Ne mi se javile seuste. Iako rekoa deka ke me izvestat iskreno ne se ni nadevam, toa e princip vo nashive privatni kompanii.
Има некој што работел или знае некој што работел за Jungle Tribe? Гледам вечно им е пуштен оглас... Често си одат луѓе или што е работата?
А зошто некој така си врти оглас? Забележав кај неколку фирми, секој месец еден ист оглас. Не е коректно кон оние што бараме работа. Аплицираме и никаков повратен одговор. Па на оние страницине Кариера, Вработување истите огласи се. Најубаво парталите и надвор од оваа мочана држава.
Заприметив на вработување.мк дека OneContact постојано имаат огласи. Што е работава со таа фирма? Им фалат работници или постојано си заминуваат? Искуства?
Дечки дали некој има искуство со ДМ, конкретно за маркетинг специјалист. Јас аплицирав, ми кажаа дека сум влегла во потесниот круг на кандидати и ми дадоа термин за интервју. Културно се јавив и објаснив дека во тој термин не можам да одам и ако може да ми дадат друг термин, ми рекоа да ќе ти се јавиме и никогаш не се јавија.... Сите квалификации ги поседувам и не ми беше јасно што се случува па затоа ако имате искуство споделете. Искрено личат на ептен несериозни чим не можат да понудат друго време освен тоа нив што им одговара.
Не, не, не, од мое искуство ако презакажиш интервју и им одбијаш термин му е нешто како навреда. Тие сметаат дека како потенцијален кандидат, барањето работа ти е работа сама по себе. Абе какви квалификации, врти таму по телефони ако имаш некој. Ако немаш, бај-бај.
Да и јас како да ги осетив така ама не може да ти понуди еден термин и да ти каже е сега ти остави се планирано до тој термин и дојди. Не се некоја којзнае каква фирма па на крај краева хаххаха. Со какви фирми сум соработувала многу посериозни па сите имале некој флексибилен термин, само они понашање на телефон до бескрај. Ќе ме побараат сигурно пак зошо ми кажаа дека биле ептен заинтересирани што сум знаела Германски. Ако сте заинтересирани нешто најмалце што може да направите за кандидатот е да му понудите повеќе термини
Види фирмите имаат некое непишано правило во врска со тие интервјуа. Откажување, доцнење, преместување ги сметаат за несериозност во идната работа. Не дека тоа што ти го пиша не држи вода. Да, има понекогаш итни непредвидливи ситуации. Но, ХР и фирмите одат според тоа непишано правило во врска со интервјуто/разговорот за работа
Апсолутно разбирам, ама они мене на пример можеа да ме прашаат кога сте слободни за интервју (што е случајот секаде во странски фирми) и тогаш да се договориме и јас нормално нема да презакажам. Ама ти да ми предложиш време, и нормално е некој да не може да прифати. Реално не чекаме цела недела за време да ми дадат Ептен апсурдно
Еве јас имам слично искуство со фирмата Беда логистик. Барав да сменам работа, аплицирав во Беда, ми се јавија жена и ми закажува интервју во термин што не ми одговара зашто бев на работа. Фино ја замолив да ми закаже порано, таа ми закажа во 12 часот, а јас замолив околу 09 часот да ми закаже, но таа ми се обрати со овие зборови: Вие треба да се приспособите кон нас, вам ви треба работа Мислам... Да земам слободен ден за да одам на интервју од 15 минути? А и кажав дека работам. Ми остави веднаш лош впечаток.
Да исто и мене ДМ, и уште на телефон ми кажа колку биле задоволни од мене со германски што сум била им требало таков човек. Ако ви треба и вие сте истите што треба да направите компромис, не е дека само јас барам работа и вие барате работник си требала да им кажеш.
Мене едно нешто не ми е јасно. Цело време се тврди дека нели со Германски полесно се доаѓа до работа, во кол центриве поплатени биле, и на крај испаѓа исто се понашаат како кон нас со Англиски. Што значи дека потребата за работник не е толку голема, колку што се тврди...
Зависи каде Сум работела во многу сериозни фирми, 2 години во кол центар напуштив за посериозна фирма што ми понуди поубави услови и сега работам таму, никогаш не се чекало повеќе од 2-3 дена за било каков одговор и кога се вработував ме прашаа они мене специфично да им кажам кој датум и саат сум слободна па они да се адаптираат на мене. А овие во дм си патат од чист комплекс, за на крај да ти понуди колку? 20 илјади преку сила и да се утепаш од работа хахаха фала ти Башка да влезев кај нив како маркетинг специјалист ќе имав можност да им ги средам натписите да не се брукаат со преведување од германски на македонски артикли што не може да се преведат. Ама ете… патење од комплекси дека не си можел во саатот нив што им одговара.
Па да, во принцип полесно се доаѓа до работа со германски. Другарка работеше во кол центри (првиот sales, вториот customer service) и сега исто работи на германски ама скроз друга позиција. На сите места влезе одма без проблем, и на едното место имаше основна плата околу 50к. Е сега, фала богу дека ќе има многу работа и кол центриве особено имаат луди смени, ама кога ќе видиш кај нас за минималец те малтретираат, работиш по 3 смени и плус работата на друг ја работиш.. Со германски е многу полесно да се најде работа, зошто не го знаат сите јазикот, а англиски веќе сите знаат што се вика и бараат совршено да го познаваш за да се издвојуваш од другите кандидати и да имаш соодветно искуство.