https://e-rabota.av.gov.mk/OglasSearch.aspx На оваа страна е објавен оглас за вработување во Амбар и Дефакто..ама нема никаква емаил или број... Дали треба да одам во нивната продавница и да доставам CV??
А замисли да бидеш сама во голем дуќан? Што попрво да направиш? Они плаќаат прекувремени саати, ама ова е претерано. А јас се чудев зошто им бегаат вработени. Ако си во некој од дуќаните за викенд ќе те прати во некој од моловите.
Не работам моментално во кол центар, кога работев во кол центар максимум со празници, овертајм, недели зимав 60 илјади.
По лошо и по не хумано нема од тоа на работа да немаш стол и тоалет. Зошто да стоиш цело време? Кој би издржал така долго време?
Епа никој не издржува затоа почнуваат па им бегаат и се менуваат. Еве јас во тудорс бев и само 20 дена бев и си отидов и до ден денес уште бараат луѓе, седнеш ли да јадеш ако има гужва мораш да оставиш јадење и да ги услужиш, на камера те гледаат ако збориш со колешката па не смееш ни тоа. Едноставно глупите газди мислат дека ако вработените се дружат дека коваат завера кон нив дека бизнисот ќе им го пропаднеш, а не гледаат дека ако ги наградиш барем малце и стимул ако имаат дека им се зголемува продажбата за 300%. Али тоа е кога сркој втор стигна газда да биде ќе бегаат луѓе во странство и таму ќе бидеш посран ама барем повеќе плата ќе земеш.
Дали некој има работено во Маврово, поточно во некој од нивните хотели. Има опција и за сезонски. Веднаш ми понудија работа, но немам многу информации или некој што познавам да бил до сега.
Од Пивара сите почнале да бегаат у други фирми не знам што е работата. Пивара не е веќе тоа што беше.А и со врски примаат само така да тешко ако немаш врски да влезеш.
Тоа примаат без врски,мислев на позиции менаџерски или нешо така таму без врски не примаат а ни за овие шо редат кока коли у маркети и таму со врски е се. Добро е имаат кантина топол оброк, плаќаат све по прописи празници и сл ,има гратис пакети не е лошо. И примаат бе искуство што е мн добро за работа ако немаш искуство. Аплицирај им фалат многу ќе влезеш без проблемчич.
Пријателка моја работеше таму минатата зима. За плата не кажа ништо. Не ја ни прашав. Само ми рече дека добро заработува. Јадење и спиење платено од газдите. Само не ми текнува во хотел беше. Во сите хотели било исто. Така ја разбрав. Она цела зима беше таму.