Имам работено и за минимална плата, ама соодветна работа за таа плата. Не може за тие пари 5 работи да работиш.
Едно пишува на огласот, а кога ќе отидеш на разговор е сосема друго. Уживаат да те прават будала. Ме фаќа смеа кога покрај св бараат и слика. Како да бараат модели. Бог да чува.
Мажена немажена. Деца дали имаш не си пишала во цв ми вика? Не сум пишала викам зошто сметам дека не треба да ве интересира тоа. Тоа е веќе приватен живот што не треба да се меша со работата.
Затоа што ќе земаш боледување. Затоа бараат без деца. Една жена аплицира за работа во бутик. И се јавила шефицата за да дојде на разговор и ја прашала колку години има. Кога и кажала госпожата и рекла - Фала, пријатно. Женава тогаш имаше 55 години. А доста искусна е во работата со текстил. Се работи за бутикот Мега фешн.
Кој ќе зема боледување не зависи од тоа дали имаш маж или деца. Еве јас имав потреба од боледување поради сомнеж за корона. Кога беше актуелна короната. Се вратив од боледување отказ ми дадоа. Во повеќето фирми приватни несмееш ни да помислиш за боледување. А тоа е невозможно да немаш пример 15 години потреба од боледување без разлика дали си со деца или без. Или еве на два пати правев операција и што сега морам боледување да земам ама тоа не го дозволуваат нашите газди. Мазги да бевме не ќе можеме да рмбаме секој ден освен недела па некаде по моловите и фабриките и во недела се работи.
Имаш и вакви ситуации здрави прави способни работат односно неработат легачки работи. И мене што немам сили да работам рмбам ме прават неработник или до мене бил проблемот.
И каде се тука инспекциите или агенциите за вработување или било кој аман од општествово. Да види зошто работниците од едни фирми кои ги има на оглас постојано си одат и се бараат нови и нови. Демек не им се работи на работниците. Само ќе се испукаме вака на нет и ништо не се менува ништо не оди на подобро. Пак работниците работат без право на телефон, без столови на работно место, без к15, без право на боледување итн И на далеку гледано ќе се уништи македонштината. а за тоа сами сме криви. Јас претежно работам кај Македонци со Македонци. Најчесто и кон новиот никој нема разбирање дури и да се вработиш провремено никој нема трпение да го научи да го охрабри.Единката немајќи работа средства за егзистенција ќе замине во странство или останува сам/а бидејќи нема средства за фамилија да издржува. Да не испадне некој друг виновен сами сме си виновни.
Barame Finance Speiclaist za kompanijata kade sto sum vrabotena, site koj sto ve interesira poveke ve molam pisete mi vo dm.
I mene pred nekoe vreme mi se desi slicno Okey intervjuto za pozicijata za koja so aplicirav si bese najnormalno za da na kraj mi vika "ako ne da pocnis od druga pozicija da se zapoznaes so procesot pa posle ke te povlecime na ovaa pozicija" se nasmeav i samo rekov NE...
искуство со Leansem? Како се со плати, однос? Конкретно ме интересира за позицијата за senior copywriter.
Здраво женски, дали некоја од вас работи како customer care representative во Taskforce? Ако има некоја, нека ме контактира
Другарка моја работеше во Белина задоволна беше. Во моловите даваат поголема плата затоа што се работи нели и недели и празници. Во другите продавници се работи од понеделник до петок и преку една сабота. Газдите фини се и има можност за скратено работно време. Неплатена обука имаше она од 7 дена и после ја вработија, но цело време треба да се учат производите и има главна што одвреме - навреме те испрашува. Ако те интересира нешто повеќе слободно пиши ми во ЛП
Бев еднаш на интервју таму, океј беше. Имаш платена обука 18 000 без разлика дали ќе ја поминеш или не. После платата ти е 30 000 - 32 000 може и повеќе сега не знам. Само газдарицата (таа што прави интервју) е некако пренападна. Треба да го научиш цело мени, па она да те "испраша" и обуката да се смета за успешна.
Газдарицата што го врши првичното интервју има лош однос. Плата минималец, треба да си и чистач истовремено. No thanks..