Да точно ама има многу поволности со германски, јас во кол центар зимав околу 50-55 илјади сега дупло со искуство подолго. Така што се исплати трудот и маката.
Поентата ми е, дека сепак си имала конкуренција, па затоа те ставиле на игнор за интервјуто. Значи дека не сте кадар во дефицит.
Не ме сфаќај погрешно, за таа фирма имам читано лоши искуства, така што... И постојаните огласи значи дека не штима нешто таму.
Некаде по темите на форумов. Пребарај. Мое мислење за која и да е фирма, ако им треба работник, ќе викнат за кратко време ако се сериозни, секако. Јас така од многу фирми сум чекала да ме викнат, дури една фирма ми рече дека ќе почнам со обука, но потоа не се ни прејавија. Во државава пре на лото ќе добиеш отколку асална работа да најдеш.
Na moj bratuced mu zemaa pari 1000evra za nekoi bugarski dokumenti cekase edna godina pa go ispratija demek samo 90 dena mozelo so nekakvi A1 dokumenti, toa na crno bese, zosto luge od istata grupa so nego sto bea gi fati policija i gi vratija nazad i kazni plakjaa. pa posle nekjea da mu vratat pari ,a go maftaa slovenski dokumenti,so godini se vlecese vo taa agencija i nisto ne napravi vreme izgubeno i mnogu pari
Дали некој може да ми понуди фирми каде што се работи од Понеделник до петок, моментално сум вработена и не се знае ни за празник ни за делник, буквално да не може човек да испланира ништо, огласите по интернет секој втор исти, секој месец скоро исти работодавци бараат, или нешто што е на англиски, работам, амбициозна сум ама ете..
Здраво имам прашање, дали по луксузните хотели во Скопје на пример Marriott нудат смештај за вработените од персонал од други градови? Сакам да започнам со работа во некој таков хотел но сум од друг град, па проблем би ми било.
Подалеку од тие. Имаш “обука” што уствари 8 саата работиш, пред да почнеш да работиш онака површно че ти каже за компанијата и одма почнуваш да се јавуваш да нудиш сертификат некојси за извонредност што уствари луѓето треба дс го платат 10.000 или 15.000. А реално не служи за ништо, ти се јавуваат нудат плаќаш добиваш. Пишете на српски форуми CompanyWall prevara таму подолго е фирмата ќе видите. Понастрана од тие.
Agile pro solutions работат од понеделник за петок сма и за државни празници, со дупла дневница секако.
Периодов бев на интервју во две сериозни корпоративни компании за специфични позиции со високо образование. Не се јавија за второ интервју или за понуда за работа. Бидејќи на првото интервју беа присутни HR, директор на сектор (мидл менаџмент) и вработен во сектор - претпоставувам после едно интервју одлучиле, или евентуално да имало уште едно интервју со Управен Одбор. Не се јавија - претпоставувам нашле посоодветен кандидат. Тоа мене што ме нервира и што сметам дека е некоректно е што не знаат да кажат "очекуваме дека изборот ќе го направиме во рок од 5, 15, 30, 45 денови, доколку се одлучиме за вас ќе ве контактираме во таа временска рамка"...те оставаат ко глуп да чекаш, ниту си да аплицираш на друго место, ниту си да ги чекаш... На сите фирми, култура на професионална комуникација им е НУЛА.
Jas otvoreno im kazuvam sekogas pred kraj na intervju za da me izvestat vo najkratok rok za da znam poradi toa sto ima i drugi oglasi na koi sum apliciral a ne sum seuste za intervrju pobaran pa da znam so da im odgovoram ako eventualno se javat..... I najcesto koga ke ti se nasmeat cinicno u faca pred kraj na intervju znaj deka nisto ne dobivas od taa rabota ... Sto sve imam u zivot videno i oseteno na koza koga se tice baranje rabota intervjua testiranja u pm
Стварно можам многу да истрпам, несоодветни коментари и прашања од HR, циничната насмевка, доцнење на интервју од нивна страна, се тоа можам да прифатам/да разберам .... ама тоа што не кажуваат во кој рок да очекувам понуда доколку се заинтересирани да ја дадат - тоа ме вади од кожа. Еве ако има некој на форумов што работи HR нека ни објасни зошто е тоа така?
Јас памтам дека имаше една и секогаш кога ќе се пишеше вакво нешто се караше со нас. Еве, не знам зошто, повеќето од коментариве овде се чиста вистина. Инаку, такви се, многу некултурни. Некогаш и ти даваат понуда за работа, се договарате за плата, а потоа се премислуваат. Како да сакаат да си играат со емоции на кандидати. Мене садистичко ми е ова, ама сто пати е кажано и пак така тераат.