1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. MarRra

    MarRra Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    Значи да не се надевам вооошто Генерално доста фини беа на првото интервју, коректни и муабетот беше за 2 недели до 3 максимум дека ќе добијам одговор независно од тоа каков е дали позитивен или негативен. За среќа зачував бројчето од девојката што ме интервјуираше па се слушнав, муабетот беше сеуште немам одговор од HR менаџерот... ова беше па има 3 недели, севкупно од интервјуто поминаа месец и половина..

    Фала ти многу на одговорот
     
    На ijana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Free Spirit

    Free Spirit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Кај мене беше таков случај,ама може тебе ќе те контактираат. Може јас не сум им одговарала како кандидат. Инаку да,интервјуто добро помина,барем според мене,фини беа девојчињата. Среќно. Поздрав.
     
    На MarRra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaRuz

    LaRuz Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Здраво, јас бев на две интервјуа од кои второто беше евалуација и добив одговор по 3 недели дека сум одбиена а гледам дека цело време истиот оглас го продолжуваат. Чим сеуште немаш одговор може сеуште не одлучиле.
    Поздрав
     
  4. MarRra

    MarRra Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2022
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски

    Фала то многу, ајде ќе видиме, ќе пишам секако овде ако бидне тоа фамозно второ интервју чисто информативно.
     
  5. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Вакви огласи често пуштаат колку да помине законски, а на крај вработуваат интерно. Барем кај повеќето е така, не знам конкретно за овој маркет како е.

    Фирмата не ја знам и не сакам да ја коментирам, ама и овој муабет? Сакаш работа? Одиш на интервју. Дали е 10 минути или еден час е неважно. Патување пола град? Луѓе патуваат од еден до друг град за работа.
     
    На Калатеа и Dust им се допаѓа ова.
  6. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Патуваат ама за каква работа и каде е лоцирана и колкава е платата. Ова е фирма во Орешани. Или пример Бунарџик и слични локации каде немаш автобуски превоз и од каде невработен ќе најде две илјади денари само за да отиде нс интервју а постои можност да биде одбиен нели.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Можност да биде одбиен секаде ќе има. Автобуски превоз како што прочитав има на секој час. За интервју ќе се направи исклучок, па ако помине се' во ред се договара превоз и патни трошоци. На неотидено откажување ми е....незамисливо.
    Пак да повторам, не знам за фирмата, ова општо го пишувам за сите вакви случаи зошто често читам откажување заради исти причини додека луѓе менуваат и градови за работата, а не пак за едно интервју...
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  8. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Добро еве и за во Орешани да има автобус. До Бунарџик нема до Белви нема и да не ги набројувам фирмите во некои индустриски зони. И ме бараат за интервју како да отидам? Пари толку многу за такси немам зошто сум невработена. Фирмите од такви локации треба да обезбедат превоз и за интервјуто. Кога веќе имаат транспорт нека се качат и овие за интервју во нивните автобуси. Два пати кога сум имала пари сум давала две илјади денари за да стигнам со такси на такви локации и сум била одбиена.
     
    На ijana, Tam4yy, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    11.163
    Пол:
    Женски
    Ама па и фирмиве, можат интервју да направат и преку зум/тимс или слично, наместо да викаат 20 и кусур пријавени на интервју во Орешани или Бунарџик.
    Што ќе дознаат плус ако те видат и во живо? Освен ако не станува за позиција за манекенка или слично каде е битна висина и физички изглед.
    И тоа денес за денес, па ти мисли како ќе дојдеш.

    Крај краева ете и во живо нека е, барем можеле термин за другиот ден да закажат и онака е еден сат патување. Вака испаѓаат непрофесионални, многу зборува за каков систем има воспоставено компанијата и со каков мајндсет се водат. Ако ова им е барањето за интервју (ела денес трчај), утре и да те примат, на работа ќе имаат невозможни и нереални очекувања од типот до денес е рокот, ти како знаеш така заврши го тоа. Џабе си трчал на интервју, пошто и да те примат пак за еден месец отказ ќе си дадеш, како што впрочем и прават повеќето во споменатата фирма во Орешани.
     
    На WarriorAngel, ijana, KittyAgnes и 8 други им се допаѓа ова.
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Никаде не пишав да се оди со такси, туку да се направи план за со јавен превоз.
    Кога аплицирате за некаде, се информирате каде се наоѓа и правите план како да стигнете за интервју. Ако не одговара, не ни аплицирате зошто ако не можете да стигнете на интервју, значи дека нема да можете да стигнете ниту за работа. Многу едноставен концепт. А верувам и дека ако прашате, ќе ви кажат дали имаат превоз или не.
    Ова е еден начин фирмите да дознаат за вашата одговорност и упорност. Ако некој не се замара да стигне на интервју, значи ќе биде слично и за работа.
    Договарање термин од денес за утре е скроз непрофесионално од нивна страна, па ако бараат одговорност, треба да биде обострана.
     
    На Калатеа и Dust им се допаѓа ова.
  11. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Јавен превоз нема до сите фирми. И тие фирми имаат организиран превоз за вработените Но како да се стигне до тие фирми на интервју е прашањето. Немам кола, немам некој со кола да ме однесе, немам две илјади за .такси. Мислам дека би било подобро и за канидатите и за фирмите кои се на такви локации да им обезбедат превоз и за интервјуирање.
     
    На ijana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Може не го објаснив добро ама овде го напишав истото што го напиша ти во твојот одговор:
    Ако сте сериозни и ги прашате дали имаат сопствен превоз со кој би можеле да стигнете до фирмата бидејќи нема јавен превоз до таму, ако и тие се сериозни треба да ви одговорат.
     
  13. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Е па јас имав случка покана за интервју со фирма со организиран превоз за вработените, каде не поминува Јсп, и за интервју ми рекоа сама да се снајдам.
     
    На ijana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    И за тоа пишав:
     
  15. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Во овој случај неможеме да стигнеме само на интервју бидејќи за вработените има превоз.
    Што сметам дека треба да го понудат и за интервју.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    2.220
    Пол:
    Женски
    Можеби, ама тие не сметале така и можеби им е дел од интервјуто и да ја сфатат снаодливоста. Затоа имаш и план и опции.

    До сега дел од работите кои ги прочитав се изговори. Не сакам да се повторувам ама ако некој решил да аплицира некаде, треба да има во предвид и како да стигне до таму. Кога некој аплицира на едно место кое е во друг град или подалечна локација која е тешко достапна, прво прави план дали и како може да стигне до таму ако го/ја повикаат на интервју. Кратко пешачење е исто така опција ако нема директно до таму зошто и за ова имам читано како се жалат дека десетина минути морале да пешачат..... :x
    Ако не може, нема ниту да аплицира. Останатото е барање изговори.
     
  17. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Дечки уште еднаш некоја искуство со контакт центарот Оне контакт? Или да има некоја блиска особа таму да сподели искуство? Може и во ЛП. Благодарам.
     
  18. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    А јас па гледам вака на пример за фирми кај Белви, Бунарџик, Јадранска магистрала ( косовска граница) итн... како да ја покажам снаодливоста да стигнам на интервју освен да дадам пари за такси и тоа доста пари? Ако може некој да пешачи до Бунарџик нека повели.
    И ја губиш шансата за вработување зошто немаш пари за такси и тоа побајаги пари.
     
    На ijana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.367
    Допаѓања:
    17.729
    Пол:
    Машки
    Доколку те повикуваат на интервју сметам ќе си појдиш со такси.... сепак не сте вработен.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    751
    Допаѓања:
    6.076
    Пол:
    Женски
    Ама кога немаш пари за такси?
    А и во Орешани како што се сеќавам во описот во мејлот беше дека треба да се симнеш од автобусот па да поминуваш преку пруга. Е сега дали има премин за пешаци преку пругата не отидов да видам.
     
    На ijana му/ѝ се допаѓа ова.