Не ми е океј да пишувам име (сега за сега), ама ме интересира некој што го работел ова, да ми каже како е. Дали се океј на интервју, ако влезеш по колку статии треба во тек на ден да пишуваш. Дали е нормална платата, оти ова се посетени страни. Колку одмор даваат, дали почитуваат викенди и се сите општочовечки права кои некогаш ни се ускратени.
https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/434540/Call-Center-Appointment-Setter/ Налетав на огласот и аплицирав вчера. Дали некој има искуство со фирмава? Првпат слушам за нив.
Вчера имаа вебинар, се приклучив. Треба да закажуваш состаноци и да прајш негде 100-300 повици дневно, но те плаќаат само ако успејш да му закажиш. Не се нафатив искрено
Ми треба совет. Требаше да одам на интервју во позната фирма во понеделникот, не ми беше добро, им пишав убаво што е работата и без проблем ми презакажаа за овој понеделник. Е сега чисто онака ме интересира, дали ќе помислат дека ете не сум добар кандидат за работа? Иако им кажав и бааѓи предвреме дека сум спречена.
Не би требало никако да афектира, поготово што си им кажала со време и објаснила зошто не си во можност да дојдеш тогаш. Затоа и ти презакажале. Со среќа
Не мора да значи, јас исто имав таква случка ми презакажаа интервју и после тоа и ја добив работтата. Искрено тешко се наоѓа работник со искуство за одредени позиции, ако им значиш и ако им вредиш ќе те почекаат и ќе одлучат. Вреден работник секогаш вреди да се чека.
Искуството некој да сподели со М- Кеш, какви им се условите за работа, некој што работел или бил на интервју?
Podaleku, kako sto znam vrabotenite gi menuvaat na sekoj mesec - dva. Rabota za dolgotrajno i sigurno ne e voopsto.
Се работи од понеделник до петок само втора смена, платата е солидна, за наши празници работат, за американски не работат. Ги менуваат ако клиентот не е задоволен од работникот, договорот и правните работи идат преку фирмата, но клиентот кажува дали се задоволни од квалитетот на работникот. Нормално може и самиот работник да си даде отказ.
Веќе некое време на Вработување.ком како оглас на неделата најгоре стоеше оглас за Account Manager од страна на работодавец Top Edu Centar. Првично ми се јавија со македонски број да ме известат за интервјуто, а денес имав интервју со една жена на Вибер со број од Турција. За оглас кој ветува толку многу, како работа со обезбеден лет и сместување, како и покриени трошоци за виза и работна дозвола, интервјуто беше прилично кратко и доста неинформативно. Обуката била платена 300 долари без разлика дали ќе поминеш или не, а потоа тие одредувале каде ќе те префрлат. Морам да напоменам дека само кажа дека државите биле во Европа, но не кажаа поточно кои. Се јавив на контакт бројот на вработување, и рекоа дека тоа била релативно нова фирма и немале никаква соработка до сега. Па бидејќи огласот на бараше нешто многу, само познавање на англиски и комуникациски способности бла бла, претпоставувам се јавиле повеќе луѓе и ме интерестира вашето мислење. Дали некој од вас исто имаше интервју со нив? Искрено малку ризично ми звучи На интернет нема буквално ништо за оваа фирма, освен огласот (кој мислам дека сеуште го има на страната).
Дали некој има искуство со Чагатај Кабло? Гледам имаат оглас само за прва смена, а такво нешто и ми треба..