Па и овие мене не ми се јавија, туку јас им пишав и ми вратија дека не вработуваат колку да ме откачат. Не ми е јасно, кога бев на интервју рекоа дека ќе почнам, а потоа се се смени. Безобразност.
Јас губам надеж. Не можам да најдам работа по струка а не можам ни нешто надвор струка. За што е LinkedIn не разбирам. Додека работев, само ми стигаа понуди, кога излегов од работа тогаш веќе никој не ме контактираше, праќам CV-а, само ги отвараат. За струка да не зборам. Дипломирана со висок просек ама џабе. 3 месеци дома полудев Пробав и свој бизнис да отворам, и тоа не иде. Епа како сеа? Парталите и во странство останува
Ja Devojko zivotot e padni stani...So ovakvo razocaruvanje nisto ne postigas. Jas I otkazi dobivav I sum se tepal u glava so ke bide utre ama drzi u sebe Malce pozitivno. Makedonija od den za den toni ja mislam deka privatniot sektor nikogas NE e bil u ovaa faza da i oni ne znaat so pravat so vrabotenite I oglasive poput pusti vikni pa cao....Makedonceto e ubieno obicniot naród ...ovie so se smeskaat po kancelarii zalno ama ke im dojdę Malce pokasno ...BOMBITE AKO GI SLUSAVTE SO VIKASE STAVREVSKI nemame za LEB a cokolada barame... epa eve go sega rezultatot ...sve poskupeno davacki ogromni smetki i Ti rabotis i poise Tones u dupka
Истиот проблем сум го имала со LinkedIn. Додека бев на работа, цело време стигаа понуди, пораки дрн дрн. Кога си дадов отказ, само некои огласи, на кои што не одговараат. Се согласувам со членов погоре, Македонија навистина тони.
Јас бев на интервју пред од прилика два месеца. Огласот беше за позиција custom's officer. Интервјуто го прават претставник од човечки ресурси и уште еден што веќе работи во тој сектор во фабриката во битола. На почетокот е на македонски,па потоа кратко англиски,ама основни работи. Јас не поминав лошо,ама мн беше непрофесионално од нивна страна што не добив никаков одговор. Ми рекоа дека ке ме известат во рок од две недели,телефонски или по маил,без разлика дали позитивно или негативно. Не знам за која позиција се имаш пријавно,ама ти посакувам среќа. Поздрав.
Мене пред некое време ме нападна една членка кога пишав дека во вакви фабрики (поточно Ван Хол, Џонсон) администрација не примаат, може само производство. И во Кромберг имам слушано дека за производство бараат.
Значи бадиела факсот, изгледа ти требале врски/конекции/препораки. Очигледно, не се влегува така само со резиме и интервју.
Може да е така,јас искрено очекував дека барем по маил ке ме известат,како што ми рекоа. Мислам дека не е коректно од нивна страна што немаше никаков повратен одговор.
Навистина е разочарувачки што за секаде требаат врски. Јас аплицирав на тој оглас и затоа што имам 10 год искуство во таа област. Нема врска,мојот случај беше таков. Ти можеш да си ја пробаш среќата.
Луѓе, не се бараат врски за во администрација, не знам зошто не мислите на можноста дека има некој со подобро резиме од вашето, побарал помала плата, подобро поминал на интервју и слично. Многу фактори играат, не е само факултет или само искуство.
Затоа и пишав дека кај мене беше таков случај,но не мора да значи дека ќе помине исто и членката која прашуваше. Може имало и поквалитетни кандидати,не ја исклучувам таа можност.
Познавам личност која се вработи во администрација, во слична фабрика, не Кромберт. Ниту имаше искуство, ниту добро резиме, ништо. Само некои партиски конекции. Сличен случај со моја братучеда која сакаше да аплицира во администрација, во слична фирма. Вработените таму се вработија пред да се пушти оглас, огласите се пуштаат само ради реда, откако ќе се најдат вработени. Зборувам за овие два случаи, овие два не се Скопје или Битола, и знам многу добро што зборувам, а и информациите ми се потврдени од блиски луѓе. Истава личност се вработи во маркет со конекции од сопругот. Дали е ова за плачење или не, тоа друг нека размисли. Ама во земја каде владее корупција, кражби, убивање на пациенти и да не редам какви криминали, да ми тврди некој дека имало транспарентност за вработување, фала ама не ти верувам. Знам кај живеам, мене ми се посреќи да се вработам оти не беше за македонска фирма или некоја “странска“ инвестиција и слични глупости. Да не ги туркаме трошките под тепих, треба отворено да се зборува за ова, оти многумина не знаат. Исто како што и јас не знаев. Си убив драгоцено време, аплицирајќи на лажни/наместени огласи. Никогаш повеќе.
Кои се тие фирми каде што ќе се вработиш регуларно во администрација? Навистина ме интересира. Јас во Нелт, Ред шпед, Џонсон имам аплицирано, не сум добила покана за интервју, и тоа по трипати сум пуштала CV.