Се прашувам и јас за ова, јас си толкувам дека е некоја пост-пандемиска економска криза, не дека претходно цветаше. Ама не знам дали сум во право. А и многу бизниси се затворија, а тие што отпуштија дел вработени, на тие што останаа им зголемија работни обврски. Ова е претпоставка.
Лани имаше многу повеќе. Сега нема посебно маркетинг и човечки ресурси многу многу слабо има цела година додека лани се бараше и бараше.
Што е работата со фирмата Инбокс во Општина Илинден, знае некој? Имаат често огласи за архивар, до толку ли не можат да најдат? Или си играат мајтап со луѓето, да праќаат CV, а да немаат никаков повратен одговор. Навистина преку глава да ти дојде, да не може човек да верува дека постои реален оглас.
Јас бев на пракса во Инбокс пред 3 години. Плата 15.000, платен превоз со комбе. По крај на пракса само фала и толку. Не знам како е сега, но што имам слушнато од познати било хаос.
Srcka otidov i vo Natura Therapy.Mnogu sakav da rabotam tamu..Mi se ispolni zelbata..NO...Osven onie sto se tamu so godini..site drugi za brzo begaat..Non stop negativna atmosfera,oci ke si izvadat za klientite.Imas slucaj kade klientot so godini ne zemal nisto..mu se javuvas ti..si praite muabet sto e,kako e so zdravjeto i normalno ti mu preporacuvas nesto.Se soglasuva i mu pravis naracka..Za vo rok od 5 min da ti se sipe nekoja kako zmija Kako si mu go zemal klientot.A plus sto ne si prijavena..samo ke zimas nekoj procent.Mesecov ke napravis ti pr.300000 den..ama ti storniraat naracki..kolku pati mi se slucilo i druga da prati naracka vo isto vreme so mene pa mojata se vrakjala..bidejki nekoj drug urgiral za milenickata da napravi pogolem target.I normalno da zeme pogolem bonus i plus fiksnata plata.A ti kini si nervi.I raboti za 13-14.000..Posledniot mesec naracki od 5000,6000 mi bea stornirani i davani na drug..Im ostaviv se i si izlegov.Taka da ako sakas da apliciras so srekja.I da imas pogolema srekja od mene.
Некои скратија, некои нон стоп објавуваат огласи посебно маркетите имаат недостаток на вработени. Кај нас пример се намалуваат, конкретно веќе нема да се работи со мали маркети, туку само со поголеми. Нема потреба од нови вработени. Верувам дека и кај други е така. Се крати на плати, а подобро квалитет отколку квантитет. Кај нас платата е покачена за 200 евра од пандемијата наваму.
Не е секој во можност да работи трета смена, особено со мали деца. Катастрофа е со барање работа. Нема ништо асално, си се примаат со врски.
Законски е доколку децата ти имаат до 3години да одиш 1ва и 2ра смена, трета несмееш. Во зонскиве фирми тоа се практикува. Има огласи кај што примаат и администрација (побарај на вработување). ,,Умре'' тоа време со врски..моментално секаде има недостаток на работен кадар, доколку бара некој работа знам дека ќе биде примен веднаш. Најважно е никогаш да не се двоумите каде да аплицирате и за што ќе аплицирате.
Како умре тоа време? Сега без врски многу е тешко за убаво работно место. Знаеш колку пати имам аплицирано за административец во Зоната и во Нелт, Нелт и за декларант. Никогаш не ме повикале на интервју. Врските и те како се потребни. Во Зоната во администрација ретко кој напушта, си го држи местото.
Јас имам работено во тие фирми и никогаш врски не ми побарале, ниту сум слушнала дека треба (освен директорска и највисоките менаџерски позиции, а тоа не се повеќе од 10 места). Кандидати има многу, не е еден избор, и тврдам дека сите што аплицираат се многу квалификувани, делот администрација. Врски знам само за Алкалоид конкретно дека за убавите позиции бараат. Едноставно треба да се надоградува човек, тешко е и тешко се склопуваат коцките ама еднаш ако успее понатаму ќе биде полесно.
Душо, јас немам потреба да лажам. Еве јас имам аплицирано и не ме побарале. Исто за Нелт, за декларант двапати праќав CV, ништо. Барам нешто посоодветно, тешко оди. Читам и во темава дека многу не можат да најдат работа. За Алкалоид знам дека треба врски, но и во други приватни фирми веќе тешко е да најдеш. За Телеком во контакт центар тешко ќе се вработиш, што остана за други.
Аплицирај постојано, апликации има многу и не секогаш се стигнува се да биде завршено, уз тоа има и многу обврски а по фабриките нема регрутери туку исклучиво човечки ресурси кои работат повеќе позиции. Ако не друго, барем ќе иницираш повратен одговор ако станеш “досадна” дека не си влегла во потесен избор. Ако не си вработена, почекај ги обуките од МОН и Семос, траат една година меѓутоа полесно е да се најде работа, треба учење ама барем ќе се насочиш на конкретни фирми и позиции.
Во Нелт и слични фирми не се ни надевај огласот мора да го објават а си ставаат на позиција нивни вработени.
Моментално не сум, претходно работев во ок фирма, но ми беше далеку и напорно со две деца и морав да напуштам. Не ми се брза сега толку, но сакам да кажам дека е многу тешко, барем од моја гледна точка. Аман бе. И за декларант толку е тешко да се влезе?
Moze malku poveke da mi kazes za kakvi obuki stanuva zbor? Mora da se vodis vo trudot kako nevraboten? Izvini sto se nadovrzav na muabetot.
Братучед мој беше примен без врски и без искуство. И Нелт не е тоа што беа, даваат мали плати за мерчендајзери, околу 24.000-27.000 и затоа и примаат без врски. Сите фирми кои се занимаваат со дистрибуција имаат потреба од вработени на ваква позиција, не можат да најдат затоа што има работа, а сите веднаш сакаат да бидат комерцијалисти со голема плата, а не да почнат од почеток.
Од тоа што гледам бидејки сум во таа бранша,кога има вработување во дирекција прво бираат од внатрешните. Членката не прашуваше за марчедајзер или комерцијалиста.