Жито Лукс се катастрофална компанија, другарка сега даде отказ отиде во друга фирма да работи. Безобразни до немај каде,уште од процесот на интервју се гледаше дека не ги бива но другаркава ајде прифати и сега отакз си даде. Кај производите им се прелоши, премногу конкуренција и исфрустрирани се....
Кој бара работа во Штип има две слободни места за Унапредувач на продажба во Алма М. Плата 27.500, пон-петок. Еднаш месечно мислам и сабота работат, ама не е којзнае колку сигурно 2-3 саати.
Лошо искуство, бараат сѐ да правиш, да работиш со храната и да чистиш. Напорно е, и цело време на нозе, не смееш да седиш
Пред неколку месеци кога бев на разговор, имаше. Затоа прашав. Значи од старт сега ја даваат таа плата? Нема веќе три групи?
Дали некој/а има искуство со работа во Lpp ,брендови како reserved, sinsay и сл, да споделите искуства како сте задоволни?
Најлошо искуство со интервју за работа до сега што сум го имал е со фирмичево " Софт слип "! Се појавувам на договорено интервју во 8:30ч (во просториите на Комодита во Качаник, ваљда е истиот газда). Уште од врата ми стана јасно како ќе биде кога видов 10 души наредени пред мене, чекаат. Чекав цел час и половина и во 10:00ч. конечно бев повикан. Влегувам внатре и веднаш ми кажуваат дека огласот за којшто аплицирав е затвотен, избрале кандидат. Имале отворено работна позиција во погон за производство и ми ја понудија "да не сум бил невработен". Им реков дека сето ова можеа на телефон да ми го кажат кога ме повикаа, да не губам време и да не возам 40 мин за џабе, и си излегов. Губам време, ресурси, нерви за да стигнам до качанички пат на интервју(а јас од другата страна на градот) и ми нудат работа во погон, иако јас сум со завршено високо образование, со одлично познавање на англиски јазик. Не знам што повеќе да кажам...
И мене ми се случило вака. Веќе губам надеж во огласи. Многу лошо време дојде. Незнам што ќе правиме ние што бараме работа на огласи.
Безобразност. Јас во една фирма пратив CV за администратор, ме викаат на интервју и на крај од интервјуто ме прашаа дали би прифатила касиерка. Значи тие си имале одбрано за администратор. Море марш таму.
Мене ова во КАМ ми го направија. Аплицирав за шеф на маркет, ми се јавуваат и ме повикуваат за касиерка, велам не аплицирав за касиер, они ми викаат епа мора да почнеш од најниско ниво за да одиш нагоре. Тогаш по чему оглас? Кажи барам касиер и крај .
Па си пробуваат што ќе им упали. Ѓубриња. А да имаш некој да те пикне,ќе видиш дека веднаш ќе се отвори место за шеф, администратор... Зборев со една роднина и и се пожалив дека тешко за работа и таа ми вика сум бирала, имало работа. Пази, таа е вработена државно. И џабе ќе се објаснуваш.
А мене ми поставуваа прашања мислиш во Наса ќе работам. Зошто сум напуштила од претходните работни места, дали сум имала расправии со колешки, како реагирам на провокации, и др. Врвот беше кога им реков дека сакам да ме стават во маркетот во населба за да не плаќам автобус, а коконата ме прашува - Е па како одеше на работа на претходното работно место? Те носеше некој со кола? Море мрш таму. Ненормални едни.
Епа баш од оваа причина ќе си бараат цело време луѓе. Еднаш лош збор, се шири синџирот и толку е. @Black girl
Џабе што плаќаат, кога е катастрофа. Колку и да плаќаат, таму нема шанси да работам. Пријателка моја беше на разговор во Рептил. Ова беше пред 5 години. И рекле почетна плата е минималец и плус дневница за празници. Плаќале и минат труд. Кога ги прашала за бонуси, и рекле - Понатака.
Џабе ми се парите кога бел ден нема да видам. Кревање роба стоење...Нема секој сили да го издржи тоа.
Пред некој ден читав дека ја зголемиле почетната плата. Ама пак им фалат работници. Не само таму, туку и по другите маркети. Народов почнува да се цени повеќе. Ретко кој се нафаќа да работи за минимална плата.
Јас би работела било што па ете и за минимална ама немам сили. И што ќе си седам без работа. Имам две операции. Се би дала да можам да работам пример во кам и тоа да ми биде како песна. Ми треба полесна административна работа ама никој не ја дава.