1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.702
    Допаѓања:
    172.550
    Пол:
    Женски
    Така секаде ќе бидеш одбиена.
    Процесот на селекција никако не може да трае 24 часа..
    Без разлика дали вработуваат некој нивни или не..
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    13.277
    Јас не верувам во ниеден оглас. Еве пример Флекс кредит имаат постојано огласи, зарем не најдоа досега?
    Да споделам искуство, ме повикаа на интервју во Оли шпед за административен работник, во огласот пишуваше дека не е потребно искуство во областа, имало обука. Одам таму и ми кажуваат дека сепак бараат искуство. И зошто ме викнаа на интервју, да губам време? Станав на сред и си заминав од револт, ич не ми е гајле веќе, така ќе правам ако некој истово ми го каже на интервју. Да ти се плукнам во таквите фирми.
     
    На Stark, DramaQueen1, dea.18 и 10 други им се допаѓа ова.
  3. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Некој искуство со колид фудс, мрчендајзер?
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.494
    Голема фирма и имаат премногу артикли. Зависи и за која дивизија ако е за ладен програм ќе смрзнеш зимно време.
     
  5. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    2.902
    Пол:
    Женски
    Кои производи ги имаат од 'ладен програм?'
    Инаку е за хемија, индиоми, виталија...
    Дали можеби знаеш какви услови нудат, како се со плати?
     
    Последна измена: 22 мај 2023
  6. Ktktkt

    Ktktkt Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Iskustvo so tom tailor? Ve molam
     
  7. Ktktkt

    Ktktkt Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    14
    Iskustvo so kiko milano?
     
  8. Sandra_Sandra

    Sandra_Sandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2017
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали некој има работено во Флекс кредит, како им се платите, условите за работа гледам често имаат огласи.
     
  9. ScorpionGirl99

    ScorpionGirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ако има некој искуство со taskforce интервју ве молам за детали, какви прашања поставуваат, дали има некакво тестирање на англиски?
     
  10. Tam4yy

    Tam4yy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    59
    Прашањата се ептен општи, а тестирање нема.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Не знам како замислуваш дека одговор би добила за 24 часа. Не се пријавуваш на огласи само ти, треба од сите кандидати кои се пријавиле да се направи потесен избор, секој оглас има одредено времетрање, фирмата одлучува дали ќе чека огласот да истече и тогаш да регрутира или почнува веднаш (па менаџмент на сектор да го одобри изборот), па тие луѓе да се викнат на интервју/тестирање, па да се направи проценка, па да се одбере некој, па тоа менаџментот да го одобри, па да се испрати понуда до кандидатот (најчесто се испраќа понуда прво до избор број 1, а ако тој не одговори во рок од една недела, се праќа понуда до избор број 2 и така со ред). Со сѐ можам на темава да се сложам, и јасно е дека никому не му се чека, и секој сака да добие повратна информација за тоа дали е примен или не, ама и овие небулози што ги пишувате понекогаш се стварно непотребни. Просекот на еден циклус на вработување на планетава Земја е еден месец, не повеќе од тоа. Стварно со среќа во наоѓање фирма која ќе успее да го реши сево ова за еден ден, симињам капа стварно .
     
    На libragirl, Dust, злоба и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во право си, не велам не, ама кога одиш на интервју тие одма знаат дали си за кај нив или не. Сакам да кажам, ако на интервју те проценат дека не си за кај нив, дека не им одговараш поради некоја одредена причина, тоа треба одма да ти го кажам, да си знаеш, да не чекаш, да не гаиш надеж. А ако одговараш, ама треба да видат дали ќе има друг кандидат подобар од тебе и тоа треба да ти го кажат и да не биде долго чекањето, еве највеќе 1 недела од направеното интервју. Затоа што да бидеме искрени на интервју не се викаат сите што аплицирале, туку тие кандидати што имале ,,најдобро" CV. Така да, ако се сака сè може да се заврши во најбрз рок.
     
    На TMNT, злоба и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    13.277
    Кажи ми, златна, една фирма да речам со поасално работно место што навистина ќе вработи преку оглас? Сум била на многу интервјуа, никој не ме повика на работа, се вработив со познаници отпосле.
    Па и прво, второ интервју, тестирања, и тоа за работно место административен работник, кредитен референт или оператор за наплата, чиниш ко да вработуваат за космонаут. 8) Секако, на крај нема ни да добиеш е... повратен одговор дека не си ни примена.
     
    На libragirl, Spicy Senorita, FreeToGo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.756
    Допаѓања:
    13.277
    Имаат огласи, но изгледа не викаат на интервју, а камоли да вработат. Зарем досега никој не најдоа? Имам искуство со наплата, пратив CV, ми се јави некоја од човечки ресурси, кратко интервју по телефон, рече ќе ми се прејави за понатаму, но ништо. Не знам навистина. Пробај.
     
    На libragirl и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    1.656
    Пол:
    Женски
  16. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.263
    Пол:
    Машки
    Ваљда зошто од таа област земаат највисоки плати па може да падне добра пара па и бакшиш ако муштеријата е ептен задоволен од фризурата...А некој класичен програмерски фриз па еве од најосновниве програми ко Виндоус па нека им удри еден прозорец на теме, ко трло во квадратна форма фриз а од страните бричот, мазно..ем креативно ем според желбата:D
     
  17. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Ме цитираш за погрешно прашање. За 24 часа апсолутно не е возможно да добиеш одговор, ниту од асална, ниту од најнеасалната фирма, зборуваме за повратен позитивен одговор. Образложив ептен кратко зошто е тоа така, и зошто не треба да се скока ако фирма не ти се јави за еден ден, па која фирма (еве нека е и најдобрата на светот) има капацитети да ги заврши сите административни и правни работи за еден ден, па само за огласот во Аврм треба да се чека 5 дена, да не зборуваме за склопување договор за вработување (најчесто со надворешна правна служба или адвокат), или кандидатот ако треба да се пријави за првпат во Аврм. Ако компанија ви одговори за еден ден, тоа никако не значи дека е асална, баш напротив, може да значи ред неубај работи (само вие сте се пријавиле, па држ недај да најдат било кого за да работи, сите им бегаат па им гори под нозе и слично). Во однос на препораките, тоа е пракса која е логична, во сите институции и приватни фирми постојат интерни огласи, и искрено, ова не е ништо ново, баш напротив се практикува уште од времето на Југославија, исто и во светот. Ама препорака не значи секогаш дека некој со "врски" ќе победи, едноставно се заштедуваат пари, а не време. Не знам дали сте свесни колку чини да се објавуваат огласи по порталите, едноставно поефтино е да се вработува по препорака. За прашањето која фирма вработува административнци, не сум во таа бранша за да можам да сугерирам или да ти гарантирам дека една е подобра од друга. Еве видов дека Грант Тортон имаат оглас за администрација.
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Сега пак ептен општо можам да одговорам, ама вака на прва топка, една недела е малку. Одма дали си или не си за работата, не може да се знае. Тоа најчесто е избрзана одлука или ги мрзи да интервјуираат или имаат ептен некој рок да соберат кандидати или да одлучат. Ако се работи за специфична струка (ама и не), првото интервју е секогаш за сорсирање односно да се разбере зошто кандидатот сака да работи баш у таа фирма, зошто сака да менува, да се договорат начелно очекувањата. Второто интервју е со директниот претпоставен и евентуално има тестирање, па третото е со менаџментот (оние кои имаат моќ на одлука, и најчесто на нив се чека најдолго интерно, врло се заузети, се разглаба за буџет итн.) Вака треба да изгледа нормален процес, минимум 2 недели, најмногу месец. Отстапки може да има, ама поретко е тоа. И влечење сто години и избрзување се сигнал дека нешто не е во ред, ова го кажувам исклучиво како некој што работи 20 години, башка што работел и во ресурси. Не правдам 20 интервјуа никако, најчесто се "препишани" од некои битни фирми или се едноставно наметнати како модел, ама искрено еден ден, или една недела секогаш ми се покажале како ултимативно лоша одлука. Еден ден не ми се десил, ни како вработена, ни како човечки ресурси.
     
    На злоба и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    На Tam4yy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. Rumstangla

    Rumstangla Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    За во сметководство ли беше?:( го изедов и ја со нив пред неколку години. Истото, администрација без искуство, таму ми вика обука. Добро ајде обука. 3 бевме, останав за 2 дена само јас. Внесував патни налози во програм, после 5 дена одговорната ми вика не сме сигурни уште, ајде уште некој ден, ајде викам нек биде. Ме ставија на едно биро во ќош едвај светлина имав, тука беа одговорните за транспортот, јас буквално позади нив ко казнета. Женските од сметководство нит пенкало, нит спајалици нит дигитрон ми дадоа. Едвај една хевталица пуштија срце да ми дадат. Пресметував на мобилен:emo:. И по 2 -3 дена ме вика газдата на разговор ми вика внесувањето налози е нешто што сите го прават тука демек најглупа проста работа, а мене споро ми идело. Му викам јас прв пат фатив платен налог во раце пред неполна недела дена, пресметував со мобилен пошо излеа немаше екстра дигитрон за мене, башка ако баравте искуство требаше да си наведете во огласот. Вака ми го губите времето. Доаѓам до Стајковци а не живеам ни приближно блиску. И ми вика уште се мислеле за мене, не можел ништо да ми вети, да сум доаѓала демек уште ама за без пари ама и тогаш не се знаело дали ќе ме примат. Он бил вага во хороскоп, ги вагал работите, не можел нешто да вети ако не го исполнел. Тоа било како да ми кажел дека ќе ме качи на Водно, а на Водно 5 метра снег:D Го изнагледав со ококорени очи, си станав се поздравив, и му реков нит имам намера да работам за без пари а уште помалку имам намера да се качувам со него на Водно. А да, шлагот на тортата, кога ми рече дека е вага у хороскоп му викам е оке де јас сум девица што врска демек има муабетов со хороскопот, ми вика девица? Само во хороскоп?
    И се изнасмеа. И така, Оли шпед беше едно занимливо искуство од неколку дена од кое треба сите понастрана да се држите:)
     
    На Leanne, NoirSerpentine, Tam4yy и 3 други им се допаѓа ова.