Ти очигледно слабо читаш, се мисли на работи каде има организиран превоз, зошто да не се искористи тој превоз да се оди на интервју?
Затоа што тие немаат само еден или двајца кандидати за интервју. Имаат многу повеќе. И не, за интервју не е никој должен да ни обезбеди превоз. Као демек само од нас зависат, па ајде по секоја цена мора да не доведат кај нив. Едноставно е, кога ќе го видиш огласот, ќе видиш кај се наоѓа фирмата. Ако ти одговара аплицираш, ако не здравје Боже, на некој друг ќе му одговара. *Не се однесува ова само на тебе, само се надоврзав на твојот пост.
Затоа јас барав работа во близина. За да не мора да одам со два автобуса. Или со такси да се враќам навечер. Колку поблиску, толку подобро. Да одам некаде далеку и цел ден да не бидам дома, не фала.
Ако е одговорна фирма, ќе направи распоред и ќе има можност да отиднат сите кандидати. Како прво огласот е за работници, а работниците им го прават профитот, така да нема оправдување ако имаат организиран превоз, може и еден автобус за сите кандидати.
Се знае кај нас како се вработува. Најинтересно ми е кога се обидуваат да ме разубедат во спротивното. А истите тие се партиски потрчковци или имаат вујко владика.
Seuste e tesko da se najde asalna rabota, za vo dukani, marketi restorani ima kolku sakas rabota, ama za vo drzavna i javna administracija treba i te kakvi ubavi kabli da imas. Isto taka i po Bankive i institutite, vesnicite. Ako nemas vrski cel zivot ke im rabotis kako honoraren rabotnik, bez prijavuvanje. Uste za ubavi mesta treba kabli a bogami i prodolzeni kabli.Vo drzavnite firmi isto taka so dogovor na delo ke rabotis cel zivot so zalazuvanje deka eden den ke te primat na rabota. A i turistickite agencii se isto samo te prijavuvaat kako honorarec i tolku ubav honorar davaat, no nikako ne te prijavuvaat. Od licno iskustvo kazuvam i od iskustvoto na moi prijateli .
Тоа е. Нека разубедуваат до утре. Точно се глеа кој е со врски кој не, апла се познава. Останатите ќе се мачиме.
Не мислев за форумов. За мои блиски луѓе. Па и за познаници. Има и такви кои даваат мито. И со врски, ама им бараат и парички. Или самите нудат. Имам една комшика која со мито го вработи синот во Министерство. А тој иако заврши фалултет, жив неписмен е. И уште се фали како син и имал среќа да се вработи таму.
Дали знаеш една фирма што така функционира? Јас не. Викаш еден автобус за сите кандитади. Тие може да се од различни краеви на градот, плус и во различно време ќе им е закажано интервјуто. Како би го изведиле тоа? Не ве разбирам... Аплицирам во некоја фирма што сум свесна дека ми е ептен далеку, ми се јавуваат за интервју и јас кукам со што ќе одам сега, зошто не ми организираат они превоз, скапо е таксито... Бла бла бла Ако сакаш да работиш кај нив, ќе се снајдеш и ќе одиш, ако не има друг што ќе се сака. Толку е едноставно.
Да почнам со одговарање на секој пасус Со упорност не се добива работа колку за информација. За да не трчаш треба да отиднеш порано. Ова што те контактирале, а не си аплицирал е изгледа желба што си ја пратил до дедо мраз. Дали може да прашам во која временска зона го гледал сатот, со оглед дека имаш кондиција да трчаш незнам како си дозволил да се измориш ментално. Ова огласот на кој се вработи како ти кажуваш само за тебе ли беше, и ако им се допаднал и да не им киднеш немало 4 пати да те викаат. Дали ти работиш во лотарија па викаш дека за интервју треба огромна среќа, за да имаш интервју не е 7 на лото. И земи пробај работи во фабрика па ќе кажеш мислење. И не ја испуштаа шансата туку високо-квалификувани лица се спуштаат да работат по фабрики, погони, маркети и пак не им чинат не е во ред нешто.
Нема везе дали за форумот или надвор од него, вистината е таа, сакале прифателе или не, сами нека се лажат шо да кажам. Сите многу добро знаеме како стојат работите затоа и преку глава ми е веќе искрено од вакви муабети. А инаку они највеќе знаат да паметуваат и солат памет, добро позната практика.
Полесно е да дојдат на едно место и да одат со еден автобус отколку секој посебно и ова е наменето до фирмите да малце отворат погледите и да направат подобрување, и да прашам ти фирма или фабрика да не имаш што вака реагираш?
Ми се плаче кога ќе ми текне мене колку ме заебаваа на интервју оние од Прима оптикс... Милион пати ме викаа на разговор и на крај не ми се ни јавија да ми кажат дека не ме примиле, само го вртеа огласот. Ептен бев шворц, пешки акав од еден крај до друг крај на Скопје, се надевав дека штом ме викаат толку пати демек ќе ме примат очајно ми требаше работа.. Сега не знам како се, ама кога ми рече дека ќе сум работела 6,5 саати во денот од понеделник до петок и дека ќе им должам саати, па ќе работам во сабота демек за да сум ги направела 40 саати... Се изнатропаа глупости. Муабетот ми е дека стварно ми требаше работота и не пребирав, не ми е гајле дали ми верувате, ама јас пешки одев на интервјуа. Многу често фирмите користат од влада поддршка и после не се замараат со вработувања, си имаат разработено некоја шема. Имам праќано мејлови на кои уште никој не ми одговорил. За вработување со повисока плата секаде требаат врски мора некој да те подбутне.
Па и тоа 'едно место' кај што викаш да дојдат за одат со еден автобус, може на некој нема да му одговара. И што ќе отидат таму сите во исто време, и некој ќе чека 2-3 саати за да дојде на ред за интервјуто? Дај бидете малку реални, аман Не, немам ни фирма ни фабрика.
Е затоа си заминавме со маж ми. Овде го ценат трудот. Нема партиски вработувања и врски. И поарно што не сум во партија, затоа што цело време ќе трчав пред избори да барам гласачи. Партиските потрчковци треба да се послушни. Во спротивно, ќе летаат од работа. А врски не сакам. После низ да ми го извадат тоа дека ми завршиле работа. Ниту пак сум давала на некој за да ме вработи. Како што тргнало, во Мк ќе останат само послушните.
Ама не, реално и обавеза е и притисоци имаат овие партискиве ботчиња, и не им е лесно ни на нив со таа набиена агенда, затоа и такви нервозни се. Закани, уцени којзнае шо све не доживуваат, ни тој притисок не е за секого, не може секој да го издржи.
И да се одразлични гразлични краеви на градот полесно е да дојдеш до заедничка станица одколку до некоја зона каде се фабриките. По реално од тоа дека фабрика без работници е ништо, после зошто се затворале, треба да им е работникот пред се. И ако се фирма на место сите во кој ќе бидат во тој автобус ќе имаат термини за да ги вратат после сите. Ако треба ќе ги поделат по денови.
Ќе имаат термини де, некој во 10,некој во 14 часот. Тој што ќе има во 14, ќе чека од 10 до 14 часот Работникот треба да им е пред сѐ, за тоа си во право. Ама во овој случај ти сеуште не си нивни вработен, разбираш? Ако те примат, потоа е друг муабет.