Јас еднаш бев заинтересирана имаше понуда за во детско село хонорарно 4 h на ден за 6000 денари, за ова сега баш ме заинтересира колку ќе е платено
Знам, сум работела и трета, и викенди и празници. И ако си работела и ти, мислам ќе сфатиш што зборувам. Не е нормално бидејќи не е платено и државата не ни е развиена како другиве држави. Зошто ако толку се чукаат по гради, не објават ПЛАТА. Кој би работел на долг рок за без пари.?
Сум работела ноќни, празник и делник кога сум немала пари, за 16000ден. Не сум седела дома да чекам од моите или како сега секој втор ‘не му одам да му работам за ххх плата’, а квалификации нема ни за во трафика. Не е ни важно, не викам дека е ок да работиш за мала плата затоа кој сака нека проба. Не може од детско село да очекувате 1000 евра плата. Има луѓе кои волонтираат во разно разни организации, деца што трчаат за донации во Црвен крст, ќе се намали на скролање на инста и ќе се најде време некаде да се помогне. Размислете само кои плати ги имаат луѓето во фабрики, полицијата и слични професии со ноќна работа, па размислете колку може оваа организација да понуди, а зависи целосно од добрата волја на фирмите и луѓето.
Леле ве читам за мочањево и не можам да не искоментирам. Прво, не значи дека ако често мокриш, имаш здравствен проблем, исто како што некои мократ доста поретко. Еве и јас одам често, имам направено сто уринокултури, отидено на уролог, ехо уредно, се океј. А и во граници на нормала е да одиш 8-10 пати во еден ден а ние најголемиот дел од денот го поминуваме на работа, а другиот го спиеме така што... Имам пишувано и порано за ова мислам, на работа за ова никогаш ништо не ми спомнале, а ако ми спомнат дека не смеам да извршувам основна физиолошка потреба, едноставно мене од утре веќе ме нема на таа работа. Зошто јас не планирам да си расипувам бешика и бубрези за цел живот зошто некој си шеф таму не ми дал да одам во вц. И колку време одзема мочање жити се, 2 минути? Ај ако браниме мочање, тогаш па да не збориме за какање, дозволено еднаш у неделата, на тајмер да не треба да ни бројат ако не дај боже те фати некоја серка од 10 минути. Знам дека е гаден муабетов, ама и мене ми се гади од фирми шо не ти даваат да одиш по нужда, да си напуниш чаша вода што е 2 секунди и да јадеш за не дај боже ако ти се слоши. И фала богу, не да ги карам само фирмите, се со усул, не да идеш со телефонот во раце и да скролаш 15 минути на шоља, и не да јадеш и да гледаш саат време видеа успат.
Огласиве се вртат више година дена, отидов еднаш и ми кажаа 1 недела (или две, не се сеќавам, ама мислам дека беше 2) неплатена обука секој ден по 4 или 6 часа, а ја аплицирав за една позиција и после дознав дека под таа една позиција треба да имаш квалификации и за 2-3 други различни. Абе бегај, лол.
А во СОС мислите дека некој ќе влезе преку оглас? Зборам за вработување. Јас не верувам. Во приватни фирми за минималец треба да имаш некој да те препорача, а не, пак, овде.
У фирма за канабис работев пред 2 год, додека излезам од погон два пати мантил соблакање, па пак преоблакање бар пола саат ќе одземаше да одевме до вц. Затоа на пауза после 4 саата. Е сеа некоаш паузите беа после 5, 5 и пол, еднаш 6 саата се фатија и не се издржуваше повеќе. Супер плата за инженер беше, ама кое фајде кога немаш кога да јадеш, вц, ослабев за месец и пол 4 кила Тешко губење време реално
Дали некој има искуство, или барем да има аплицирано или планира да аплицира? Огласот е достапен на аплицирај.мк таму има меил каде што може да пратите.
Од овде постојано бегаат луѓе...и платата им е ,,онака,, ако знаете германски има многу подобри опции...Познавам луѓе кои биле таму не се фалат воопшто. Ако сакаш пиши ПП можам да ти пуштам линк ако сакаш во друга компанија која е да кажам далеку по ок и плата со германски е ок за мк услови.
Со германски јазик моментално најмногу се заработува имаше една грчка 1200 евра почента плата додека овие останати даваат 50.000 + многу бонуси.
Дали некој има искуство со КФЦ - Маркетинг асистент/специјалист преку академијава што ја завршив добив понуда во KFC за маркетинг некој доколку знае инфо за плата и сл да ми сподели.
Кфц е синџир за брза храна. Каква црна политика жити се Коректни се како работодавач, плата на време Која академија ја заврши ако не е тајна? Мислам преку која школа?
Никој не забранува одење во ВЦ, значи само во ВЦ за физиолошка потреба, туку дека некои сигурно го имаат злоупотребено тоа со одење и на цигара, кафе, зборување на мобилен, седење во гардероба итн и поради тие други ќе имаат рестрикции. Од 8 часа работно време, пола саат пауза, па на секој саат одење во ВЦ по 5 минути е плус 40 минути одземено од работното време. Некои не го толерираат тоа. Затоа и баш поради тоа избрав работа во која не си затворен во една просторија без природна светлина, комуницираш со кој сакаш, кога сакаш јадеш, пиеш, зборуваш на телефон, ама работата на крај на месец да е завршена како што тие испланирале.
К Брејнстер. Со плата како се? Бидејќи тука пред интервјуто не ти кажуваат плата имаш бесплатно оброк и попусти.