицирала