Студент сум со стипендија, барам сезонска работа, но за да немам проблеми со стипендијата не сакам да ме пријават. Дали знаете такви работни места низ Скопје (кафичи, маркети...) каде може и да не те пријават?
Има многу кафичи што не пријавуваат, така на двеница. Јас како студентка одев во Quato во к.вода. Барај на реклама 5, пазар 3. Има таму такви огласи
Џонсон мети не препорачувам. Напорно, дишеш тије отрови цела смена, кршиш раце од делови кои фрчат на линија ко мравки. Трчаш цело време, панталони ќе ти се испотат а не маица. Не ти дава ни до вц да тркнеш ни вода да пијеш на брзина него кога, ќе ти рече е сега иди може! Ај на, работата и смени и ќе навинеш, се лета.. Али по стресна одвратна средина немам видено! Притисоци подметнувања лицемерие. Големо не!
Па јас комплетно те сфаќам зошто на пример ти е здосадено сегашново работно место и би сакала да смениш. Но како некој што работел од дома, морам да признаам дека малку идеализирано гледаш на работите. Воопшто не функционира така, и оставен е простор за злоупотреби. За мене најидеална опција е работа во канцеларија. Секако темава/форумов ми е повеќе за venting. Кој сака и мисли дека ќе може, слободно нека проба. А инаку да, ептен се пребирливи и јас го забележав тоа.
Ќе прашам нешто овде оти ова се случува веќе втор пат и не знам како да изреагирам. На LinkedIn имав аплицирано на едно работно место, веднаш ми одговорија во порака. Договоривме кој ден и во колку часот да биде интервју на телефон. Како и што очекував не се јавија, втор пат е ова и не сум изненадена. Вчера отворам профил и гледам од истата компанија прашање во порака, колкава плата очекуваш? Добро вака, тролаат, немаат евиденција на кој му се јавиле на кој не, или ова станува редовна појава. Не знам, зачудена сум.
Здраво дечки, постојано има огласи за диспечери за шпедитерски фирми кои работат за Уса пазар. Ме интересира ако имате да споделите било какво искуство односно дали легално работат тука фирмите, дали се редовни со плата и придонеси, колку е платата и слично.
Да, иако со помала веројатност, ама сепак може. Сопственичката (и воедно вработена) во маркетот ја имам на Инстаграм, делува фино и културно, не ја знам лично меѓутоа верувам дека е ОК особа.
Da,i ako veruvas uste do den denes ne sum vraboten,i ovie koi e javia 3 firmi intervju i tolku nikakov povraten odgovor.
Кога го прикачуваш c.v -то на брза апликација дали ти е наместено да ти потврди на мејл или на мобилен?