Пишувам општо за сите да не бараат поголема плата од огласот ако е наведена или просек плата во таа сфера. Исто и такви прашања колкави се шансите да ме вработите, кога ќе ми се јавите, дали се работи сабота, колку имам одмор и ред други не им се допаѓаат и од старт сте одбиени, тоа доволно кажува за вас дека и понатаму ќе ги добиваат истите и дека премногу сте опуштени со прашања. За плата, работни денови, одмор се преговара на крај. Исто и напаѓање на претходната фирма, колеги итн. Тоа дека не даваат одговор да непрофесионално, ама ако им оставиш впечаток ќе се јават за кратко, ама чим ги нема ништо од тоа. И јас мислев дека сум најдобар избор, нели диплома де имам се додека не почнав да применувам вакви одговори, им оставив добар впечаток со одговорите, а немав никакво искуство. Некои одоговори кажуваат повеќе од самото CV. Пробај да го смениш тоа. И со врски ако е вооошто и нема интервју со сите пријавени, одма кандидатот оди на интервју, барем кај нас.
Како кандидати да не прашувале дали се работи во Сабота и за колку ќе работат, бидејќи ова оставало негативен впечаток. Бидејќи е страшно навреме да ги знаеш елементарните работни услови. Ама компанија што вака си игра со огласите остава супер позитивен впечаток
Не си играат едниставно си најдоа кандидат и тоа е. Огласот се прекинува и добија искусен и веќе со научени стандарди на фирмата наместо некој нов. Ниедна друга фирма нема да продолжи со интервју на кандидати ако веќе најде интерно, да не се лажеме. Не е страшно да знаеш страшно е од старт да прашуваш, а со тоа се има друго мислење за кандидатите. Затоа што има такви кои гледаат само да се на работа, има пак други кои избираат затоа што се работи само прва смена, други пак дека има слободни викенди, некои пак дека имаат и службена кола итн. Имаше еден дојден на интервју и не знаеше за која позција има аплицирано, жена му аплицирала за него. Секој има право да избере, ама има фирми кои едоставно не сакаат такви кандидати кои предвреме уште не поминато прво интервју се распрашуваат за се и сешто иако во огласот е наведено се, затоа и ги одбиваат. Тоа им остава лош впечаток дека сте кандидат кој прво бара тоа што му одговара и е пријавен за тоа што го интересира, а не сте канидадат со потенцијал кој фирмата ќе го учи, развива и планира за подолго.
@Kataklinkers Ти понудиле, си одбила, па објавиле оглас. Се пријавиле многу кандидати. Потоа ти си се предомислила и си ја прифатила понудата, а некој залудно си го трошел времето да праќа CV и да оди на интервју, кога огласот бил ставен онака, додека ти се размислуваш уз кафе дали да, дали не И нормално е да прашаш кои се условите, секој предвреме ќе си знае дали му одговара или не. Исто така може сам ќе процени дали ќе го бива или не. Па сите ќе заштедат на време. И човечки е да се цениш, а не животот да си го даваш за туѓ бизнис, па да ќутиш ако се работи 24/7, само лош впечаток да не си оставил
Исто како што предвреме ние сакаме да знаеме така сакаат и газдите за нас да знаат. Фирмата има право да избере, приватна сопственост е. Тоа дали нас ни се допаѓа или не нив не ги интересира. Нивна цел е да земат тоа што им одговара. Да сум се предомислила и сигурно уз кафе не сум чекала да пуштат јавен оглас, па ај не јас сакам. Имаше и тогаш она зошто не ти, па ајде зошто да бараме друг, такви ствари, па имаш поддршка,.. Според нив сум имала предност пред сите, едноставно можеа и да ми кажат чекај нареден интерен оглас сега ќе земеме од надвор не те молиме еднаш не одби, зошто не сакаме да зафркнеме многу други. Никој не вика 24/7 да сте на работа, ама некогаш треба да се знае и што бараат и сакаат фирмите нормално ако ни е важна работата и сакаме да бидеме на едно место наместо да менуваме на краток период. Ако е за колку да се работи нешто и да се стои во место може да бирате и да поставувате услови. Од тој туѓ бизнис многу земаме пари, а и тие зависат од нас ако не сме ние нема и нив да им носиме профит. Ако не сакаме да почитуваме туѓи стандарди за работа и избор на вработени ќе си отвориме свој бизнис и ние ќе бираме вработени. Немој да мислиш дека иако почитувам стандарди не се ценам. Се ценам и си барам тоа што мислам дека заслужувам. Ама додека дојдеш до тоа ниво да почнеш да се цениш и да направиш да им изгледаш дека тешко можат да те заменат треба време.
Во право си. Еве кај нас имаше оглас. Се пријавиле кандидати, кој од кој поконфузен и не земаа ниту еден. Газдите и шефовите не сакаат луѓе кои премногу зборуваат на интервју. Дошла една кандидатка, па кога почнала да зборува, па какви сертификати има, па каде се била по странство и ја откачија оти толку многу квалификации, но дали ќе се снајде за работа, затоа што никаде не се задржала повеќе време.
Да се надоврзам на квалификациите на кандидатите, затоа што сум работела регрутација. Во големи компании, во принцип кандидатот си го бира одговорниот/менаџерот на одделот, а регрутерот е поддршка во процесот. Не значи дека не му се слуша мислењето, но последниот збор го има менаџерот, затоа што сепак тој и неговиот тим треба да работат со "новиот". Некои менаџери си бираат поскромни, потивки кандидати, некои сакаат екстроверти, некои сакаат кандидати со големо работно искуство без разлика на карактер, некои обратно, така што не можеме секогаш да генерализираме. Најбитно е, според мене, да се биде професионален на интервјуто, мада некогаш и регрутерот знае да биде уби боже и тотално да те извади од колосек со непристојни прашања.
Уф, какви ХР знаат да постојат, да те убие туѓа срамота. Јас сум за тоа дека сите информации треба да се кажуваат на почеток. Не за џабе е интервју за работа. Многу ме нервира кога информацијата за плата не ја кажуваат они како фирма, туку ти да мора да прашуваш и ако прашаш одма негативен впечаток ете овој/оваа само парите ги интересираат. ЕПА АКО НЕ БАРАМ РАБОТА ЗА ПОДОБРА ПЛАТА, ЗА ШТО ДА БАРАМ? Или пак на пример, прашуваш информација за плата и ти викаат ако влезеш во потесен круг тогаш се споделуваат тие информации. И што правиме ако некој влезе во потесен круг и после платата не му одговара? Тоа ти е залудно потрошено време они барајќи луѓе и на крај тие луѓе да ги одбијат. Многу смешен ХР сектор имаме кај нас. Ретки се оние кои знаат да направат вистинско, квалитетно интервју без глупави прашања од типот брачен статус/деца/живеалиште и сл.
Е да, има секакви регрутери , останати во времето дека само компанијата го бира кандидатот, а не и обратно. Забораваат дека денес по социјалните мрежи се споделуваат секакви информации, па откако ќе омаловажат куп кандидати се чудат зашто после тоа никој не им аплицира за позиција. Кажав дека имам искуство, па ајде да споделам мое искуство зошто не се кажува платата на интервјуто, бар во компаниите во кои сум работела . Се зависи какви кандидати ќе се пријават, со колкаво искуство позади себе. Компанијата си има буџет, ама некогаш ако се најде многу добар кандидат знаат и да отидат над буџетот. Некогаш има просечни кандидати, со нула искуство, ама ќе видиш во нив потенцијал, па се оди со помала почетна сума. Затоа и се прашува колкава плата бара кандидатот. Ако се каже многу многу повисока од планиран буџет нема ни да ве викнат на второ интервју. А за другите услови секако треба да се каже уште на прво интервју, мал историјат за фирмата, каков тип на договор се нуди, денови одмор, работно време, дали има приватно осигурување, бенифиции и слично. Гледам дека некои пишуваат дека се е наместено, верувајте во поголемите компании не е така. Никој од ЧР нема да ве викне и да губи пола саат саат доколку не гледа потенцијален кандидат во вас. Има и препораки, тоа е точно, но покрај препораката се викаат и останати селектирани кандидати и не секогаш препорачаниот го одбираат. Менаџерите си бараат квалитетни работници и не ги интересира кој ги препорачал. Пак ќе кажам, ова е од мое искуство во големи фирми, во помалите македонски не знам како е.
Овие прашања треба да се наведени уште во огласот за вработување. Покрај обврските на вработениот, обрски има и компанијата. Дали се работи сменски, колку фирмата планира одмор да им дава на вработените, дали се работат викенди/празници, колку се плаќа работното место (не мора точна цифра, ама некој од-до) и сето тоа е показател дека фирмата сериозно си бара кандидат и на таков прецизен оглас ќе аплицираат кандидати кои се навистина заинтересирани и условите им одговараат. Да кажеш дека на фирмата не ѝ одговара да прашуваш за одмор е исто како да кажеш на фирмата не ѝ прија што мора да ти дава плата секој месец, да не е Ујп ич не би ни тоа. Малце е нон сенс.
Во една фирма на интервју го прашав газдата колкава е платата и тој само преврте очи и ми рече "минималец". Епа кај таков и да ме моли не би работела, Боже пази сум прашала за плата ко да треба да работам без пари.
Епа затоа таквите "газди" се пишуваат по форумиве и тоа се места кои или ги избегнуваш или седиш таму ептен ако ти гори под нозе.
Па не би се согласила за тоа дека апликантот треба да каже посакувана плата. Еве некој кој реално заслужува да биде повисоко платен, ќе каже пониска сума само за да биде примен и после на него му е криво, а газдите презадоволни зашто нашле квалитетен човек за помала плата од планираната. Вака лично се имам зезнато неколку пати и никогаш повеќе. Сега ако би одела на интервју за работа би си побарала сума (не мора точна, отприлика) па нека има простор за договор согласно работните обврски.
Според процедура на компанија регрутерот мора да праша за плата. А за пониска плата најчесто оди вака. Имате отворена позиција за сметководител, буџетот е 40.000 денари, толку од прилика ви зимаат од одделот. Наоѓате соодветен кандидат, релевантно искуство, ок карактер. Го прашувате за плата, очекува 30 - 35.000 денари. Дали му давате 35.000? Не. Му нудите според буџет 40.000. Кандидатот ќе прифати, ем среќен, ем мотивиран. Што ќе се случи ако му дадете 30.000? Заштедувате 10.000 во моментот. После пар месеци вработениот дознава колку зимаат другите и се јавува незадоволство. За некој месец може да си замине, а таман сте го обучиле и пак барате кандидат, што значи дополнителен трошок. Најдобро е и регрутерот да биде транспарентен во однос на условите, а и кандидатите да си ги кажат условите кои им одговараат, али тоа више е утопија
Ова во идеални околности и во нормални фирми. Да не заборавиме дека регрутерот не ги воспоставува хр процесите, тоа значи дека не одлучува за природата на прашањата (техничките доаѓаат од конкретниот оддел, општите од регрутерот како посредник меѓу кандидатот и фирмата), значи регрутерот е онолку транспарентен колку што ќе му се дозволи. Пс. Прашањето за плата го нема во сите фирми, стана мода да се прашува за да се добие впечаток на слобода и избор, ама освен во ИТ, ептен ретко се случува да се надмине буџет или да се исполни желбата на кандидатот, па колку сака нека е квалификуван. Про форма е прашањево малтене.
значи според твојот муабет треба да молчиме и да климаме со главата. Треба топла вода да измислувам за да внимавам да не прашам нешто што ќе ги навреди и нема да им се допадне? Па подоцна да биде работата зошто не праша претходно, ние зошто ги правиме интервјуата? Инаку , некој што навистина има потреба од работник пушта веднаш оглас во аврм кој трае мах 3 месеци да пријави некого, а не чека мин 3 дена. Договорите за вработување ги имаат како шаблон, а уште помалку им ги составува адвокат за секој нов вработен.. Административни работи што траат мах 3 дена, а тие прават селекција по 3 месеци .. Кај нема работници па уште тераат филмови со долги селекции..