Во претходната фирма ни ја дадоа стандардната пауза од 30 минути која може да ја искористиме одеднаш или во делчиња, а ние за да излеземе од просторијата (канцеларијата) требаше да се куцнеме за да одиме до ВЦ или до кујната. Они константо гледаа и ти мереа време колку минути си користел и за да јадеш, за да мочаш итн. Јас постојано добивав опомени зошто постојано излегував да одам до ВЦ кога имав добиено за да видам, дали протекло, дали да сменам улошка. И верувам дека на секој би му било непријатно да седи 5 саати со несменета улошка.
За тие (корпоративните, внатре во фирма а не ресторански) позиции не знам со плата како се, за тие по рестораните се нешто над минималец, плус недела итн.. Мораат да ти кажат кога ќе одиш на интервју.
https://iportal.mk/makedonija/carin...roverete-dali-go-ispolnuvate-posebniot-uslov/ Значи ми се гади од вакви огласи. Ајде што апла се знае дека е партиски, но самиот оглас е составен од неписмени, плус за лектор и јазичен редактор треба да имаш завршено Филолошки факултет, отсек македонски јазик и положена лекторска лиценца. А не во образование пишувале нешто несоодветно, Правен факултет Страшно.
Дали се пријави ? Барав но ништо нигде не најдов за фирмава... Па баш заради тоа шо се примени ич не им е гајле како ќе го скацкаат огласот а и може така е примен со правен фах ...
Дали има некој искуство со Фемина форум, имаат оглас за новинари, најважно ми е дали е работата онлајн или не. Благодарам
imam komentirano vo delot Prevarantski firmi-kade da ne se vrabotime.Eve i tuka ke ti kazam.GOLEMO NE..Ako sakas da si gi izgubis vremeto i nervite odi.Ne znam kolku gi pratis oglasite na vrabotuvanje.mk,da vidis deka non-stop baraat operatori.Pocnuvajki od prostoriite,a PRED SE ULAVITE I SAMOBENDISANI T.N GAZDI..Se samo tie znaat,se samo tie se najpametni a nie sme teski mrzlivci i nepismeni normalno.Nisto ne razbirame.Nudat t.n prirodni proizvodi a se so ton seker vnatre.Site onie koi bea pred mene dodina,2 i povekje si otidoa,otkako po eden mesec prva potegnav za beganje od tamu.Sekojdnevna tortura,navredi i ponizuvanja nikoj normalen ne bi trpel.Navodna obuka a samo za niv ti se zbori..i samo pari pari i pari.3000-4000 evra minumum treba da pravis vo mesecot.Na ovaa besparica.A plus i narod da lazes i da go manipuliras.Deka proizvodite se zdravi i prirodni.Pazi molim te..T.n eskstrakt od crno godji beri(so 5 kg seker vo nego)moze rak da izleci..vo 3 ili kraen stadium..e do tolku se otideni so umot.Ova ti e licno iskustvo od mene.
Контакт - центар ти е тоа. Треба да ти фати устата пена. Плус таа фирма има постојано огласи, тоа е знак да не аплицираш таму, а камоли да работиш.
Да ти кажам искрено, кога и да се спомне конкретната фирма на форумов одма има реакции. Јас кога дојдов овде, а дојдов стриктно за оваа тема, многу страни назад исчитав мислења и тоа што го прочитав ме шокираше. Ако е вистина, а еве мислам дека е, не знам ни како издржале година таму. Инаку и јас, сум работела и од канцеларија и од дома, никој-никогаш не ми рекол ни мене, ни на колега, не оди во вц. Дури не се ни дискутирало тоа, пијаш вода, кафе, до тебе на биро кога сакаш/имаш потреба. Другите паузи си ги почитуваш така како што се. А за нехуманите коментари, се фрапирав ама решив да не одговарам.
Срцка, напротив. Се што имаме искусено позитивно или негативно треба да го пишиме. А, не она маЌедонското, ќути си, трпи и не раскажувај наоколу.
Виде до кај дојдоа со одењето вц? Мислам дека виде. Не можеш со секого да се расправаш, трошиш време (бадиела). Со пишување на фемина ништо не подобруваме, само си ги фрламе фрустрациите. Треба држава да се заинтересира, да поиграат инспекции. Ние овде само кажуваме, се бодриме или караме. Ама за жал, ништо не менуваме срцка, не сме способни.
New Аge биле многу дрски, канцелариите им се во Аеродром. Natura Therapy им вртеле на постари луѓе и ги прашувале какви болести имале за да им продадат производ. Ако клиентот се откажал од продажбата тогаш нема да го добиеш бонусот или ќе треба да ги вратиш парите, ако веќе ти легнале. Ова е сé што ми кажувале други луѓе што работат/работеле таму.
Сум ги видела на Фејзбук имаат доста убави канцеларии не нешто WOW ама солдини . За работа таму не знам ако знае некој и мене ме интересира?