@Black girl Направи си профил на LinkedIn ако немаш и таму аднувај луѓе, се вртат огласи стално, ќе ти стигаат известувања, можеш и во странска фирма да се вработиш. Мене барем еднаш месечно ми стигаат и понуди за работа во инбокс, мислам таму побрзо ќе најдеш нешто отколку да бараш по огласи.
Decki zdravo dali ima nekoj iskustvo so Ekspanda Doel gledam mnogu cesto pocnaa da stavaat oglasi,dali imate nekoja informaciija
Како ги погоди фирмиве, овие одлично ги плаќаат комерцијалистите, па по некоја логика и мерчендајзерите би требало да се добро платени
Што му значи тоа на вработениот, дека просечната плата е 50.000? Едно големо ништо. Операторите се осигурани на минималец, да беше 35.000 почетна немаше да плачат за оператори.
Министерството за образование и наука објавува Интерен оглас за унапредување на 4 (четири) административни службеници за следните работни места: 1. УПР0101Б02000, Раководител на сектор за учебници и педагошко советување во Педагошка служба - 1 извршител Посебни услови: - ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки, економски науки или психологија - најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор, односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор Општи работни компетенции на напредно ниво: - учење и развој; - комуникација; - остварување резултати; - работење со други/тимска работа; - стратешка свест; - ориентираност кон странките/засегнати страни; - раководење и - финансиско управување. Посебни работни компетенции: - активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), - активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење - положен испит за административно управување Распоред на работното време: Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок Платата за работното место е во паричен нето износ од 40.215,00 денари. Виш соработник за билатерална соработка во Oдделение за меѓународна соработка во образованието и науката во Сектор за меѓународна соработка - 1 извршител Посебни услови: -ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, општествени науки - образование или други општествени науки (јавна управа и администрација) -најмалку две години работно искуство во струката Општи работни компетенции на средно ниво: -решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг; -учење и развој; -комуникација; -остварување резултати; -работење со други/тимска работа; -стратешка свест; -ориентираност кон клиенти/засегнати страни и -финансиско управување Посебни работни компетенции: -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија(англиски, француски, германски), -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење Распоред на работното време: Дневното и неделното работно време е од 7:30/8:30 часот до 15:30/16:30 часот, од понеделник до петок Платата за работното место е во паричен нето износ од 25.567,00 денари. 4. пополнета пријаваи докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Министерството за образование и наука до Одделението за управување со човечки ресурси и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси coveckiresursi@mon.gov.mk. Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази -потвдри за успешно реализирани обуки и/или -потврди за успешно реализирано менторство Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавување на web страницата на Министерството за образование и наука. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава нема да биде разгледана. Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот.
Толку е почетна во Кромберт 35.000 баш видов на огласи нови плати. И Стокомак 33.000 просечна.Платите се израмнија ....... На ниво што е смешно Толку со магистерска зимаат 33.000 а ги зима истите продавачка у Стокомак и Кам.
Ама просечната плата не е таа што легнува на сметка на операторот. Без разлика на образованието...ако магационерот/електричарот со средно земаат 37.000 а операторот на линија исто така со средно 24.000 што фајде што просечната плата е 30.000? Не гледам проблем продавачките да земаат 500 евра плата. Во продавници се работи секој ден, секој викенд, во некои градови и секоја недела и државни празници се работни. За истата плата магистрите работат само од пон-петок, одмараат секој викенд и празници. Фер, нели? Не знам што е смешно навистина, тоа што некој со пот се мачи да крева тешко, да работи со пари и да трпи секакви карактери за 500 евра. Wow. Навистина е смешно да си работник во нашатаземја.
Bev vo Kromberg na intervju vo Ilinden .... Za na linija 29 000 početna so hrana i prevoz ...da kažeme 500 evra ... Prifatlivo zar ne...Odi bubaj fakultet u promaseni 5 godini bez garancija za sigurno vrabotuvanje... A Tuka za 5 godini ke namlatis po 500 evra sekoj mesec haha..
Дали имате некое искуство како продажен асистент за iqos електронскиве цигари? Дали сте слушнале како е
Fala ti sto odvoi vreme tolku da mi objasnis ❤️ Bev pred nekoj den vo slicna firma, zelbata mi se ostvari mi izgledase kako sovrsena rabota. EDVAJ izdrzav eden den. Kolnenje, pcuenje po slusalka.. Sve nastroeni na kavgi.. Od 50 dusi samo dvajca normalen muabet napravija drugite bea sto da ti kazam. I vikaat ehee uste sto ne ke se iznaslusas.. Svaka cast na tie sto mozat da ja rabotat taa rabota, jas takvo ponizavanje, takvo vregjanje, kolnenje ne bi mozela da trpam ni da mi dadat 2000e zagarantirana plata. Odamna sakav vo takvi call centri da rabotam, probav se izgorev i sega koga ke vidam na oglas call centar kosa mi se kreva. Call centar NIKAD vise.
Prva vtora treta po Edna nedela.... Mala fabrika mal kapacitet milina ... za 30 000 ima da si svirkas sekoj den haha
Sakas da kažeš deka megju kolegite ima kavgi postojano .... Imaš vregjanje i ostanato use na prva den?
Да да, мисли си дека ќе свиркаш, има да си рмбаш итоа како. А и мала е платата за 3 смена по цела недела.
Кога не си информиран не коментирај, платата во Кромберт е 29.000 почетна+ тие додатоци просекот е 35.000 значи секој работник зима околу 34-35 илјади почетна плата месечно . Во Кам и Стокомак никој не ги потценува вработените само зимаат иста плата 35.000 како некој што учел економски факултет 5 години пример сметководител кој работи цело време со бројки и сл .Се израмнија платите порано не беше така,сега за тие позиции без факс можеш да заработуваш директорска плата ПРИМЕР: Тим Лидер во Кромберт малку повисока позиција од Оператор е околу 45.000-50.000 и тн без никакво образование дури и со основно има тим лидери.