Можеби затоа што си даваат откази не е страшно да пробаш јави им се а канцеларијата им е кај фон Јас работев таму океј беше но си отидов зошто се селев
Очигледно огласите им се ради реда. Додека бев во Мк скоро на сите огласи аплицирав. Никој не се јави.
Nekoj oglas za u VLADA(ministerstvo nekoe ili JP nekoe...da se titnes na ulaz i kolegata da te titni na IZLAZ ako ima taka? Da znaete
Ете ти си се селела, ама не се селат сите, така да за да дадат отказ мора нешто да не чини. Кој бега од убаво? А нон стоп да има оглас и нон стоп да даваат откази не личи на сериозна фирма. Се согласувам. Ако стварно им треба персонал, ќе ми се јавеа, особено после 2 аплицирања во краток период кога гледаат дека стварно сум била заинтересирана. Сега и да ме молат, не фала. Сега не ни аплицирам во фирми кои нон стоп имаат оглас за едно исто работно место.
Најголем проблем се платите. Малку плаќаат, а бараат многу. Да останеш прекувремено. Некаде можеби ќе треба и цел ден да работиш (ако не дојде колешката). И ќе ти речат... Ќе си земеш ден кога ќе имаш потреба. А кога ќе дојде тој ден.. Прашање е дали ќе го добиеш.
Мене ми е јасно сето ова, ама членката кажува дека е лесно, дека има 2 слободни дена во неделата и дека ја препорачува фирмата. А за да ја препорачаш фирмата треба да чини, а не да даваат вработените нон стоп откази и да има секој ден оглас за исто работно место...
Дај боже сите да се вработиме кај што не даваат огласи хаха значи дека е топ фирма и баш тебе и мене не чекаат да не примат. Кажете си ги условите да знам дека офис не ви одговара па да не го спомнувам
Скоро секаде е така. На пример, Пеко имаат оглас со месеци. Исто така и по моловите. Во принцип.. Едни исти фирми пуштаат огласи секој месец.
Си го вртиш муабетот како што тебе ти одговара, само затоа што знаеш дека сум во право. Знам дека добро ме сфати, затоа нема пак истото да го објаснувам.
Пред некоја година конкурирав за во Водовод. Една позната работи таму и ми вика.. Џабе конкурираш. Веќе имаат одбрано кандидат. Внука на еден од шефовите. Не ме викнаа на разговор. Документите си ги добив по пошта.
А, како еве на пример во управен суд има полагање на тестови и точно пишува на страната кој полагал и дали положил а со тоа е вработен или и тоа е мижи асан, мислев дека барем тоа остана саглам ама изгледа и тоа е намештаљка
Претпоставував, ама другарка даде документи и фалеше нешто и пишуваше на страната дека и фали и нема право да полага тестови, додека имаше на страната кај да се јават тие што донеле уредно документи 4 или 5 беа не се сеќавам и имаше дека 3 поминале само под шифри со броеви беа објавувани, е сега ако се однапред примени, што знам комисии од судовите ќе се замарале да доаѓаат таму да ги тестираат а веќе се знае дека примиле нивни, што знам некако....
Во една фирма (државна) одам на разговор. Не бев само јас. Околу 20 бевме повикани. Ми ги вратија документите назад. Исто како и за Водовод, пишуваше кого избрале за таа работна позиција. И таму имам позната. Она ми вика.. Однапред се знаеше кого ќе примат, ама мораа да ве викнат на разговор. За едно друго место конкурирале само двајца. Ама само едниот се појавил на интервју. Знаете кого одбрале? Тој другиот. Роднина на некој од главните таму. А дечкото што бил на разговор бил со висок просек на факултет, а овој примениот со средно. А за таа позиција им требала личност со завршен факултет.
Поради процедури мораат. За такво работно место не само врски туку и ќе си платиш. Во приватните фирми што се поасални без врски не можеш, а не пак државно.