Истиот тој албанец е женет за македонка. Зошто мислите дека се фаворизираат ако се албанци? Јас сум во албанска фирма, па никој не ги фаворизира своите, ни пак мене другите албански фирми со кои соработуваме да ме фаборизираат затоа што газдата е албанец.
Едно е газда друго е исфрустрирано шефче што лечи комплекси и ќе ти каже не те разбирам. Збориме каде поголемиот дел се албанци и тука не владее хармонија. Не е сменет на исто место си е.
Некој знае каде да најдам добра работа во продавница за алишта? пратив цв во зара и страдивариус но нема одговор. Планирам да прашам во new yorker/. Предлог работа? За во Скопје прашувам Или некој мирен кафич мал предлоф
Мислам дека е подобро да идеш таму и дирекно да прашаш дали имаат потреба, можеш да си го носиш и испечатено CV то за секој случај ☺️ Среќно ♥️
Сакам да прашам . Сакам да направам промена на кариера/занает/работа од сегашната работа на 30 години мои Сакам да започнам со програмирање или компјутерски мрежи. Дали има друг избор освен плаќање/одење во академија како Бреинстер,Сивус,Семос академија ? Сакам да волонтирам и со пракса на лице место да се учам и стекнам струка. Сертификати секако по природен пат сакам покасно да го стекнам . Сакам од нула да почнам.Немам никакво познавање со програмирање или за компјутерски мрежи.Имам општо знаење како гејмер . Сакам од ново да почнам . Потребно ми се совети .
Дали работел некој во Чагатај Кабло во производство и какви искуства имате од таму? Исто така ме интересира дали некој има инфо каде проаѓа организираниот превоз на Nysk Holdings, односно низ кои населби? Фала ви
Дали би прифатиле пробен ден од осум часа, неплатен? Па потоа второ интервју за да се одлучи дали ќе те вработат. Јас се мислам, воопшто не сакам вакви работни места. Не знам што се замислуваат газдите, дека некој ќе тепа време и после што?
Да де, и мене ми е преку глава од искористување. Демек ако немаш работа оди си, па потоа ќе одлучат. Не сакам да прифаќам неплатени обуки, па повеќе интервјуа и слично.
Zdravo, kako mozam da kontaktiram, da se javam vo agencijata adeko, porano agencija partner se vikala?