1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Angel_G

    Angel_G Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.484
    Допаѓања:
    18.243
    Пол:
    Машки
    Тоа би требало сами да се снајдите. Кога ме повикаа, односно со пријатели ко бев, нити ме зеде ни ниш, ми рече че си дојдиш, знајш кај се канцелариите ( со други зборови како знајш и умееш) и тоа е сосема во ред според мене...
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    39.369
    Пол:
    Машки
    Луѓе, мора нешто да жртвувате за да добиете работа. Фирмата никогаш не губи ако вас не ве вработи. Верувајте нема оглас каде што нема преку 20/30 кандидати. Многу од нив имаат и поголемо искуство и знаење од вас.
    Дури и да немаат, фирмите никогаш не го бираат најдобриот кандидат, туку оној кој највеќе им одговара, и е најупорен.

    Јас за интервју сум патувал во други градови кога сум бил на почеток. Зборам за 3 часа пат со автобус, па трчање таму да стигнам на даденото време. Верувајте, регрутерите тоа знаат да го ценат, таа желба и пожртвуваност дека стварно сакате да се вработите таму, и дека не се само уште една во низа компании каде што аплицирате пошто немате работа, без никаква друга заинтересираност.

    Моменталната работа која ја добив, мене ме контактираа да ми ја понудат, немав аплицирано, и повторно го минев цел процес.

    И покрај регуларните интервјуа, кога ја добив работата, повторно, морав уште едно додатно интервју да имам кое ми беше закажано утрото, за вечерта. Да, од дома беше, но тој ден бев на работа и само што влегов, се вклучив во разговор со главниот директор коj траеше безмалку 3 часа, на англиски. Човекот сакаше да ме запознае лично. И кога го виде саатот дека е скоро 9, рече доста е, примен си. Ментално бев исцрпен како никогаш претходно.

    Тоа беше 4-то интервју што го имав. Знаете колку е заморен тој процес на елиминација? А кај мене траеше 2 недели, што е доста брзо, и заинтересираноста беше обострана. Јас правев отстапки за времето, они гледаа процесот да помини што побрзо пошто од старт им се допаднав и не сакаа да им киднам.

    Денес, кога сум дел од тој процес на интервјуирање, на нови кандидати, гледам како знае сето тоа да се растегне на повеќе од месец, и верувајте имаме преку 300 кандидати за почетни позиции. Страшна конкуренција. Да се дојде само до интервју треба огромна среќа.

    Како проаѓа времето, се потешко е да се најде работа. Зборам за високо-квалификувана. Веројатно во фабрика е полесно, не знам.

    Мој совет: Не ја испуштајте никоја шансата.
     
    На Tanjamm, Космонаут, bookslover и 6 други им се допаѓа ова.
  4. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.453
    Се согласувам. Јас низ сито и решето поминав додека не најдов работа. Имам пишувано и во друга тема, сум почнала и за 20 000 да работам, сум одела каде и да ме викнат на интервју, сум поминувала низ 5 интервјуа, тестови и слично буквално за customer support позиција, и на крај дури не сум добивала ни повратен одговор. И не, не е фер воопшто, сум била премногу исфрустрирана, сум викала и плачела од нервози ама си реков дека ќе бидам упорна и ќе успеам да најдам нешто подобро, и најдов.

    Додека барав работа, бев на интервју и во Куманово, со автобус отидов и бев спремна доколку ме примат секој ден да патувам до таму, а платата мислам дека беше 30к +-. Сум била и во индустриска зона во една од фабриките на интервју, организирав превоз, саат време може имав интервју, на крај не ми се ни јавија. Моментално сум вработена преку Causeway Connect, и ок таму немаше интервјуа во живо, ама мислам дека и на темава имам пишувано колку пати и за колку различни позиции имам интервјуирано, колку тестови и задачи имам завршено додека добијам работа. За истава позиција и истава фирма, мислам дека прв пат пред скоро 2 години имав аплицирано, тогаш поминав низ цел процес на интервјуа и не ме примија, и ете сега ми се посреќи.

    Сакам да кажам, мора да поминете низ триста чуда и врагови, за да дојдете до она што го сакате, или до нешто подобро додека се борите за она што сакате навистина да постигнете/да бидете во однос на кариера. И замислете сега, јас на таа фирмата во Куманово, да сум им рекла ее мене ми е далеку Куманово, ај организирајте ми превоз од кај мене дома по можност да ме земете, и однесете ме до кај вас до фирма. :D А јас сама сум аплицирала таму и сум видела кај се наоѓа фирмата.
     
    На Tanjamm, bookslover, Калатеа и 4 други им се допаѓа ова.
  5. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Кој не осетил мака да неможе да стигне до некое отсечено место на инервју може само да се смее. И да кажува дека ќе помине брда и долини за да стигне на интервјуто.
     
    На ijana, eliesaab и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    13.344
    Ова за фамилијарен човек е многу тешко, да патуваш од еден до друг град. Многу е лесно да се зборува. И кажи ми како е исплатливо да живееш во Маџари, а да работиш во Ѓорче за минимална плата еве да речеме? Да бидеме реални, приватник толку ти дава плата, настрана оние контакт-центри што бараат одлично ниво на јазик, плус со смени.
     
    На Aschenputtel, ijana, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.453
    Јас работев една година за 23 000, патував од едниот до другиот крај на Скопје, со два автобуси 2 саати пат натаму, 2 саати назад, не беше контакт центар, ама работев на англиски, втора смена цело време. Имам аплицирано за работа во Куманово неколку пати, еднаш во Штип и еднаш во Охрид (ваму нудеа доста голема плата, дури поголема од тоа што се нудеше во Скопје, и да ме викнеа на интервју, ќе отидев и таму). И мислам дека кога гледаме огласи, гледаме каде се наоѓа работното место, и ако ни одговара аплицираме, ако не не. А не да аплицираме, и после да се жалиме како ни е многу далеку и фирмата треба да ни организира такси/кола, да не собере што се вика од дома. Прво ти не си вработена таму, замисли да има 200 кандидати за интервју и они на сите да им плаќаат превоз, а на крај примат само еден. Ти аплицираш за работа, свесна си каде се наоѓа работното место и твоја е обврската да отидеш на интервју. Како што реков, сум била во индустриска зона на интервју, и таму не одам секој ден, туку еднаш во годината, или еднаш па којзнае кога пак, фала богу дека ако треба секој ден да одам и да давам пари за такси и немаат организиран превоз (доколку ме вработат), нема да прифатам зошто реално не ми одговара. Ама за интервју што се случува еднаш во сто години ќе отидам, моја должност е, и не одам секој ден до индустриска зона. Така што не, не се смеам, и не тресам од ракав, зборувам од искуство.
     
    Последна измена: 15 декември 2023
    На WarriorAngel, NoirSerpentine, L.i.n.a.a и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Ова не е ништо чудно или невообичаено. Кромберг Битола на пример, обезбедува организиран автобус за луѓе од Прилеп и околните села. Исто и вработените од Битола во Гентерм Прилеп одат со организиран автобус.
    Не дека ги фалам фабрикиве (имам слушнато поделени мислења), само сакав да потенцирам дека ако се повеќе вработени од друг град, сосема нормално е фирмата да обезбеди превоз.

    Има фирми даваат службено возило на користење (пример лидл еве го спомнале пред некоја страна).

    Нема ништо лошо и во тоа да не нудат/да не покриваат превоз, ако е доволно висока платата. Секако човек ќе си направи математика, и ако одговара си викаш подобро да патувам еден сат за оваа плата, ќе потрошам за бензин и пак ќе ми останат повеќе пари отколку да одам за минималец, а фирмата ми е до порта. На друг човек може времето што би го изгубил во пат му е подраго, па повеќе му одговара да работи за пониска плата, ама на 5 минути да му е фирмата.

    Секој си знае како му одговара нему најдобро, ама работа по секоја цена и околности што не одговараат не се прифаќа, освен ако не е нож до коска и било каков приход ви треба во моментот. Ако сте во можност да поминете неколку месеци без работа, тогаш подобро да почекате подобра прилика. Ама пак ќе кажам, секој за себе си знае најдобро како му одговара.
     
    На Tam4yy, Spicy Senorita и blueeparadise им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.453
    @MarigoldA Не, не, тука муабетот беше да ми организираат превоз за да отидам на интервју. Инаку, фабриките знам дека организираат превоз за вработени и тоа е супер искрено. Ама за интервју, никој не ти организира превоз за да отидеш, од причини што ги напоменав во погорниот пост.
     
    На Tanjamm, NoirSerpentine и Billy Idol им се допаѓа ова.
  10. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Тој што се снашол и вработил не ни очекувам да го свати невработениот со какви проблеми се соочува. Такво ни е општеството нема емпатија и се збори дека луѓето се неработници и мрзеливи неснаодливи ама не е така. Ете мене да ме викнат на интервју во Прилеп од каде пари за да стигнам до таму долгорочно невработена а сигурно не сум само јас.
     
    На ijana и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  11. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Точно. Реално и невозможно е да организираат превоз за повеќе луѓе за интервју, и за секој во различни термини.

    Ама примерот со хајтек орешани, што го споманала оригинално членката беше и времето проблем, пошто ситуацијата беше- мораш да се нацрташ во толку и толку, no exceptions. И не пошла.
    Да биле малку пофлексибилни или да понуделе повеќе опции, (пример ако не можеш понеделник, потврди за вторник во 12), можеби ќе потврдела за друг ден и ќе појдела со автобусот, без разлика што е далеку локацијата. Може ни да не си во Скопје тој ден. Сите имаат ориентација каде се наоѓа фирмата кога аплицираат. Верувам дека знаела каде е фирмата уште кога пратила цв, ама моментот е мејлот поради што откажала.

    Мое искуство е дека досега сите се јавиле со прашање "Дали би можеле на интервју тој ден во толку сат?", во повеќето случаи одговарало и време и локација, ама ретко се дешавало да не можам во понуденото ради други обврски, па договориле за порано/покасно без никаков проблем. И така треба, дали е разговор за работа, дејт, или е состанок меѓу претставници од различни фирми, треба да постои обостран договор околу времето. Двете страни интервјуират, и кандидатот фирмата, и тие него.
     
    На WarriorAngel, Spicy Senorita и blueeparadise им се допаѓа ова.
  12. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.453
    @MarigoldA Не, не тоа со Хајтек е сељачизам на најјако, дури тука нема врска локацијата, туку некоректно, непрофесионално однесување и немање почит кон туѓото време. Ни јас не би им пошла искрено на такво понашање, па дури и пред врата да ми се.

    Ама тука се надоврзаа повеќе коментари околу одење на подалечна локација на интервју, јас за тој дел конкретно искоментирав.
     
    На WarriorAngel, ijana, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  13. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    4.003
    Пол:
    Женски
    Ако немаат организиран превоз многу од тие фирми даваат плус надоместок за патни трошоци.

    Исто така, во огласите многу често пишува дека бараат кандидат со автомобил/возачка (во вториот случај може и самата фирма да обезбеди возило).
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    39.369
    Пол:
    Машки
    Јас само една компанија во Македонија знам што ми платила трошоци за интервју, нема да кажам име, ама се работи за една од најголемите ИТ компании кај нас.

    Ова одамна беше, ги поминав првничните интервјуа, како и техничкото. На крај не ме примија, но ми дадоа мала компензација за потрошеното време.
    Таков третман никаде не сум имал.
     
    На Qwjkl, Tanjamm, xplady и 4 други им се допаѓа ова.
  15. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Големо браво за нив.
     
  16. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    2.260
    Пол:
    Женски
    Не е дека „ќе помине“ туку сме поминувале. Прочита и други мислења дека оделе до други градови на интервју и низ каков се' процес поминувале. И пак го имаш напишано следново?
    Ти опишаа низ какви препреки минувале за да стигнат на интервју и го каков ТРУД и жртва стигнал до таму и ти тоа го сметаш за „снаоѓање“? Па не им паднале од небо или да им ја дал работата некој роднина па да е снаоѓање.
    Голем дел што не се од Скопје патуваат и по многу повеќе, а оние кои се од Скопје се жалат дека многу е еден час за едно интервју?

    Интервју е. Еден ден или ако имате среќа 3-4 дена. За тие 3 дена или ќе направите план пред да аплицирате или не ни аплицирате бидејќи штом не можете да стигнете за интервју, џабе е да се аплицира и губи и ваше и нивно време.

    Нема да аплицираш за во Прилеп и нема да имаш ваков проблем.

    Не е воопшто тешко ако е организирано како што треба. Но од интервју скокнавте директно на работа. Пишувавме за интервју, а има и доста „фамилијарни“ луѓе кои патуваат секој ден од град во град заради работа. Ако навистина сакате тоа да го работите и ја сакате работата, не е идеално но има начин. Останатото се изговори.
    Ова го пишав и јас вчера, а гледам дека и другите го нагласиле:
    Кога аплицирате за некаде, се информирате каде се наоѓа и правите план како да стигнете за интервју. Ако не одговара, не ни аплицирате зошто ако не можете да стигнете на интервју, значи дека нема да можете да стигнете ниту за работа. Многу едноставен концепт. А верувам и дека ако прашате, ќе ви кажат дали имаат превоз или не.
     
    На WarriorAngel, Angie1432, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.791
    Допаѓања:
    13.344
    Точно де. Убаво пишав погоре, да е супер платена работа и да ми се допаѓаат условите би патувала, но не за минималец или некој газда да ме зафркава да работам плус од работно време и за никаква плата. Сум била на интервјуа каде што сум патувала еден час и тоа со кола, не ми било проблем, но ако не ми се допаѓале плата, услови, не сум прифаќала понатаму. Плата 30 000 почетна треба да е секаде, но кај нас се научиле минималец за почеток, плус неплатени обуки. Ма ајде бре претеруваат.
     
    На eliesaab, Polyincognito, Mrs. right и 3 други им се допаѓа ова.
  18. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто упорно и упорно го повториваш истото и ме циташ. Имам право на свое мислење базирано на моето искуство. Ете се јави и еден што пиша дека му дале и надоместок за тоа што бил на интрвју. И повторувам тие фирми имаат превоз за вработените. А и поентата е дека и самото одење на интерју понекогаш бара вложување на поголеми финанскиски средства.
     
    Последна измена: 16 декември 2023
    На eliesaab и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  19. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    6.745
    Всушност истите што се жалат низ куп теми како нема работа и никој не ги вика, не сакаат минимално да се потрудат за никаква позиција очигледно.

    Не знам како може да кажете дека работодавецот, за позиција за која ВИЕ сте аплицирале и ВАМ ви треба работа, чекате превоз да ви организира, мислам сулудо е и очигледно треба да си ги преиспитате размислувањата.

    Јас сум мажена со мало дете, па ако ми се понуди позиција или шанса во друг град воопшто не би се мислела, логично е дека нема сите да работиме на 3 минути од дома, а притоа да ни е прекрасно со одлични услови.

    Сум била на куп интервјуа далеку, и како тазе кандидат без работно искуство, и сега со искуство пак би поминала низ истото затоа што сами треба да се бориме за тоа што го сакаме, не да чекам некој на тацна да ми даде.

    Сум чекала автобуси, сум молела познати, сум давала куп пари на такси и е нормален дел од процес.

    Ама затоа стигнав до тоа да не зависам од само една понуда за работа туку да имам опции да бирам.

    И да, ако е тоа снаоѓање, сум се снашла.
     
    На WarriorAngel, NoirSerpentine, Angie1432 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Си дала куп пари а тој што нема да даде куп пари? Ако враќање к15, работа само со две недели одмор во годината, прекувремени неплатени, пријавена на скратено а работиш над 40 е кукање, повели осети на своја кожа па зборувај.
     
    На Viveki, ijana и eliesaab им се допаѓа ова.