Сега се сетив. Мислам дека тука начекав една која буквално се расправаше со сите кои бевме против работа во кол - центар. Најверојатно беше некоја шефица. И после зашто постојано бараат. Затоа што за мали пари и душата да можат ќе ти ја извадат.
Ako ti e cudno sigurno 10000%nesto ne e vo red,i da ne ti e cudno pak ke ima nesto da ne e vo red a vaka zagrantirano,inaku ja koga rabotev prosecna bese pod 24iljadi oni ispakaa 30.+ mn malce vo bonusi a oni vetuvaa do + 250 eu vo bonuSi na pocetok...-kol centar za stranski pazari, a ovie za domasen pazar javuvanja,call centar agenti sto SEGA nudat 20+iljadi plata za 3 smeni nikako ne bi gi zemal vo obzir,zalno e tolku da nudat za takva rabota
Јас имав понуда за во Тиго, ама одбив. Исто како за мКеш. Истата работа. А плата мала. Напорно е. Па ако некој не ти се јави ќе треба буквално да го ловиш. Да висиш на телефон додека не го добиеш. Секој ден треба да ѕвониш додека не платат. А има такви кои доцнат со плаќање на ратите. Некој претходно прашуваше за Бонати. Јас бев на разговор. Не ми се јавија потоа. Секако не планирав да ја прифатам работата. Не прашав ни за плата. А и веќе знаев колку е. Кога ми ги кажаа условите, фатив усвета. Сама си во смена во толкав голем дуќан. Продаваш, редиш роба, услужуваш муштерии, правиш нарачки, чистиш, примаш роба.... Е па, реално, тоа сама не можеш да го постигнеш. Плата минималец и плус процент од продажбата. И ако фатиш работа за викенд. Односно, ако си во некој од трговските центри.
Фирмиве се паралелен универзум. Минатиот среда бев на разговор во фармацевтска компаннија во Визбегово, ми кажува плата,раб.време, плата за позициите и ми вика јави се што си решил, ни требаат луѓе,малку сме. Се јавувам петок да потврдам, дека прифаќам и ми вика типот "ќе му пренесам на директорот и ќе ти се јавиме" Не ми е јасно ама ич. Ако им треба човек треба да те "бркаат" тие а вака испаѓа јас ги молам на прифатена работа, да ми одобрат????!!!
Или нашле некој во меѓувреме, или така ти рекле за да ти замачкаат очи. Безобразни се. Пред 4-5 години отприлика аплицирав на еден оглас за негователка на дете. Имам искуство и си реков - Ај да пробам. Поточно... Не беше класичен оглас. Се среќавам со мајката на детето и таа ми вика - Треба да се грижиш за Х. Да ја храниш, да ја пресоблекуваш, да ја шеташ, да ја занимаваш. Ми ја кажува и платата. Нормално, минималец. И после ми вика - Ама ќе треба и кога Х ќе спие да подзачистиш малку и да направиш ручек. Демек... Да не сум седела без работа. Брееее. Колку е само паметна. Нормално....Не и се јавив.
Vo Kromberg 2 + 2 da kazes deka se 3 odma te stavaat na linija " 30 che" na kraj na mesec plus hrana I prevoz KRAJ .... Nekoj so fax plus tri jazici go odbija da ne kazam za pozicija oti ke me dupite
И мене слично ми направија едни. Ми рекоа ќе ме бараат кој ден да почнам за потоа јас да ги прашувам и да ги "молам". На крај ми пишаа дека се уште не вработуваат, ќе ме бараат понатаму. Мислам wtf, си играат мајтап, безобразни. А јас чекав, не бев ни на други интервјуа. Жими т...... се прејавија.
Дали почна на работа таму? ми треба искуство сакам да аплицирам за таму ако може да ми пишеш. Благодарам
Zdravo decki, nekoj da spodeli iskustvo od Taskforce, customer care pozicija ili opsto za Taskforce kako firma pozz i ubav den
Имаат постојано огласи за исти позиции. Зарем толку не најдоа досега? Ако имаат потреба од вработени, ќе викнат. Јас трипати пратив CV, немаше повратен одговор.
Не знам, но мене ми изгледаат на несериозни. Не може за контакт центар да бараат секој месец ако е сериозна фирма.