Јас не би барала да ми одговори некој од HR за 24 часа, ама огромен број бил на такви кои рекле ќе се јавиме за 5-10 дена и никогаш не се случило. Дегутанто е да се вршат толку интервјуа, за потоа да видиш дека е преобјавен огласот. @Rumstangla имам јас слично искуство од втората пракса, ама не ми се пишува, го закопав во меморијата.
Кај нас во фирма ако некој даде отказ и прво на мејл добиваме сите оглас, па дали имаме некој близок, па ако нема никој пријавено тогаш се оди преку Вработување. Не се брзаат со избор затоа што секогаш има некој што го покрива тој што фали, кај нас шефот. И пола година да не најдат не е страшно. Затоа и некогаш одговор се добива после неколку месеци. Верувам дека и секаде е така. И кога огласот е објавен на најпознатата страна за вработување знаете дека има и над 500 пријавени, па додека ги селектираат сите треба време. Еве пример кога мене ме унапредија прво ми понудија, па не прифатив, објавија интерен оглас, па јавен оглас на Вработување на кој имаа многу пријавено. Ова HR ми кажа. Не знам дали имаа започнато интеврју со некои или не, па после се предомислив и прифатив и ги тргнаа огласот. Тоа што не земаат непознат е од што не знаат каков е. Ние имавме една што прв пат ја гледаме и пред некој ден и дадоа отказ. Со нас комуницира се, а од друга страна мисли дека ние сме глупави и не зафркава. Наместо од 8-16 она работи од 10-14 и за време на работа оди на фризер, кафиња, на гости итн. Да е некој со препорака или близок кој го знаеш од порано не верувам дека ќе ти ја наруши довербата.
Ако има некоја од Кочани и бара работа како унапредувач на профажба нека ми пише. Огласот е само за реон Кочани и еднаш во месецот еден ден Виница. Плата 27.500, Пон-Пет, една сабота работна. Празник ниеден не се работи. 8-16 часот.
Zdr nekoj iskustvo za rabota kako hostesa, vo nekoja diskoteka? Kolku casovii se raboti i slicno ili uste podobro da mi piseee pozz
Небулоза е само за во МК зошто ЧР вработуваат само преку врски па се чека да се види дали ќе се вклопат тие врскаџиите, ако се вклопат за еден месец ок ако не се вклопат ќе викнат некој од тие што аплицирале. На 2 интервјуа за remote работна позиција со фирми во USA ми одговорија во рок од 24 часа, едни негативно а едни позитивно (дека менаџерот ќе ми се јави за конечно интервју). Така работат професионалци одма одлучуваат дали продолжуваат со тебе во селекцијата или дали не одговараш на профилот кој го бараат. Ќе ти напоменам две искуства со МК фирми: едната ме интервјуира во петок и ми рекоа денес завршуваме со интервјуа во понеделник ве известуваме за одлуката за понатаму, втората ме интервјуира во понеделник и ми рекоа до петок имаме закажани интервјуа за оваа позиција и во петок попладне ќе ве известиме за одлуката кој иде понатаму. Значи, нормално е за процесот на вработување одма после интервјуата да се скрати списокот и ферски е одма да ти кажат дали продолжуваат со тебе или не. Нормално одговорот за двете интервјуа го добив после 3 недели или еден месец. Во секој случај јас на наредните интервјуа ќе си кажам дека одма барам одговор па ќе ви пишам како сум поминала.
Верувај дека одма уште кога ќе заврши интервјуто знаат дали си за кај нив или не. Само што тука се е про форма а ние сме викнати само за да на крај се направи тој извештај од селекцијата и да им биде процесот "легитимен". Ништо не ги кошта одма да пратат и негативен одговор ама мора да се глуми дека се прави селекција па затоа немаш никакво инфо 3-4 недели а тој што е веќе препорачан односно со врски вработен веќе е на обука.
Те прашав зашто велиш селекција се правела, а јас не верувам оти се прави зашто се вработуваат со врски секаде веќе. Еве и јас не би чекала еден месец за одговор. Една фирма каде што бев на разговор рече ќе ме извести за една недела. Ок. Јас чекам, чекам и и се јавив на таа по две недели, и замисли ми рече дека уште се одлучува, ќе ми се прејави. Шипак ми се прејави. Ќе беше коректно да каже дека избрале друг, па понатаму ете ако има пак оглас да се пријавам. Е вакви фирми ме одбиваат.
Maniac alert. Добро што си се спасила од фирмата. Подобро месеци да потрошиш во барање асална работа, него ли да те вработеле и со некој ваков да се расправаш. Да бевме нормална држава, овој досега некој од вработените ќе го пријавеше за сексуално вознемирување, и немаше да може до фирмата да се доближи, не па луѓе да вработува. Јас знам за случај каде газдата ги разгледува ЦВ-ата и инсистира во ЧР да ги викнат на интервју само тие што тој ќе ги избере т.е. ќе му се допаднат на слика. Машко вработено во фирмата јок, само мајсторот за поправки. Ова е све за на лечење бре.
Ако е remote позиција, ќе ми објасниш ли како ќе сетираат документација за пријавување во Аврм, особено ако не се регистрирани тука во МК за 24 часа? Баш ме интересира, бидејќи јас работам во Европа прилилно време (значи не зборувам за наши фирми) и да вработиш странец за 24 часа е како да кажам, немогуче. Ама ајде еве кажи ги кои се и како успеале, човек може сѐ да научи.
Па да, сега јас не гледам на гравче и не зборувам за сите фирми, ама тоа е горе-долу процесот во нормални компании, без разлика дали се големи или мали, некои работи не може да се збрзаат. За чекањето на крајот на денот секој ќе си одлучи дали сака или не сака да чека, а ако те викнат на интервју имаш опција да се изјасниш и да разјасниш колку можеш да чекаш, плус не е невообичаено да се праќаат follow up мејлови на фирмите за одговор, повторно, под претпоставка дека се саглам, возвраќаат.
Мене многу ми е језиво кога ќе ме прашаат кои ти се очекувањата за плата и нормално ќе им дадам општ одговор, па бараат сума да им кажеш и им кажувам реална сума што мислам и никогаш веќе не се јавуваат. Така ми се деси пред некое време и кажувам колку треба да биде и таа што ми го правеше интервјуто агресивно ми го шкртна ЦВ, така знаев дека луѓето сигурно се малку платени.
Кој рече пријавување и почеток за 24 часа? Прочитај повторно пишав дека од две фирми сум добила одговор-мејл наредниот ден од првата дека не сум прифатена за понатаму и втората дека ќе ми се јави менаџерот за второ интервју. Исто така претходно не кажав дека треба да почнам за 24 часа туку дека ќе чекам одговор за тој период дали се прекинува процесот тука (ако не ги исполнувам очекувањата) или дали одам на второ интервју т.е. продолжувам со процесот на селекција. Исчекување, неизвесност, неодговорност со неиспраќање на одлука каква и да не веќе не толерирам.
Не мора да значи дека ако има нон стоп огласи дека не се добри, некои со тоа си прават реклама не дека навистина бараат работници, имаат многу работа итн.
Може и да не те викне, а може и не бараат и веќе имаат вработен, ама пак пробуваат да најдат подобар кандидат за помалку пари и да го избркаат стариот. Нивно е како избираат кандидати, наше е да се претставиме како најдобар избор. И на прашањето за плата не се преценувајте премногу, одма следува негативен одговор. Јас кога бев на интервју кажав 350 евра колку и што нудеа, тоа не значи дека засекогаш ќе е толку. Да бирам пак би избрала каде брзо ќе наоредувам. Подобро слаб старт со брз развој, отколку нешто повисока и таму да останам и да нема шанси некој од повисоко да ти даде место.
Воопшто не се преценувам, верувај , но знам дека повеќето викаат на интервју ради реда, а веќе имаат одбрано. Епа не може зафрканција веќе. Ми кажува ќе ме извести до утре, задутре, за една недела било позитивно било негативно, а отпосле никаде ги нема. Тие не почитуваат кога некој одвоил време за да отиде на разговор, па и јас ќе барам одма одговор и ќе прашувам таму колкави ми се шансите да ме вработат.
Бев на интервју тука пред неколку години и ми ја понудија работата, но ги одбив. Некои работи беа клучни на крајот. Работната недела им почнува од недела што значи скоро никогаш нема да имаш викенд слободен (под викенд мислам сабота-недела како денови) Слободен ден мислам дека беше понеделник. За почеток нудат многу мала плата (минималец) за 3-4 месеци пробен период, па потоа согласно резултатите на работа можно е да покачат. И трето локацијата. Чучер Сандево мислам дека беше. За таква локација треба да имаат организиран автобуски превоз, сепак не е центар на градот