Ова го пишав еднаш, ама оти знам дека се чита форумов, ај уште еднаш. ДО КОГА ПЛАНИРААТ СО ЛАЖНИ ОГЛАСИ, КОЈА Е ЦЕЛТА И КАДЕ ДА БИДАТ ПРИЈАВЕНИ. Од ништо не се плашат, на овие будали ништо не им е свето. Туѓите деца за нив не се човечки суштества и можат слободно да паднат во замка, оти нема кој да ги заштити. Аман, да почниме да пријавуваме.
Ова е лажен оглас вработени нема, сајт нема , а демек канцеларии има низ Европа и Австралија на гугл ништо нема некоја лажна Адреса.
Точно, зошто тогаш вакви будали да имаат наши лични информации. Еве ти си проверила, некои кутрите можи и немаат време да проверат. Не знам, ова ми е најгрдата тема за размислување.
Да Собираат CV-a и после јас се чудам од кај ме нашле мене да ми продаваат производи на телефон па со име и презиме и адреса ме знаат ....
Ima na instagram objaveno oglasi od Postman posta .... ko so gledam od Kosovo e i se bara se bukvalno za niz cela Makedonija..... Dali ima nekoj nesto da kaze do sega poso malce mi se cudni ... edno vreme gi imase niz gradov kaj so ziveam a sega baraat se od nula bukvalno,,
Ги отворив,имаат вложено во маркетинг и имаат 160 автомобили за достава со тоа се сериозна компанија. Може да аплицираш зошто да не . Воопшто не изгледаат сомнително.
Пак јас со Causeway. Дадов отказен рок на сегашнава работа и од немајкаде пак аплицирав таму. Направив видео интервју, ја завршив задачата што ми ја испратија и имав кратко интервју како формалност чисто со тој посредникот во средата и ми рече дека ќе ги испрати сите мои податоци на клиентот и наредните чекори би биле уште 2 интервјуа со нив. Денес порано сабајле ми пишал мејл, демек супер вести, клиентот сака да те запознае, дали ти одговара од толку до толку саат наредна среда. Му вратив кога станав, еве нека се 3 саати откако го испратил мејлот дека сум слободна и нели она looking forward to meeting the team. И не ми врати ништо?? Никаква потврда, кај ќе биде интервјуто, да го закаже... и прашањето ми е дали доколку не ми врати и во понеделник, во текот на денот да му пратам follow up мејл, ама без да звучам очајно и too pushy. Ама страшно ме фрустрираат вака што прават, и ме фаќа и нервоза дека до крајот на месецов работам и сакам да најдам нешто што е можно побрзо.
Огласиве за вработување измами станаа. Јас таа фејк фирма на линкедин што пишав тука во групата дека е лажна фирма 20 апликанти а не можеа 5-6 да соберат треба да ме частат за промоција.
LinkedIn имам од 2019, си следам огласи и некогаш гледам по колку аплицирале. Ниеден оглас не беше под 40 апликанти, а некогаш и многу повеќе. Сега рандом ќе кликнам да видам, и одвај по 4-5. Ова кажува многу, или е огласот лажен како што велиш ти, или едноставно луѓево се станати попретпазливи и секаде не им се пушта апликација.
Феминке, уше малце и ќе нема ни луѓе. Сите се отселија или работат во странство. Едвај 1 м сме, мн мал процент на млади.
Problemot e so denesnive gazdi ne te gledaat kako investicija tuku kako "lesna zamena" ako im nešto zasmeta Kaj tebe.... od toj gnev plus i namesteni oglasi po javni pretprijatija i ostali državni preduzeća mladiot bega ... I ke dojde den koga ke pukne balonov u Mkd...Ama ke bide kasno
Fabrikite ja naucija lekcijata , sega u fabrika so osnovno zimaat direktorska plata, use malce i programerska ke zimaat. Tim lideri zimaat 60.000,sef lideri 70-80 k. A rabotnik 40.000.
така е, по другите градови тоа веќе и се чувствува, неможеш обичен работник да најдеш. Скоро патував и во разговор со возачот, зошто нема туристички водич со него туку тој е и шофер и водич, вели нема девојчето што беше си замина барав по околните градови и во Скопје барав никој не сака, младите заминаа.. Ова најпрост пример колку многу само вакви има.. Помина времето кога газдите велеа ако ти несакаш да работиш има друг кој ќе работи, сега самите си работат во недела.
Има милион фирми во Македонија кои ќе пропаднат токму поради надменост на газдите . Уште 1 година дали ќе се тера после толку фајрон
Не се согласувам дека нема млади, не се сите отселени. Ама овие Ген Зи некако се многу улична школа и не прифаќаат секаква работа, посебно не во фирми како овие со телекомуникации. Тоа кажува многу, слушнале какви се условите и не им се дава здравјето. И јас секако ги оправдувам, ама требаше порано вака.