Ќе отидеш каде што можеш. Односно ќе аплицираш каде што ќе можеш да одиш. Не се они воопшто криви ако ти не можеш да одиш кај нив. Секогаш има некој што може.
Пак не си ми јасна зошто толку упорно ги браниш да не си им потпарол нешто? Ако не е тајна колку те платија вака меѓу нас?
Се си измешал во мојот пост. Безвезе е и да се објаснувам, ама ќе пробам. Тоа што го кажав со трчањето беше поради превозот што доцнеше. И е случка од почетокот на мојата кариера, каде што не пребирав каде ќе работам затоа што немав избор. Ми беше најбитно да најдам работа по струка. Во Скопје не добив, успеав во друг град. Другата случка е сега, после години кариера, каде што имам избор помеѓу неколку работни места, и фала богу веќе регрутерите ме контактираат. Аплицирам и јас некогаш, не дека не, ама не е воопшто исто како кога бев со 0 работен стаж, и сега. Тоа и беше поентата на муабетот, дека на старт немаш избор и нема да ти се пружат многу шанси за работа во струката. Кажав и пример дека по 300+ кандидати има во ИТ за почетна позиција. За сениорска, како што спомна некој, по дрва и под камен се бара. Во другите струки, економисти, правници, лингвисти итн. дури и потешко е да се влезе од ИТ. И не, не е воопшто срамно да работиш во фабрика ако не можеш да најдеш работа на друго место, и ти требаат пари. Сите сме работеле некаде. Ок е и ако не сакаш и чекаш во струка работа, никој не суди. Ама срамно е да очекуваш тебе некој да ти плаќа превоз за на интервју да одиш. Тоа (скоро) никаде го нема. А со лежење и чекање од небо да ти падни работа, никогаш нема да се вработиш!
Ми се јавуваат еднаш од општина. Не од истата кај што живеев. Не знам од кај го нашле мојот број. Разговорот одеше вака - Добар ден, Х? Јас - Да. Она - Дали сте вработена? Викам - Да (не беше точно тоа). Она - Фала, пријатно. Сигурно госпожата беше од тие на власт и очекуваше одговор дека не работам за да може да ме убедува да гласам за нив. Ми се јавувале од мојата општина (и на нив некој им го дал бројот) за да ме прашаат дали ќе гласам на избори. Нормално, им одговарав не. Ама зошто? Им викав - Така сакам. И после тоа им спуштав. Идиоти. Имаше период кога одеа по врати, двете партии. Ја кажуваа накратко програмата на партијата и после ми викаа се надеваме дека ќе го добиеме вашиот глас. На едни им реков - Прво вработете ме, па ќе одам да гласам. Ми упатија поглед и само рекоа - Фала, пријатно. Имам пишувано дека секаде кај што сум конкурирала сум била одбиена. Ги примаа тие со врски или со партиска книшка. Нема нормален оглас.
Не бараат работа во рајот па да чекаат да им падне од небо. И ти очигледно не ме читаш си имаат они организиран превоз. Тоа е страмно да нема за тие што сакаат за нив да работат не е обратно.
Не ми изгледа така, и дека така стојат реално работи е вистина ама мора да се сменат за доброто на работниците.
Дааа се сеќавам и носеа репрезентативни материјали, агенди, програми отпечатени, пенкала, дури Сдс хоштаплерите и локум носеа бе. Луда работа, све праат да те убедат. Па замарање, звонење ко шо викаш. И добро прашање си им поставила ама ќутат ко пички на тоа прашање. Поарно, не ти треба леб од нив, знаеш после дека низ нос би ти го извадиле плус па шо заслужиле да ги гласаш, ни едните ни другите ни никој, сите да се истребат најубаво би било.
Ако гледаме така, да, ама многу работи треба да се сменат за доброто на работниците. А оваа е една од помалку важните. Што убаво ќе беше, само ова да е проблемот..
Извини вака ама вие каде работите, да не ви отворија работно место до дома? И меѓу најбитните е за да се вработите, како за тој што аплицира така и за таму каде се аплицира.
Без навреда на некој ама некои постови тука звучат како намерно барање изговори за воопшто и да не се аплицира за работа.
Ама за жал и немаме квалитетен кадар ( сами се буткаат во такви фирми, кој партиски, кој роднински) Квалитетот секаде е ценет, секаде ќе најде работа. И ќе си замине во странство
za viner osiguruvanje. Odis tamu se pretstavuvas , tie ti davaat hartii da gi ucis i odis od vrata na vrata i gi molis lugeto za da zemat da se osiguraat, po slucaen izbor i taka 20 dena pravis i ti vikaat ke te vikneme ako si primen na rabota. Zabe trcanjeto pari ne ti davaat. e toa e so winerot.Duri te teraat i ti da se osiguras kaj niv za da te vrabotat.
Па така де, но тука или во живо ќе ме убедуваат дека имале среќа таму и таму да се вработат. Па и уште ние што немаме врски сме бирале и не сме се труделе. Море мрш бе. Баш да видиме дали членката ќе ја каже фирмата.