Ima i ljubomora megju kolegite koj poveke ke napravi se jadat megju sebe a vregjanje preku slusalka imas po cel den
Jas pisav pogore za istata firma,i doznav od drugarka na bratucedka mi rabotela tamu do pred 3 meseci,deka ne bilo ok koleskite mnogu mestele pred menadzerot i koga doagjaat novi devojcinja ne gi stavale da rabotat za praznik i vo nedela poradi toa sto tie denovi poveke se plateni,celovkupna slika mi kaza deka ne e zadovolna ic i napustila od tamu i za toa mnogu chesto pocnaa oglasi da pustaat za vrabotuvanje mnogu lugje napustaat
Само што ги потцена сите што работат по продавници. Секоја работа има своја тежина, ама ти според разговоров ја немаш почувствувано тежината на работење секој викенд/државен/верски празник. Работниците што работат на овој начин се малку платени. А 500 евра се ништо во споредба со жртвата што ја прави работникот на сметка на семејството и приватниот живот. Не вади се, во ред е, сфативме дека ги фаворизираш Кромберт од персонални причини веројатно, но фабрики што постојано плачат за вработени имаат голем проблем, а тоа фала Богу го знае пола Македонија, пошто нели, малку народ сме. Сметководител не работи редовни трети смени, кога веќе ја спомна конкретната професија. Директорска плата во Македонија добиваат луѓе и без никакво образование, или со основно, само со партиска книшка. И такви што не ни одат на работа. Као проблем е што продавачката зема иста плата со сметководителот, ама ова другово да го премолчиме не е. Тоа се тие вредности. И треба да знаеш дека и во продавници работат луѓе со факултетско образование. За минималец. Така што муабетот не ти држи вода ама ич.
Па јас познавам луѓе со Економски, Правен, Медицина, па дури и со мастер што работат во маркет? И шо праиме сега на оваа споредба? Јас сум 30 год и имам над 10 год раб искуство и стаж, и со факултет и без факултетот претходно, се сум работела! Факултетот не ти го менува степенот на знаење, снаодливост и сл. Ако си добар во нешто ќе бидеш добар секако, факултетот е само плус лично за себеси и ништо повеќе, денеска секој идиот купува диплома и се води "со факултет". Мајка ми е со средно, јас со фах, едно време земаше повеќе плата од мене. Нема тука правила, и факултетот не ти е мерило за ништо денес, ниту пак за плата.
Grujo e kriv so bukvalno Gi poeba mozocite na site uste od negovoto vreme koga otvori disperzirani studii nasekade kade bukvalno ne ti trebase nisto osven da bides redoven i deka Eden den ke se falis so diplomata (poznavam Eden kup takvi glupaci) ne znaat 2+2 kolku se Ama bitno Diploma od strizipicino imaat hahah
Сакам да прашам зошто Неуромедика бара Маркетинг секоја недела дали до толку е лоша фирмата? Овој оглас на памет го знам веќе .
Dali imate informacija dali ke se otvaraat novi firmi stranski sto ke baraat marketing,hr, managment, i sl?
Треба да биде, ама сите да си ги добијат заслужено оценките и дипломите. А не поради тоа што е задолжително некои ни за 2ка немаат знаење, изостаноци оправдани и неоправдани еден куп и таквите на крај земаат диплома, добиваат дури и поголеми оценки незаслужени, зашто малку им биле незаслужените 2ки. Па после благодарение на купената диплома за средно, имаат можност да се стекнат и со незаслужени купени факултетски дипломи... Додека не беше задолжително средното образование, никогаш немало толку многу како сега академски граѓани.
Здраво, дали дознавте услови за оваа фирма? Имаат оглас за во Скопје а веќе еднаш аплицирав па сакам да знам. Благодарам Поздрав
Видов дека две членки веќе прашувале од кои едната е во 2018/2017. Јас еднаш пратив ама не се јавија и сеа се мислам да не им е само про форма. Па ако некој имал контакт со нив нека пише.
Речиси сите подобри фирми стават огласи за реклама, а си имаат примено кандидати. Јас не се надевам веќе на работа преку оглас.
Не е точно, не се откажувај, јас се имам вработено замисли преку avrm го видов огласот, аплицирај ќе успее еден ден сигурна сум
Како да не се разочарувам кога на 50 интервјуа сум била, сум прифаќала и помала плата за почеток и немало ни п од повратен одговор отпосле. Само еднаш се вработив преку оглас, и тоа работев и прекувремено и ќутев и се, по две години ми скурчи и дадов отказ. Во мојата општина има многу огласи, праќам CV, никој не ме повика на работа. Не верувам во ниеден оглас повеќе.
Не знам колку години имаш, на почетокот кога завршив фах и јас сигурно на исто толку интервјуа бев но без работно искуство, идев и на пракса, и без пари работев само колку да добијам на искуство и да наведам во CV. Сега барем си со искуство, тоа го ценат највеќе работодавците, дополни во резимето, аплицирај, големо влијание имаат и пријателите и кругот во кој се движиш, спомни им дека бараш работа да те имат во предвит, ќе те препорачаат, најбитно да не се откажуваш.