1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Секако дека не. Немам потреба да го поминувам тој пат. И тука сега се искривуваат моите муабети во стил, демек ете не си преку оглас. Ај да прашам, колку од вас членките би прифатиле да си средите обврски за утре, цел ден си испланирала, имаш уште 10 минути пред да си одиш дома и доаѓа колешката и ти вели "извини Тање, ај те молам, утре моето е неодложно, најди си друг термин со странките". Културна опструкција е ова, завист од уши им тече, на лице насмевка, велам во ред, вртам телефон, средувам се за 5 минути, си одам навреме, нејзе вилицата и паѓа. Утре извини пред тебе ќе влезам да сработам, пак да ме кочи. Се истрпев, не се дерев, не навредив, не се откажав. И која е логиката да земеш непознато лице од интервју кога гледаш дека си нашол човек кој на сите опструкции вели во ред и ја завршува обврската во рок.
     
    На Dust, MarigoldA и Калатеа им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Јас преку огласи имам наоѓано хонорарна работа. Чим ми се јавуваа и ме ангажираа, значи не биле лажни. Сега не знам.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    6.745
    Јас си најдов 3 топ работи на оглас.

    На едната ми кажаа дека од 160 пријавени кандидати, 40% биле без соодветно искуство, дел од тие кога ги барале за интервју појма немале кај аплицирале и биле изгубени во простор и време, дел од нив немале ни 5% англиски познавање и покрај тоа што им било наведено во CV, а беше доста битен критериум.
    Моето CV беше катастрофа, меѓутоа ми дале шанса и се помина одлично.

    Не може да е грешката секогаш кај другиот.

    П.С Истата фирма објавува огласи често, и не, не е мала платата.
     
    На Dust, Stark, MarigoldA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Исто. Во фирмава кога имаше интервју, тоа беше циркус. Пријавени млади луѓе, некои со миничи, со деколтеа, невкусно, пренашминкани како за на свадба, седат во бифето, чекаат да ги повикаат, некои арогантни во фацата, мислиш еве кој сум јас, а сивиата празни. На крај примија самохрана мајка што дојде во стари фармерки, обична кошула, без шминка и 15 години постара од младиве, ама таа само имаше реално искуство, другото боза. Нека дојдат 200, џабе е кога 2 го имаат потребното искуство. А тоа што јас го поминав, 99 осто нема да го поминат од членките. Секој ден одам на работа и знам дека ми се спрема стапица. Ќе ми дадат тешка задача, ќе ме отструираат да доцнам, за да ме накодошат и да речат види ја, згрешила, доцни, не ја бива... Дали мислеа ќе ме испровоцираат да си одам, да влезам во конфликт, да ме прикажат како нестабилна, да ме понижат. Година и пол имам терано со опструкции, после кренаа раце. Тоа е македонскиот лошотилак, редок феномен, ама неописиво е задоволството кога те местат постојано да те насанкаат и после гледаш чад им излегува низ уши.
     
    На Dust, Stark, Kiko9 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    1.341
    Пол:
    Женски
    олабави малку. Не се секирај, има мнг луѓе кои поминале бетер работи од тебе и кои се имаат пожртвувано мнг. Малку понизност нема лошто да ти дојде.
     
    На eliesaab, Polyincognito, izabela.nik и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Spicy Senorita

    Spicy Senorita Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2022
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    2.595
    Пол:
    Женски
    Ова што си го опишала е катастрофа. Мобинг на работно место, па и уште горда си на себе дека си победила, ти дава лажен трип на самодоверба. А изгледа само си тонела и си станала workaholic, на кој едино битно нешто во животот му е работата. Работата е битна за да опстоиш, ама мора да имаш и интереси надвор од тоа поле. Сега и дури јасно ми е зошто толку ги фалиш работодавциве, од таа атмосфера и некој стокхолм синдром си имаш стекнато. Тебе не ти сметаат нашминканите, со мини сукња и деколте, ти сакаш да бидиш како нив, слободна. Не знам како да ти кажам, не е ова твоево за фалење. А и немам намера да те навредам, посакувам да си најдеш работно место на кое хумано ќе те третираат. Оти ова се што си навела е се освен човечко.
     
    На Tam4yy, Curious cat, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    Ај намали малку со фалење дека си издржала притисок. Еве и јас трпев. И? Ај орден ќе ве молам.
     
    На eliesaab, Stark и izabela.nik им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Па не тонев. Ми даваа покачувања.
    Платите беа добри, можностите за напредок добри, бонуси, службени патувања, пријавување на висока основица, телефони редовно нови од фирмата, солиден лимит за трошење на разговори. На постарите со долг стаж потоа им нудеа опција за земање станови. Колеги што се прават фини, а се плашат од конкуренција имаш секаде, дури и во бурекџилница, кафиќ, секаде. Ај важи, ќе седев дома поради една две љубоморни колешки.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Monarch

    Monarch Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    А да прашам вака фирмата ги прави парите или работникот, што е проблем да се организира превоз и да се разбереме очигледно не ме читате се работи за фирми кои имаат организиран превоз.

    Да ти објаснам дефиниција на потреба, потреба е чим некој аплицирал

    Додека за снаодливост може откако ќе ве вработат предтоа не гледам поента како они со тоа што се снашле да дојдат на интервју е тоа тоа.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    И така Тање на наместен оглас и препорачана има телефони, станови, подароци... А други што исто се со високо образование нема да имаат право ни да јадат на работа, немаат право на боледување, на К15 итн.. Што е Тање поразлична од нас другите што сме работеле на работи што сме ги нашле на оглас. Тање да не е новиот Ајнштајн?
     
    На eliesaab, Spicy Senorita и Selena01 им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Јас одговор на твоето прашање немам, не се знаеме. И тогаш некои возеа џипови, па јас не мислев „што бе овој вози џип, живее на Водно, јас со автобус оти е поевтино, што е поарен од мене? Па поарен е, Ајнштајн не е, ама 20-30 години искуство, се докажал, заработил, кој ми е крив мене“. Право да земат станови со поволности имаа повозрасните колеги со долг стаж ( не јас). Јас на 21 година сигурно не сум планирала да земам стан и да отплаќам. Газдата сакаше да ги награди тие што се лојални, што му работат по 10, 20 години (браво за газдата), и вие викате абе лош бил газдата, мобинг било. Епа во 238 луѓе, ќе имаш 10 со незгодни карактери ( и да не мразат некого директно, едноставно може се дрски). Ај важи, ако ме погледне некој криво на работа, еве отказ ќе си дадам, дома ќе седам, таблети ќе пијам, за кеиф на некоја си колешка што во суштина е љубоморна и ме прашува „абе што патуваш, мачно е, најди си работа во твојот град“. Газдата не може да се занимава со детски закачки, кој, кого, криво погледнал, тој си брка зделки.

    Вчера сретнав татко на моја школска, девојката стана професорка во Германија, во германско школо. Па јас не сум љубоморна и не велам „што сум јас полоша од неа“. Си направила паметен избор, имала среќа и тоа е. Живее како богиња. Што треба сега да плачам?
     
  12. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Не да плачеш туку да сватиш какви се огласите за вработување кај нас. И низ што се сме поминале ние што сами бараме работа. Ако веќе си успеал разбери го и тој што нашол нешто што е надвор од сите граници на нормална работа. Направи нешто ако можеш да се смени тоа. Не бре да продаваш приказни дека со упорност и слично се успева. Малку се луѓето во државава што успеале и тоа се препорачани.
     
    На eliesaab, Spicy Senorita и Selena01 им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    Јас потполно те разбирам. Затоа ти велам, не очајувај. Замоли некој да те однесе за интервју, плати му за гориво и готово. Ако ти не отидеш, друг ќе отиде. Има многу што чекаат да се пикнат некаде на работа. Извини ако нешто се навреди. Ако мислиме кој што има, треба сите да паднеме во депресија. Овде на форумов имаше едно момче, тврдеше дека само него лошо му оди, ако не се подобри ништо за 6 месеци, ќе се самоубиел. Му пишував во инбокс, го нема. Се надевам дека не си направил нешто поради моментален очај.

    Претходно си ми пишала дека поради мене луѓето оделе на интервју, губеле пари, а јас сум се вработила. Кои пари? 25 денари од центар на Скопје да дојдат на интервју во скопска населба, па демек нешто сум им земала? А јас два месеци пракса од Куманово, секој ден превоз, јадење? Боже господе, се некој е крив, некој некому, нешто зел. Леле, извини ама не си во право. Тие дале 25 денари, односно 50 денари во два правци, потрошиле два часа да дојдат на интервју и да си отидат, а јас 2 месеци, сум потрошила во тоа време над 6.000 денари (додека обавував пракса), и тие поради мене губеле пари. Леле.
     
    На Kiko9 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.607
    Допаѓања:
    176.652
    Тој што вози џип и живее на Водно, не е ради 20 години искуство туку оти татко му му обезбедил. Евентуално и во многу ретки случаи, партијата. Работа преку оглас сигурно не нашол, што докажал е дискутабилно.
    Имам најдено работа преку оглас, пред 100 години во мк, за странска фирма, distant work. Не се збогатив, ама бар беше нормална работа, не зависев од партии и фрустрирани шефови. Во нормални земји сите наоѓаат нормални работи преку оглас.
     
    На Tam4yy, Sielo❤️, butterfly6223 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Е баш леле. А што ќе речеш дека неколку пати сум давала 2 илјади за такси и ме одбиле. За што да молам да ме носат па тие работни места се во три смени тешки физички работи без можност за напредок. Сум станувала и во 4 сабајле за да идам на работа иаку сум од Скопје центар, сум работела во Белимбегово, во Визбегово ..... Но што ми понудиле минималец и се остало за кое постојано пишувам без к15, без право за пауза, во екстремно ладно без греење, или во лето без ладење... Помини ги ваквите и слични фирми што се вртат на оглас па коментирај.
     
    На Tam4yy и eliesaab им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.820
    Допаѓања:
    12.338
    На тие што хиерархиски беа највисоко, газдата им даваше поволности за коли. Директно имаше соработка со фирми за автомобили. И сега да плачам и да кукам дека еве, јас немам, а тој има, се снашол, види го, а јас губам? Негова работа. Битно има. Патем не сакам џипови.

    Значи од 238 луѓе, може 5-10 имале земено коли со поволности. Не им ги дал тие поволности оти се бескорисни, туку да ги награди што 10-15 години се кај него.
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.632
    Допаѓања:
    6.453
    Уште ли се води истата дискусија... Еве, мене сите работи ми се најдени на оглас, кажав дека сум работела за 20-23 илјади, два саати патував до работа, за тоа време сум можела до Кавадарци да отидам, таму да работам. :D И последнава работа ја најдов преку оглас (објавуваат конкретно на Вработување.мк, Кариера мислам, а фирмата има и сопствена страна и Линкедин каде што објавуваат огласи).

    Во истава фирма имав аплицирано во последниве 2-3 години може сто пати. Прво, ич не ми се ни јавуваа, после ми се јавија за некоја позиција, имав неколку интервјуа, тестови, задачи, ме одбија. Истото се повтори за уште куп други позиции. Ама кога бев на работ на откажување, си реков издржи уште малку, пробај, пак аплицирај. И ете, ми упали после стотиот пат, во фирма во која во последниве 2 години не знам колку пати имам аплицирано, дури мислам им имам здосадено.

    И баш зошто знам колку е тешко, и колку имам плачено и викано по дома од очај, затоа велам дека треба упорност и челична волја да се успее. Јас кога аплицирав еднаш, ми требаше помош околу некои задачи што ми ги зададоа, уште пред да ме викнат на интервју, замолив за помош од блиска другарка што работеше нешто слично и имаше некое искуство со тоа, не добив помош, на крај сама си ги направив плачејќи од нервоза од што бев очајна да си најдам работа, поминав уште видео интервју и после уште 2 интервјуа, и погодете што? Не ме примија. :D

    Така што, уште еднаш ќе кажам, зборувам од искуство и никогаш не се откажувајте, се наоѓа и работа преку оглас, ретко е да, ете мене после скоро 3 години ми се трефна некоја понормална работа, ама се наоѓа.
     
    На Billy Idol, NoirSerpentine, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  18. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Јас само се прашувам колку е нормална нашава држава?
     
  19. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам дека немало греење во фирмите, немало право да јадеш итн. Таа за џипови ми збори. А бе девојко до фирмите е треба да си ги корегираат неправилностите од сите аспекти па да видиш како ќе има работници. А не да ми вртат огласи едни те исти и да се вика да има работа на луѓето не им се работи.
     
    На eliesaab и Spicy Senorita им се допаѓа ова.
  20. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.032
    Допаѓања:
    87.105
    Пол:
    Женски
    Најдов нормална работа по струка и добро платена на оглас.
    Без врски и партии.
    Приватно,ама ако си ко поговорката ”Барам работа дај боже да не најдам”
    Никогаш нема да најдеш.
     
    На eli25, WarriorAngel, Dust и 5 други им се допаѓа ова.