Бев на интервју во канцеларијата во Карпош 4 и HR ми се јави некои 10 минути откако си заминав за да ми каже дека биле импресионирани од мене и за ме покани на второ интервју во канцеларијата во Аеродром следниот ден. Бев на второ интервју во Аеродром и еден од менаџерите со кого имав интервју претходниот ден, беше таму. Ми кажа дека "ми се познавало дека сум работела трети смени" и дека бил поимпресиониран од мене вчера. Ми понудија смешна сума на пари и не само тоа, неколку пати ме прашаа дали е океј платата иако им кажав дека не прифаќам да работам за плата под Х сума. Познавам двајца што имаат работено таму и имаат дадено отказ поради истиот овој менаџер. Ова беше пред неколку години, сега не знам како е.
Многу забегуваат со лажниов оптимизам. Не знам кој ги учи вака, или природно им доаѓа. Дури и те прави да се сомневаш во нивните намери.
Откако ми прокоментира за физичкиот изглед, јас само културно чекав да си кажат тоа што имаат да го кажат и да си одам. Немав никаква намера да ја прифатам понудата и да беше за поголема плата. Непрофесионално скрос.
Ама не ми ласкаше Можеби не си прочитала убаво. Ми кажа дека ми се познавало дека сум работела трети смени ради подочњаците, што патем ми се генетски а не од недоволно спиење.
Не бе, јас те сфатив дека ова ти го коментирал оти видел во резимето искуство во таква фирма. И после тоа, дека бил импресиониран, сфатив дека почнува да ти ласка. Оти изборов на зборови... ај нема врска.
Може некој да ми објасни што конкретно значи „хонорарна работа“ и како е начинот на исплата со истата? Не сум запознаена со тоа.
Пабау ги сврстувам во ист кош со Слајс. Кога барав работа имав аплицирано неколку пати и еднаш ми се јавија, имав сто интервјуа, од кои на едното не се појавија, и после дечкото ми се извинуваше дека бил на одмор, буквално од кабина од зимување ми се јави, ми рече дека не му кажале дека имал интервју да прави. Таа девојката ми ѕвонеше кога и прдне на телефон и мораше на англиски да зборам, и еднаш ми закажа интервју истиот ден, неколку саати покасно и без да ме праша дали сум слободна. Во процесот, во кој јас имав аплицирано за една позиција, ме моткаа дека според моите квалификации сепак ми одговарала некоја друга, ми понудија три различни и на крај ме одбија преку мејл. Тешко е да се влезе, а цело време си идат луѓе од таму, плус и платата не им е нешто голема за почеток, и мислам дека најмногу вработуваат други етнички групи.
Здраво, Ми треба инфо некој што работел во Кам да ми каже искуство. Конкретно за раководител на маркет прашувам,гледам често пуштаат огласи. Благодарам однапред Убав ден
Izvini vaka devojko ama zarem mislis deka tuku taka nekoj od ulica bi go sednale market kako KAM da vodi (kolku i da imas prethodno iskustvo od nekade na drugo mesto) bez da znae "cackalici kade se naogaat" Imam slusnato deka formalno gi pustale za nekoi so gi unapreduvaat od sef na smena pa "rakovoditel na market" Luge so godini so se prodavaci tamu ne sakaat da pomislat za takva "titula" poradi tezinata
Извинето дечко А од кај ти знарш дека јас сум некоја од улица и немам никакво познавање за баранава позиција? Еве конкретно работам на таква позиција само во друг маркет и сакам да сменам можеби. Имам искуство од 10+ години како раководител на маркет и чисто ме интересираше да сподели некој свое искуство од Кам. Инаку фала и за твоето инфо иако нема да го земам во предвид бидејќи само " си слушнал" Поздрав