1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    9.186
    Тој што сака да најде работа прво гледа каде се наоѓа фирмата, па аплицира. Ако не ви одговара барајте некаде во близина или онлајн.

    Тие ако плаќаат на сите превоз за интервју...

    Секогаш може да се најде начин да се стигне до таму.
    Со ова ја гледаат потребата за работа и снадливоста на кандидатот.
     
    На NoirSerpentine, Dust, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    11.853
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам со нудењето на полиси. Ме контактираше една познаничка, класика. Ги тераат како си, што си, изгубивме контакт. Мене баш ми падна мило, со девојчето си имав многу добра комуникација. И пази разочарувањето кога ќе видиш за што те бара. Стварно не знам што им е, ама ако мислат дека на овој начин ќе им тргне тогаш се лажат. Огласов им се врти долг период и тоа сè ќе ви каже.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Ај те молам отвори ги огласите на Вработување, Кариера, па пиши. Од лани се едни исти огласи се вртат, на половина од тие сум била на интервју или сум пратила CV, но без повратен одговор. Со огласите или си прават реклами, или им бегаат вработени, па затоа постојано им се врти.
     
    На Qwjkl, Tam4yy, Sielo❤️ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    11.853
    Пол:
    Женски
    Користат од АВРМ, исто и за практиканти. Демек еве плаќаме, всушност не плаќа фирмата и нема никаков трошок, туку се платени од Агенцијата. Скоро секогаш има по некоја мерка, најужасно е ако си практикант.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Кај ги наоѓаат тие за да им дадат пари? Кому му даваат? И јас слушам дека даваат, но изгледа треба да се има вистински човек.
    Еве имам познајничка што две години трча пред избори, но не работи државно, уште чека. :^) Значи не е само да трчаш.
     
    На izabela.nik и SummerGirl им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    19.707
    Пол:
    Женски
    Ама пример ако аплицираш за работа во банка, може да те викнат или во филијала во Ѓорче, или во Маџари или на трето место за интервју кај што им е централата/седиштето.
    И мене така за моменталната работа (не за банка) интервјуто ми беше на едно место, а работам на друго.
    Ако е далеку местото, во случајов фабриките на излез од Скопје, сметам оти треба да дадат флексибилност во термин за интервју.
    Мене ми се деси кога ми се јавија дека сум примена да ми речат ајде одма дојди потпиши договор. А требаше блиска да придружувам на лекар и се извинив реков ако е можно следниот ден. Немаше проблем.
     
    На NoirSerpentine, Dust и MarigoldA им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    19.707
    Пол:
    Женски
    Не можам да едитнам ама ќе додадам.

    И да, крајно несериозно е да те викнат на интервју во пичке си мајчине од денес за денес. Толку е зорт, огласот трае еден ден само?
    Мене така ме викнаа ама блиску беше, башка тоа време идев на пракса па немав проблем да излезам порано тој ден. Ама да си веќе вработен (а бараш нели друга работа) не можеш кога ти прдне. А сигурно нема секогаш да дадеш отказ дур бараш ново па на крај ни ваму ни таму.
    Ти само битно да покажеш упорност, сериозност од нивна страна ич не е битно. Ај важи
     
    Последна измена: 17 декември 2023
    На Tam4yy, Anyshka, NoirSerpentine и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Имам пишувано на темата. Јас како студент ме пратија на пракса во една добра компанија, се покажав добро, една колешка отиде на трудничко, друга во странство и така упаднав на нивно место. По струка работа. Уште ја немав земено ни дипломата. Се вработив на 21 година. Компанијата денес не постои, за жал. Освен примарната работа, активна сум и во други сфери. Човекот што ми даде подарок, онака, го направи тоа од своја душа. Тоа пари не носи, тоа е само една морална сатисфакција. Каде работам сега, извини, не можам да ти кажам. Ти посакувам се најдобро. Не се разочарувај.
     
  9. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на моето прво работно искуство. Со уште 2 испити и дипломска и 21 година, патував 45 минути до и од работа. 9ипол сати сосе работното време. Менував два градски автобуси, фирмата немаше превоз. Платата ми беше 18к (скоро па ништо) ама сум немала некој избор реално, без искуство и се уште без диплома, бев со ставот дај шта даш мора да почнам од негде. После неколку години работа е веќе друга приказна.

    Ама ако станува збор за човек со искуство секогаш стојам на ставот да не се прифаќа се и сешто. Сега не би се пријавила на работа у пичке материне, па уште и за ниска плата. Така да на темава сум со поделени мислења, од една страна точно е дека треба малку пожртвуваност и упорност за да се дојде до работа, ама па од друга страна човек треба да има некои стандарди да се цени себеси, не е само најди работа за ич пари битно стаж да ти тече.
     
    На NoirSerpentine, Dust и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    19.707
    Пол:
    Женски
    Дури и без искуство некогаш.
    Јас не би прифатила пример работа во маркет во друг град или да е уџум. По струка да. Оти ако ми е само колку плата да имам, а не некој кариерен напредок, ќе најдам и поблиску.
    Во Скопје живеам, маркети, бутици, кафичи има еден куп. Ако живеам во Драчево, нема во Ѓорче да идам за во Кам да работам.
     
    На Anyshka, Selena01 и MarigoldA им се допаѓа ова.
  11. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Значи работата не не најдена на оглас за вработување. Како што гласи и темата. И за што коментираме. Нема потреба да кажуваш како ти си успеала а не си ни почнала да градиш кариера на оглас за вработување. Кај нас огласите за вработување се едни исти фирми со години. И се катастрофа.
     
    На Tam4yy, Anyshka, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Ама се е тоа ок. Во банка би прифатила кај и да е зашто ќе имаш искуство и ќе напредуваш. А во маркет, бутик што ќе напредуваш? Па уште да патуваш цел саат. Јас по струка многу малку работев, и тоа хонорарно. Би прифатила и за помала плата за почеток, но барем ќе го работам тоа што сакам. И по огласиве нема асална работа, не може никој да ме убеди во спротивното. Секој ден ги отворам. Сега барам нешто посоодветно зашто сум со искуство, па нека си мисли некој и нешто дека прибирам. Ќе прибирам да.
     
    На Kiko9 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.272
    Допаѓања:
    19.707
    Пол:
    Женски
    Па истото го пишав погоре.
    Баш ми беше поентата дека не секогаш знаеш каде ќе те викнат пошто сите тука викаат - па ако аплицираш, знаеш каде ќе е интервјуто. Не, не знаеш. Ако има на повеќе места, не знаеш.
    Јас не знаев пример. Ама да беше у три лепе, а од денес за денес, ќе побарав барем следниот ден да биде. Пошто непочитување е за потенцијалниот вработен тоа.
    Претходно исто по струка ме имаа викнато за следниот ден а во Центар местото. Е тоа ми се свиѓаше.
    И дека некогаш вреди да патуваш саат два ако знаеш дека ќе ти служи за во иднина. Ама за чисто пари да имаш, не вреди.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Јас те разбирам дека се фрустрираш, ниту нешто лошо кажав, ниту те навредив. Извини ако се навреди. Оглас имаше, ама ме земаа мене, оти веќе бев таму и практично видоа како работам. Што требаше, да ме интервјуираат формално кога 2 месеци сум на пракса кај нив? Тоа ништо не менува. Ако такси ти е скапо, замоли некој познат да те однесе, дај му пари за бензин и готово, иако како е народов нефер, порадо ќе те извисат, ќе те излажат. Види што можеш да средиш.
     
    На Dust, eliesaab и Kiko9 им се допаѓа ова.
  15. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Е па ете дури и имало оглас на кој што иделе други луѓе губеле време пари... Се надевале. Но те избрале тебе. Така е за сите добри работи. А тоа се што е на оглас не чини. Сите добри работи не одат преку оглас или одат ма наместен оглас како што бил твојот.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Ти не убедуваше во првичниот пост дека си патувала во пет и нешто сабајле и како ако се сака, се се може. Ние сфативме дека преку аплицирање на оглас си добила ок работа. На крај излезе дека не си влегла преку овие м.... огласи, туку те пратиле. Затоа членката те цитира. Сега за приватни фирми нема асален оглас, повеќе за државна администрација се гледам, но и таму се знае кој ќе биде вработен.
     
    На eliesaab и izabela.nik им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Ако дебело не ја зграпчев таа шанса и ако не се изборев со хиените што културно ги тероризираат младите со цел елиминација, денес ќе бев без ден стаж, без денар. Времето си врви, луѓето си го тераат животот, никој не му е гајле за другиот, самиот си губиш со седење дома. Ништо не е тешко на 21 година, на 40 ќе биде поинаку.
     
    На Dust, Kiko9, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Епа патув

    Епа патував де. Практикант и за 2 месеци после вработена. Една од колешките од факултет по 3 дена пракса се откажа, отиде да бара полесно место за пракса.
     
    На NoirSerpentine и Калатеа им се допаѓа ова.
  19. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, затоа и се надоврзав. И јас сум ја зграпчила затоа што колку и да беа лоши условите мене тоа ми било шанса.

    Муабетот ми е, дали и на 40 би прифатила иста таква позиција со иста плата, исто работно време и истаа оддалеченост од дома, ако тоа искуство си го поминала пред 20 години? Претпоставувам дека не. Затоа што на човек со искуството му растат и стандардите.
     
    На Dust, eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  20. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Ок де, и јас патував за работа. Ама јас ја најдов на оглас и надвор од струка, пријавена со средно, а имам високо образование. Дадов отказ зашто немаше напредок и по две години. Мизерни услови со пауза од 15 минути, без да отидеш во тоалет и кафе да свариш, јадењето во грклан ми остануваше. За односите таму да не правам муабет. Постојано напуштаат од таму. Ете што најдов преку оглас.
     
    На SummerGirl и izabela.nik им се допаѓа ова.