Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.443
    Допаѓања:
    38.457
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам (а прашањето го поставив и на друга тема, се извинувам ако ја згрешив), во кои весници излегуваат официјално огласите за вработување во образование? Секој ден купувам вечер и следам на најди работа, но до сега нема за во мојот град а имам сознание дека се отворени места во некои училишта. Ве молам за одговор ако знаете.
     
  2. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Огласите за вработување во образованието излегуваат во декември, за веќе пополнети места :( Огласите се чиста формалност. А испразнетите места сега се пополнуваат партиски, така да најдобро да си прашаш во партијата што е на власт во твојот град ;) Со среќа
     
    На LaDyDoLl, tessie, a.c.k.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EmGreen

    EmGreen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    189
    Луѓенца, да ве прашам нешто,

    Во повеќето огласи стои "се бара познавање на англиски јазик", а ретко каде е напишано да се достави доказ за познавање на истиот. Ме интересира, ви се случило дополнително да ви побараат? Особено на огласите за вработување во државна администрација. Што ако знам јазик, кога немам никаква потврда :?:
    Ме интересираше чисто дали усно ве потпрашуваат нешто или мора потврда?
     
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    За државна администрација бараат потврда речеси на секој оглас , ама секако е со врски така да :D
    А приватните кој како ..
     
    На EmGreen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
  6. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.893
    Допаѓања:
    7.626
    Пол:
    Женски
    За потребите на новоотворениот локал во ТЦ Бисер, Оптика Ицо има потреба од оптичар за продажба на очила. Работата е во смени, од понеделник до сабота, вкупно неделно работни часови:40.
    Потребни квалификации:
    - завршено минимум средно хемиско (оптичар)
    -возраст 20-40год.
    -пол: машко/женско
    -комуникативна, ведра и флексибилна личност
    -доверлива и одговорна, љубезна, насмеана и услужлива личност
    -одлични комуникациски способности
    -способност за работа со клиенти
    -способност за работа во динамична средина и работа под притисок
    -способност за работа во група и стресни ситуации
    -подготвеност за учење и професионално развивање
    -одлично познавање на македонски јазик, познавање на други јазици е предност
    -претходно работно искуство ќе се смета за предност
    Сите заинтересирани да испратат CV со фотографија на ico-optika@hotmail.com најдоцна до 7.09.2013год.
     
  7. tea-nova

    tea-nova Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    11
    Дали кога аплицираш за работа преку интернет за државен службеник треба да добиеш повратна порака дека си аплицирал?Како да знам дека успешно сум пријавена?аплицирав на еден оглас-ми прикажа успешно се пријавивте,но не добив маил за потврда?и втор пат пробав исто пак.
     
  8. alek19

    alek19 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Има ли некој искуство со работа во Младинска книга, има огласи за вработување ама не е баш дефинирана работата?
     
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    јас пробав пред некоја година, а работата се состои во одење по фирми и луге и нудење на книгите кои се навистина скапи, па ретко дека ке купи некој, јас искрено одма се откажав. ако си таков човек ке успееш ;) ете тоа е работата :)
     
  10. ivko

    ivko Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Многу луѓе пробуваат да најдат работа со регистрирање на оглас на сајт како што е Пазар3 бидејќи има многу постеност и така им се поголеми шансите.
     
  11. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Девојки има ли некој искуство со Тинекс Космо дрогериите ??? Гледам бараат продавачки и сакам да аплицирам за работа ама не знам кои се условите таму како се работи колку се платени тоа ми е најбитно пред се. Ако некој знае ве молам кажете.
    Благодарам :)
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    мислам дека во космо ти е петка нема што да се двоумиш мислам дека и не се млади парите не би требало испод 15.000
     
  13. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    Bepo Be вработува

    Оглас за вработување
    За потребите на Веро Супермаркетите во Скопје потребен е:

    - Персонал за продажба во маркет
    - Персонал за работа во магацин
    - Персонал за техничко одржување
    - Персонал за обезбедување(потребна е лиценца за работа)

    Сите заинтересирани кандидати да достават молба со кратка биографија Веро центар во супермаркетот Веро или на п.фах 384,1000 Скопје со назнака за вработување .

    Потребни квалификации:

    - Минимум ССП
    - Комуникативна, динамична и ведра личност
    - Познавање на Англиски јазик (ќе се смета како предност)
    - Возраст помеѓу 20-40 години

    И сега имам едно прашање- дали знаете како се движат платите за некои од работниве места?
     
  14. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^ Продавачка на каса во Веро зема 6,800 денари месечно.
     
  15. SaskaQueen

    SaskaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    10
    :o гнаси
    А таа е најниската плата во Веро? Тоа техничко уредување, нешто магацини, такви работи, знаеш?
     
  16. DulceChiquita

    DulceChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    300
    Пол:
    Женски
    Моја пријателка работи во Космо, платите им се секој месец различни, зависи од прометот. Али најчесто зима 11 000...
     
  17. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    ^ Каде да го најдам огласот за Космо?
     
  18. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    905
    Еве го
    http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/trgovski-rabotnici---farmacevti/7836
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Во космо во последно време им избегаа доста вработени, баш заради условите кои биле многу сменети. Затоа и бараат продавачки. Се работи секој ден, празници,само во некои маркети не се работи во недела, чудни принципи имаат, слободен ден само ако си чуваш од одмор, не смее да се седне, не смее да се излезе на цигара. Ова е накратко што знам, да не испадне јас кажувам нешто сега, демек нечини.
    Него некој да знае некаде ако се бара кафекуварка, она информациски пулт, некое си така понормално работиче?
     
  20. Wiliams

    Wiliams Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    12
    Добро а што е со дрогериите на ДМ исте се и тие ко Космо или имаа подобри услови кон вработените и платите слични им се? Сакам да знам како стојат работите па ако некој има информации пишете. Фала ви девојки :)