Се каам секој пат кога ја отворам темава. Знаеме дека со успех секаде се стигнува. Тоа што некој работи со години минималец е да добие искуство не за друго. Почекајте после едно 30 години ќе биде големата плата. Кој му е крив на некој што работи со минималец и нема како да ја прехрани фамилијата?? Нема врска тоа што неписмени стануваат професори, директори без да добијат искуство од минималец. Не работиме, мрзливи сме, затоа се празни државата. Ќе видиме за 4-5 години.
Браво. Памет многу одговор. МНОГУ МНОГУ ВИСТИНА во ОРЕШАНИ ич не сум ЛЕПНАЛА 2000 денари на такси и да не ме ни извистат дали сум примена.
Така е затоа тие требале да ви обезбедат превоз и така имаат организиран, ама со вакви многу кои ги правдаат во стилот треба да се снаоѓаат сами за нема иднина.
Не знам некој да го објави меилот да видите во HI-TECH ОРЕШАНИ како ви се понашаат во МЕИЛОТ нема никогаш да отидeте по пруги и по 6 села да поминете. Да беа по културни и да дадеа опција онлајн или да се менува термин можеби ќе отидев. Ја не сум СТОКА да ме третира така некој. Буквално како стока те третираат НЕ ТОЛЕРИРАМЕ ДА КАСНИШ а се наоѓаш на крај на светот па десно.
Значи вака накратко. Сум работела во Визбегово, Белимбегово, Бунарџик, .... Нешто и во центар. Сум работела без греење ладење, без к15, без право за боледување, со годишен одмор од две недели годишно, со прекувремени неплатени... Да не се повторувам што се уште не сум налетала. Ако јас важам барам работа а молам да не ја најдам незнам што да речам.
Затоа што огласот не е само за еден град, туку за цела Македонија за сите кои сакаат да аплицираат. Не знам што очекува некој превоз и да се поаѓа од Ѓорче и да оди до Орешани или од Ново Лисиче до Визбегово. Плус сите не се во исто време за интервју. Не е тоа ни пракса, па некој да покрива трошоци за превоз до фирма. Откако ќе ве вработат да плаќаат превоз за систематски преглед, обука итн.
Леле навистина? А да прочиташ убаво што се пишува. Зарем ти ова го заклучи, златна? Еве да ти појаснам дека и за во магацин, декларант сум праќала CV, немав повратен одговор, а отпосле дознав дека со врски влегувале. Еј за во магацин со врски. Ова пред да стекнам некакво искуство, значи се ќе прифатев. Ама ти се најде да не просветлиш. Браво.
А дали си информирана дека имаат они од секаде превоз, а јас префложив за новите кандидати да дојдат до заедничка станица и да одат сите заедно. И целта да се сменат работи на подобро не да одат кон полошо. И повторувам работникот носи профит не фабриката/фирмата.
Tука имам читано од доста членки од малцинските заедници, во смисла дека имаат работа со убава плата, дека повеќепати годишно одат на одмор, воедно се мајки, купиле плац, голем, куќа направиле, пари чување во сефови, а баш сакам да кажат како се организираат, па нешто да научиме. Не ми текнува која беше да ја тагнам, небитно, ако прочита и ако сака нека пише. Имам работено и со колеги Турци, Бошњаци, Торбеши, Срби, по некој Хрват, имаше и двајца Албанци, дали е до домашното воспитување, религиозноста, не сакаат да направат зло, не прават зло, нема шанси да те накодошат. На едно добро, 10 пати враќа со добро, кај Македонците е обратно. Македонците се нешто не им чини. Сакаат на туѓ грб, со кодошење побрзо до покачување, преку ред. Ај важи, сега од такви ќе се нервирам и ќе се откажувам од се што правам во животот. Апсолутно си победник штом некој се труди да те провоцира, а не успева. И штом ќе се одржиш во струката преку 10 години, да, победник си. И не ми кажувајте за условите во фабриките, што не ги пуштаат во веце или да пијат вода, тие фабрики не се мои, не ме прозивајте, тие се најчесто на странци, а шефови Македонци се изживуваат врз други Македонци. Фемина да беше фирма со работници, одамна ќе беше во стечај, ретко кој со кого би зборувал, не да работат како тим. Крајно, ако имате некој мал капитал, идеја, поддршка од родители, почнете со некое гранапче, свој бизнис, така нема да има мобинг, ќе си плаќате к-15 итн.
Не отворај, не читај, не полагај надеж во Македончето. Ништо не се сменило. И јас баталувам и не читам веќе.
Абе вие може и ќотек сте трпеле за 50 евра, не значи дека сите треба. И да, иди работи како студент во кафич ама да ти се даваат 1000ки за такси за интервју во Орешани. Ама оти младиве не биле самостојни. Ќе стискаш и ќе гледаш да заштедиш на све и ете ти ја Славица ти вика да дадеш 1000ка за такси оти Трпе од фирмата од Орешани не почитува туѓо време
Не знам зошто имаш ваков агресивен став?! Се препозна во напишаното? Од 2020 едно те исто пишуваш,не е се со врски,разбери. Еве те демантираме. Како се надгради ти себеси? Дали се обиде да најдеш работа не само по огласи туку и онлајн за странски фирми,преку линкедин?!
Зини да ти кажам за болдираното. Ако читаш убаво, ќе прочиташе дека имам работно искуство, и тоа од неколку години, сега барам нешто подобро и посоодветно. Не сум ИТ, не сум инжинер по стрка. Странски фирми бараат одлично познавање англиски, германски јазик. Англиски знам, но да се разберам или ете да искомуницирам, но не толку напредно ниво. Не е само да аплицирам за странска фирма, но ок, ти само да пишеш нешто. Толку од мене.
Како да се надгради за декларант во магацин? Како да се надградам за професор во средно училиште? Неможеме сите да стануваме информатичари со надградување и обуки. Обично обуките се од таа област? А и ако нема пари да вложи како ќе се надгради? Имам другарки со неколку обуки различни од нивниот факултет како на пример негователка на деца па работи во фабрика дур може па дава отказ зошто се работи во нехумани услови.
Мој бивши колега, сосема случајно влегол во државно, без врски, замислете. Едноставно им требало човек што работи со одреден тип на опрема, такви во градот има неколку, другите се вработени. Му се јавиле, го прашале, прифатил, а не е член на партија. Другиве колеги му љубомореле. Ова наместено е? Чиста среќа е тоа.
Нова средните училишта едно 5 пати имаа оглас за професори, одиш на обуки за social skills, пристапи за однос со ученици, не може ништо да нема за да учиш, ако не да платиш, бесплатни има мал милион. Работа со системи, ексели чуда, системи за менаџмент на задачи, сѐ тоа носи поени. Наместо фемина и фејсбук, пролистајте HBR, Ted Talk некој, милион сајтови има што ги објаснуваат тематиките. Англиски ако гледам дека бараат 99% од фирмите ќе запнам да научам, стварно не ве разбирам. Се одјавувам на темава, џабе дискутираме кога се е контрање и еден ист муабет ВРСКИ, ВРСКИ, аргумент никаков.
Дали ти мислиш дека совети дадени на HBR, Ted Talk се аплицираат кај нас ? Ако мислиш така земи пак изгледај ги излези надвор малце и види каде си.
Па со сигурност е подобро тоа него да дремам на форум и да се жалам 100 години. Ги истресов од ракав, за секоја струка си има различни извори на знаење нели.
Не не треба да одиме на обуки што сами ги плаќаме. Туку обуката ја прави фирмата на тој што ќе го вработи. А кого ќе вработи се знае тој што е препорачан.
Рече цитирам "Се одјавувам на темава" некако не ти се дава. И гледам дремеш некако нели. Од ракав истресување не помага на никој не е казино ова, туку совети за вработување.