А дали ти воопшто читаш што пишувам јас? Ќе се правдам дали сум се трудела, па баш тука... Важи. Сум била и на интервјуа што сум конкурирала за администратор, а ми нуделе оператор на лента или касиерка. Тоа е ок за тебе? Ај кажи жити се, не паметувај оти од вакви ко тебе коса ми се крева на глава. Сум губела време и пари да отидам за позиција што нема врска. И во приватни фирми е многу тешко за работа без врски и препораки, сум одела на 50 интервјуа. А оние фирми што ме викале на работа нуделе никакви услови и постојано им бегаат вработени. Во една фирма здравјето ми отиде, ослабев од нејадење со никакви паузи зашто немаше подобро во моментот.
Суровата вистина е дека ако не можеш да појдеш, не одиш. Нема автобус, пари за такси немаш, нема кој да те однесе, фирмата не се замара пошто има и други кандидати што потврдиле дека можат да појдат, тоа е тоа за жал. Е сега не мислам дека ако некој не може да си дозволи да појде на интервју, дека е помалку снаодлив, пошто имање пари за такси или возење кола или имање маж што ќе те однесе, може но и не мора да значи снаодливост и посветеност. Може да имаш кола, што се 20 минути возење, ќе појдеш на интервју. А потоа, ако те примат, да се случи во работата да испаднеш најголем легач. Не е гаранција снаоѓањето во одењето, дека и во работата ќе се снајдеш. А за одење на работа веќе ако си примен, сите фирми што се у пичке материне индустриска зона имаат превоз. Има луѓе што им одговара еден час патување до работа, има и такви што не им одговара. Секој за себе си знае, да не се повторувам. Една во десет илјади е таа фирма што Били ја спомнал што покрила трошоци за интервју. И тоа станува збор за ИТ фирма. Тој момент во фирми од друг сектор нема да го видиме во блиска идинина. Реалноста е дека фабрика нема да тинтра кандидат за оператор на пример, на истиот начин како што ИТ фирма ќе тинтра кандидат за фул стак девелопер што за да го најдат квалификуван со искуство, референци и проекти треба дрва и камења да превртат.
Ама не збориме дали е ок што ти понудиле друго место, во тој момент им кажуваш два збора и си одиш, и никогаш нема да знаеш што се може да ти кажат додека отидеш на интервју, не значи дека треба да чекаш во место зошто 2 фирми се испонашале така. И реномирани фирми знаат да се изглупираат, ако не со глупи прашања ондак менаџерот ќе излезе глупак, ама тоа е, не можеш никогаш да знаеш и не знам како тоа би го спречила.
Се знае.. Ако немаш врски ќе работиш за најмала плата. А тој што е со врски, а неквалификуван за позицијата, него ќе го примат. И после си викаш - За што учев?
Можеби ако сте повеќе самокритични, а помалку критични кон сите и секој на светов ќе успеете да најдете работа. Светот оди толку брзо, многу нова работна “сила” се формира, толку многу технологии и вештини се развиваат, жал ми е да кажам ама никој нема да ве чека вас, да ве соберат од дома и да ве земат на работа.
Да ама не сите добиваат работа. И во светски рамки има невработени само што нели таму добиваат пари друга тема е тоа. А кај нас ситацијата е таква да за подобри работни места не се стигнува на фер начин. Колку и да се трудиш или вложуваш и си упорен остануваш невработен. Неможеш да ми кажеш дека секој што сака да работи ќе има работа за него. И да има ќе биде со непочитување на основните права на работникот и со минимална плата. Така да некогаш колку и да се трудиш каков и да си остануваш гладен.
Јас потполно те сфаќам, ама не смееш да се откажеш никогаш зошто само полошо ќе станува од преголема конкуренција. Никој не нашол убаво место (дури и тоа убаво е реално повеќе толеранција) од пар работни позиции. Од 20 лоши, 21 може ќе биде погодок, иако не секогаш изгледа така. Доста помага и ако само читаш огласи, што се бара, што е актуелно, што може ново да се научи, ако не успева ни тоа се фокусираш на нешто друго за работа. Вака изгледа лесно кога пишувам, ама луѓе тоа е начинот, нема друг. И со врски некој да ви најде место не значи дека ќе биде добро, никогаш не знаеш каков ти е тимот, како ќе се постават, а ќе мора да се прилагодиш некако.
Јас од Маџари сум одела до Ѓорче на работа за минималец.. Од 9000.. Сум одела и на интервју во Сарај, во Бунарџик, Пинтија, Качанички пат, еднаш и во село Радишани.. Ако сакаш ќе се снајдеш, ако не ќе велиш дека далеку е од Маџари да одиш до Ѓорче на работа.. Јбг приоритети...
@Dust да, ако сакаш ќе се снајдеш, само што тоа со патувањето се толерира до одредено време и после се менуваат едноставно приоритетите.
Ти си одела за 9.000 , некој не сака. Минимална плата ќе заработам и во маркет што ми е на 10 минути без да плаќам превоз. За асално работно место и ок фирма со плата од 30 000, па нагоре и до Велес би патувала.
Па ок, ако немаш аспирации за одредена кариера туку за било какво работно место, работи си во маркет и земај си толку. Тој што ќе патува сега за минималец, за одредено време ќе може да бира со стекнато искуство.
Прајме муабет за кога минималецот беше 9000.. Исто како сега да одиш за 21000 Инаку, пред 15тина години во маџари немаше ни 5 маркети, тие што ги имаше беа семејни продавнички каде што маж и жена си работеа, не ни бараа вработени. Сега отворија 100 кладилници, казина, бутици, кам, Кипер, што уште не.. Плус тоа 18 годишна девојка штотуку излезена од средно, кој ќе ја вработи кога нема никакво искуство? Сега со ова работно искуство и знаење, нема шанси да работам за 30.000 кога другарка во Кам зема 32000..а камо ли па да одам до Велес за на работа.. Сакам да кажам дека кога ви гори под нозе ќе одите од Маџари до Ѓорче и нема да пребирате сакам до гз да ми е, далеку ми е Ѓорче, далеку ми е Бунарџик... Очигледно на никој не му гори под нозе денес, бидејќи ретко кој ќе се нафати да оди на работа саат време во еден правец.. Иначе до Бунарџик - отидов со автобус до илинден и после такси до Бунарџик.. 5км е..
Ок, ти најмногу си се снашла, јасно ни е. За минималец не знам какво убаво работно место можеш да имаш ако сакаш искрено и реално, па уште и искуство да стекнуваш Освен бутик, продавачка во Кит го, не знам кој друг нуди минималец. Кој сака во денешно време да работи за 20 000 еве не знам. Може ти Работи си, what do i care. Поздрав.
Ама какви се тие муабети дека не можете да стигнете до одредено место за интервју и другите немале емпатија? Кога аплицирате, гледате каде е фирмата. Разбирам дека долгорочно невработен нема пари, ама колку пари чини од Скопје до Куманово, 340 денари во двата правци, од Прилеп до Битола колку е? Ќе ви позајмат од дома за да стигнете на интервју. Или ако немате пари за до соседен град, не аплицирајте таму, аплицирајте во својот град. Ако немате пари за превоз за интервјуто, како би прифатиле работа во соседен град и со кои пари ќе патувате месец или месец и пол до првата плата, ако ве примат? Не е критика, ама се мисли однапред. Првата работа ми беше во Скопје. Со прв автобус патував во 5.30 наутро, значи станување пред 5, а кога ќе стигнев во Скопје имав уште 20 минути пеш. Веројатно по коментарите голем дел од феминките на ова не би се ни нафатиле. Во зима по црни темници сум одела наутро на работа. Ако нешто сакаш, мораш да се потрудиш. Џабе се карате.
@Tanjamm дали сега (со твоето искуство) би одела во друг град? Те читам, гледам дека си била многу трудољубива ама тоа е дури се стекнеш со искуство. После, секоја сака да работи за подобра плата и на подобро место. И ова е сосема во ред.
Сега само за добра плата би одела. Ма и до Охрид би одела за добра плата. Тоа сакам да кажам, разгази си патот на млади години, да не се мачиш после или да не се мачиш цел живот, оти ова е Македонија, свесни сме како е. Работното место беше добро, таа фирма беше гигант и ми отвори врати. Кога ќе се избориш со „хиени“, после полесно се дише. Мене ми беше чест што стартував во јака фирма, сакав да учам од најдобрите. Таква шанса многумина не добиваат воопшто во животот. Инаку, ако гледаме по форумов веројатно требаше да си мислам „па што таму работат имиња, ќе ме газат(а ме газеа, книга можат да напишам), „па што темница е, да не ме начека некој во мрак“, „па рано ли ќе станувам, па ладно е во зима“... Пред две - три години, се чекаме кај Цветен пазар за семинар, таму не организира еден доста познат за јавноста, ми беше идол од дете, не чита по список и вели „доцни девојката од Куманово, ќе почекаме“. А јас мислам дека воопшто не ме познава која сум, и велам „ама еве сум, јас стигнав“, и ми вели „Тањо, не мислам на тебе, Албанка е девојката што ја чекаме“. Не да ме знае, цела биографија ми ја знае, па знае и кога, што, каде сум работела. Летово исто отидов во еден мал град, и таму еден постар човек почна да ми прави муабет, јас мислам дека не ми знае ни име, и кога почна „Ама Тањо, нели ти пред некоја година прими награда во градов, па ти си таа и таа и работеше тамо и таму“ и јас онака пријатно изненадена. Извинете ако личи постот како фалење, не испуштајте шанси, не знаете зад која врата што ве чека. И сите ние ако сме зграбиле неколку шанси, сме испуштиле уште толку од скепса и куп фактори.
@Tanjamm не, не велам дека треба да се испуштаат шанси. Далеку од тоа. Животот е борба, борба е и посакуваното работно место. Многу често човек треба да има барем малку среќа порано да дојде до тоа, зашто знам доста што се труделе и никако не нашле.
Сфаќам. Лоша средина е ова. Не се само парите, ако нив ги тргнеме настрана, остануваат спомени, искуства. Летово по трет пат во мојот живот се сретнав со еден македонски бард, докажан во фелата и ми даде еден така симболичен, но убав подарок, специјално за мене, има и посвета. Останува тоа, се памти. Утре кога ќе го нема тој човек, ми останува тоа, што сум имала чест да го запознаам и изворно од него да чујам малку зборови, ама злато вредни. Таа сатисфакција не се плаќа со пари, а се почна со одење наутро по темници во 5 и 30.