Да, ама пак зависи од искуството. Првиот месец не, но после тоа е платата. Плаќаат и плус сабота ако се работи. Во наше време прифаќавме се и не чекавме право одма да бидеме на висока позиција и со голема плата. Затоа се повеќе гледаме околу нас кои се зависни од родителите. Никој не плаќа сметки, не купува храна итн. Стварно ме интересира на овие покачени цени како го поминуваат месецот ако немаат свои какви и да се пари? Нели се жалиме сиромашен народ сме и пак бираме. Не викам да не потценува некој и да го газат, ама сега има поголем избор, порано и во маркет тешко се влегуваше. Некој што сака да научи и да напредува не останал вечно на најдолна позиција. А овие што ги гледам по маркетите се некои што немаат желба да научат и ако им кажеш нешто како да не те разбираат. Едноставно не ни сакаат да научат нешто. Ние бараме работници кои еве може да не привлечат и од маркетите, дека од иста професија и нема соодветен кандидат. Кај нас лесно се напредува, ама ете никој не покажува желба. Или како што вика нашиот газда на фирмата: Некои се Пентиум 1 колку и да ги надградуваш пак се тие, а некои се основен софтвер и може да ги надоградуваш колку сакаш.
Ако сега е така, супер. Јас кога бев на интервју, се почнуваше со минимална плата, и не верувам дека за еден месец стигаш до максималната од 27.500. Исто и сабота не беше платена. Немаше ни автомобил тогаш, сега гледам им дале. Сепак мислам дека во Алма М, унапредувачи за продажба се нај малку платени. Без разлика дали со или без искуство.
И најмалку притисок имаат и најмалку обврски. Но и е не точно дека се најмалку платени. Баш се распрашувавме за платата на другите за дали да им се покачи. Сите беа околу таа сума. Нешто плус има да. Некои како Нелт имаат и таблет за нарачки да прават, додека пак Колид имаат телефон за документи за артикли со поминат рок итн. Во Алма М немаат таква плус обврска. Кога веќе би правела нарачки тоа нема да е за тие пари, ама пример компанија како Нелт ги искористува за малку пари многу поодговорна работа.
Воопшто не сум задоволна. Имав интервју, ми кажаа дека ќе почнам обука и потоа никаде ги немаше. Им пишав по неколку месеци од интервјуто и ми кажаа дека немале потреба, ако требало, ќе ме викнат. Помина година и пол, не се јавија ха. Па зошто лажат? Подалеку од нив.
Дали некој има искуство со УНИ БАНКА? Ова позиција гледам е нова и е референт колку е платата од прилика?
Одамна не сум била на оглас за државен службеник. Каква е првата фаза сега? Одиш на усно интервју таму каде си аплицирал или?
Здраво сакам да прашам дали некој има повеќе инфо за B Watch?Како стојат работите моментално бидејки прочитав за клазулата и за обуката сакам да знам повеќе видов имаат оглас на кариера за 27.000 плата
Zdravo, dali nekoj ima iskustvo so rabotenje na 3ta smena vo Zara, potocno za lepenje na deklaracii i sl. ??
Некој интересен оглас да споделите или да се пофалите да ви се посреќило па да сте нашле работа преку оглас сега во брзо време?
Дали може некој да сподели искуство за Teleperformace? Другарка аплицира за работа од дома и како што кажува не им се јасни условите и избегнуваат прашања за плата додека трае процесот на интервју и тестирање.
Сега видов, рекоа демек 200 евра за добредојде... Е сега колку точно е тоа, не се знае. Јас аплицирав за српско-босански јазик, ама не ми се јавијаа. .