Се е тоа во ред. Не мора да те малтретираат да идеш за да ти кажат дека со академија не можеш а и ова е 4 ти пат како го пуштаат огласот дали знаете колку луѓе беа милион . Се наоѓаат во Шуто Оризари, такси 1000 рка за 2 правци од кај живеам да кажат со академија не можеш да работиш.
Тогаш нека пишат како сите нормални фирми што бараат од кандидатот.. Може пример некој има мастер по безбедност и академија за дигитален маркетинг.. Нека пишат универзитетска диплома - маркетинг и готово.. Што има да се малтретираат луѓето..
Да, предност Дигитален маркетинг и ти вика после не се важи тоа. Mcash пишува на огласот дека бараат исклучиво со магистерска маркетинг.
Абе како што е цела држава како порачана од Ali Express, јас одамна заприметив дека тие не ги читаат личните биографии. Затоа викаат се живо на интервју. Јесте дека има софтвер за вакви работи, за да не мора да ги читаат, ама се ми се чини дека не го користат. И не знам што е полошо, да те гњави да се влечиш по интервју или да ти пушта тест на три страни. Wow, а посебно за пофалба се овие што бараат писатели на статии, ти бараат да им пуштиш по две статии на нивна тема и потоа адиос амигос. Не сте толку паметни, колку што нема кој да ве дисциплинира. Али и шемава на измама ви ја научивме, така да, good luck.
ооооо извини сега и го видов огласот убаво, глупости, според мене не се мешаат тие 2 работи бренд менаџер и дигитален маркетер ама шо да прајш
Или се бара дигитален маркетинг или бренд менаџер не 10 позиции во 1 да заштедат трошоци .За 30-40 илјади 10 позиции работиш.
30-40 илјади? Молам? Мене пред некој период ми нудеа за 22.000 работа во кол центар, со трети смени, викенди и празници. Ќе имало и бонуси, 2000 денари... Ама можи и не. Мизерија.
Имам две познанички од средно, со германски се, завршен факултет. Работа не можат да најдат. По мое мислење и за германски пребираат.
Каква "стручност" од таа од Жито лукс, ако не е адекватна академијата за маркетинг за работното место тогаш воопшто не требала да ја повика на интервју. На фирмите кои бараат пишувачи на статии не наседнувајте, ќе земат по 2 статии од сите кандидати од огласот и нормално ќе си ги објават без да примат кандидат и така во круг за 2 месеци повторно го пуштаат истиот оглас за да соберат нови бесплатни статии. Јас неколку месеци не сум следела огласи и деновиве нешто разгледував и приметив дека ниту еден оглас немаше информација за платата, де е конкурентна, компетитивна, фиксна, атрактивна па дури и редовна. Нели беше законски дека мора огласот да ја содржи и платата, од кога е тоа сменето?
Се надевам ќе наидам на разбирање и помош. Лошо искуство имам до сега по работниве места кои ги имам сменето - што од колеги, што од надредени, менаџери итн. Или така се погодува или е до мене. Не можам повеќе да издржам, енергијата ми ја земаат и не сметам дека е нормално. Ама доста со жалење - да прејдам на главното: Работа од дома некој да не знае да ми посочи? Content writer, virtual assistant нешто било што, тоа сега само ми дојде на памет. Било што нешто е сигурно и испробано. Работам по струка моментално ама ме гуши, не можам повеќе. Ако некој има идеја или искуства, го замолувам да ми пише, навистина ќе ми значи. Благодарам.
Кога бев неискусна и барав работа од една компанија ми дадоа 3 „тестови“ да ги завршам, значи очи цел ден на компјутер вадев да ги завршам, а шефот ми рече дефинитивно ќе ме примеле ако ги завршам побрзо од другите, му ги пратив и никад не чув назад. После некое време глеам типот си ги искористил моите трудови за сајтот на компанијата, и тоа само моите беа таму, од никој друг што наводно аплицирале на огласот Од тогаш мачкава бара добра пара за секоја нејзина секунда помината у работа.
И другарка ти Спајси се има изгорено. Еднаш со пуштање на статии, друг пат со превод. Оттогаш сериозни trust issues имам. Ако стигни тест одма завршува во треш. Sorry, not sorry.
Дали некој знае како е со работа и услови во Мелница ФУРНА ДИМЕ,има преку 200 вработени,за административен дел прашувам,не во погон?