Не знам дали темава е соодветна за моево прашање, ама не знаев каде да го поставам: Аплицираше ли некој за Trainees програмата во ЕВН?
Здраво! Бил ли некој на полагање на оглас за вработување во УЈП? Само знам дека давале еден тест за интелигенција и еден тест за даноците општо. Некој поконкретно да знае?
Здраво, Сакам да ве прашам дали некој е запознаен со вработувањата во приватното училиште Максимилијан Берлитз? Најдов оглас за наставник таму, аплицирав, и би сакала некоја доколку има некакви сознанија за ова училиште да ми пише и да ми објасни нешто во врска со истото. Благодарам
Многу наставници им бегаат, не плаќаат . Цело време огласи имаат. Ако имаш друг избор, јас таму не би одела никако. Немаат ученици, немаат свои простории, претураат газдите од шупливо во празно. За нив имам слушано лоши искуства уште кога биле газди на школото за странски јазици Берлиц, кој си фатил работа со нив-само зијан останал. Размисли си многу убаво. Тешки преваранти се.
^ Ти благодарам многу на одговорот. И мене ми беше сумлива работата, дека само што видов еден оглас некни од нив, денеска гледам друг, бараат и друг наставник, од друга област. И затоа сакав да се информирам нешто тука, бидејќи стварно немав никакви сознанија за ова училиште и како функционира.
Подалеку од Снеже Инаку кој е заинтересиран за пракса, а студира на правен факултет нека ми пише во лп.
Ако има некој да понуди или да слушне за било каква работа за жена од 55 години за во Неготино или Кавадарци, нека пише лп.
Дали некој го има весникот кај што е објавен огласот од АД ЕЛЕМ или знае кои се посебните услови што треба да се исполнуваат, зашто на страната на вработување нема ништо конкретно. http://www.vrabotuvanje.com.mk/job-advert/novi-vrabotuvanja-vo-elem/11145
Еве линк тука ги пишува посебните услови http://news.vrabotuvanje.com.mk/index.p ... nj-vo-elem Се надевам помогнав
Да, тоа го барав, благодарам иако не ми одговара напишаното , само економисти барале плус со работно искуство а и за референтот ништо не напишале за услови. Покрај тоа што гарант е наместен огласот.
Еве еден оглас од Нептун за во Велес, ако има некоја заинтересирана http://www.neptun.mk/index.php?route=ne ... news_id=50
Се побаруваат Водоводџии за Словенија со искуство при монтирање - поставување на водоводни цевки од 20 до 40 см и склопување на водоводни цевки во крст со шахта на средина. Плата 8еуро/саат , платено сместување, пријавени и друго. Услов - сопствен алат. Работен ангажман 5 месеци. Само со еу пасош / За повеќе инфо во инбокс или на емаил. За мажите на форумов : Еве и линк од страната на фб, https://www.facebook.com/euroworker
Не е баш за тука, ама ме насмеа: Ја прашува ученик наставничката: Наставничке, како се пишува правилно- „невработен“ или „ не е член на партија“ ?
Девојки ги следите ли огласите на стараната на аврм ? Јас да редовно и испраќам цв секој ден на по два три огласи ама ништо никој не ме ни виканла на интерју. Ќе да се само за пријавување а ? Ваше искуство ?