Ве молам детали за интервју во Кемет ? Аплицирано за практикант, дали е на англиски и детали од прашањата што ги поставуваат
Искуства со Coordea? Позиција за junior accountant, каков е тестот на интервјуто? Кажаа поврзано со општи правила за сметководство
Искуство со кромберг како оператор во производство за девојче. Се крева ли товар? Се работи ли во викенди и празници?
Плата 27.000 (може и повише е сега) плус бонуси и зависи ако си во мол на штанд викенди и празници ќе си работиш, нормално платено.
Не работам јас, но имам блиски шо се таму вработени. Операторите немаат кревање на товар, меѓутоа работата е нон стоп на нога во едно место или движење на помали дистанци. Зависно од позицијата, има доста работа со раце, дали мотање кабли, штекање итн. Доколку прашуваш за Скопје, да се работат празници, секогаш платени, а во однос на викенди, скоро секоја сабота, прва, втора и трета смена. Трета смена, сабота, трета смена сабота кон недела и празник како шо кажав, се сите дополнително платени. Во Скопје основна почетна плата е 29000, за по 2-3 месеци да се покачи на 32000. Врз основицата се додаваат тие дополнителни саботи, трети смени, празници, има бонус за редовност од околу 3000ден месечно и плус приватно здравствено осигурување од Кроација.
Во Кромберт сега е качена стартната плата на 34.000 денари плус со се почетник може да зима 40-45 илјади . Само што е фабрика инаку платата е океј. Имаш платен оброк , транспорт ,здравствено. Не е тешка работата,само досадна е малце .