1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Фирмата ќе те обучи за работните процеси/обврски/проекти во склоп на позиција и организација.

    Ама не и за вештини, компјутерски познавања, јазици и сл. Пример, ако се бара ексел, ќе вработат човек со солидно познавање, нема да обучуваат некој од нула пивот како се прави.
    Или ако се бара соодветен јазик, нема да платат курс на тој што не знае, па допрва да го научи, ќе вработат веќе некој што го зборува јазикот.
    За позиција со Б категорија возачка ако се бара шофер ќе најдат таков, нема да земат некој прво да го вработат па после автошкола да му обезбедат.

    И многу други примери, каде некои вештини и квалификации што треба однапред да се знаат, а настрана е обуката што ќе ја поминеш за да се вклопиш во фирмата.

    Кога сме кај обуки, преку аврм во соработка со семос има бесплатни курсеви за луѓе што во евиденција на аврм се водат како невработени. Не значи ни дека ако некој има некаков курс веднаш ќе најде работа, ама не е на одмет, секое знаење е за себе голем плус. Ако некој го интересира ИТ еве линк со информации:
    https://besplatniobuki.semosedu.com/
     
    На blueeparadise, NoirSerpentine, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.032
    Допаѓања:
    87.105
    Пол:
    Женски
    (facepalm)Џабе е човек со вас да се објаснува.
     
    На NoirSerpentine, Dust, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.899
    Допаѓања:
    35.674
    Пол:
    Женски
    Кога ни требаа пари работев и за 6000. Добивав критики дека сум будала што идам да работам за тие пари. Нема секој среќа да се пикне на убаво место. Сменив маркети и стекнав искуство. Во последниот маркет кога работев (маалски маркет) сите кои имавме работно искуство земавме поголеми плати од тие неискусните. Не може почетник да зема иста плата со некој кој е со години таму. Ми беше побарано мито за да работам во администрација, ама одбив. Кога се јавуваат за интервју треба малку да имаат осет. Не да те вика во 5 до 12 да отидеш, а фирмата е далеку. Еднаш ми се јавија околу 10 часот да одам на интервју во Илинден, во 12 часот. Не отидов. Немаше шанси да стигнам навреме.
     
    На Anyshka, NoirSerpentine, Dust и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    9.186
    Додека некои дојдат до заедничка станица ќе отидат и до местото. Не се сите блиску до таа заедничка станица.

    Никој не е должен да ве донесе до фирма, ако ви одговара арно ако не има на некој што му одговара.

    Барате работа а не сакате да ја најдете.
     
    На NoirSerpentine и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  5. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Целосно непочитување на невработените и тука на форумов па камоли од работодавачите. Како што спомнаа и тој во човечки ресурси да добие плата производ треба да направи овој во производство. Затоа треба да им се подобрат условите на работниците кои ги работат најтешките работи во никакви услови, а од нивната мака зема плата цела фирма.
     
    На Anyshka, ijana и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.899
    Допаѓања:
    35.674
    Пол:
    Женски
    Ако во огласите пишува дека се бара да имате возачка дозвола Б категорија, јасно е што се бара. Нема сигурно превозот да го плаќаат. Фирмата има возила и ги дава на вработените (превозот е платен). Ако треба да одите на терен не е извидливо цело време да се возите со автобус затоа што нема да стасате навреме.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    12.017
    Пол:
    Женски
    Која членка? :?: Таа што идела у 5 сабајле што станувала у црни темници и после имала среќа веднаш да учи од најдобрите и најјаките и одма ја забележале, се издвоила од толпата и ги имала сите привилегии?
    Ќе ја каже фирмата 100%. (y)

    Некои све фино си зборат и на место, ама и го идеализираат сето тоа, намерно изоставувајќи го главниот дел зад кој лежи зајакот. Ама ако, не можат да убедат колку и да се трудат.

    Туку збориме сеа за вработување, кога би дошло до тоа, а за другово што сте збореле претходно, за интервју нормално дека патниот трошок е на товар на потенцијалниот работник и не треба да се бунат тука воопшто и да пребираат, кога самите они свесно аплицирале и ги прифатиле условите.

    Се измеша темава ама добро, поентата е таа, големата слика е кристално јасна и нема што да се дискутира понатаму.

    Би требало да се намали малце со контрадикторностите ама изглеа тешко тоа.
     
    Последна измена: 17 декември 2023
    На Spicy Senorita, Anyshka, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Луѓе, абе никој не ви должи да ви ја каже на анонимен форум фирмата во која се вработил преку оглас. Може не сака сите да знаат кој е, од каде е, каде и што работи, колкава му е платата и слично. Тоа што не сака да сподели, не мора се лично да си сфаќате, сепак на форумов некои луѓе пишуваат за интимни ствари, нема на тапет да ја стават фирмата во која работат.

    Еве, членката @blueeparadise сподели дека во Causeway Connect се вработила преку оглас и е задоволна.
    Приметив дека има огласи од линкедин од истата фирма на блу, може ќе му се најдат на некој ако се пронајде во профилите кои се бараат:
    https://www.linkedin.com/jobs/view/3784804719
    https://www.linkedin.com/jobs/view/3783593442
     
    На Angie1432, blueeparadise, NoirSerpentine и 2 други им се допаѓа ова.
  9. izabela.nik

    izabela.nik Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    6.111
    Пол:
    Женски
    Не немораше да го каже баш името, ама така ете квалификациите условите што ги исполнила итн. Исто како тука што си поставувавме прашања од типот искуство за базаро ,или за некој маркет, или за некоја фабрика. Тоа и се врти по огласи.
     
  10. Monarch

    Monarch Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2023
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Машки
    Треба да биде должен, и ова се однесува на сите кои паметуваат дека не треба фирмите да обезбедуваат превоз би замолил да прочитаат што пишувам мислам сте писмени и пишувам на МАКЕДОНСКИ, повторувам се однесува на фирми кои имаат организиран превоз и не баш така да дојдеш до железничка и до индустриска зона или некаде каде е улица темница број не се гледа.
     
    На eliesaab и izabela.nik им се допаѓа ова.
  11. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.145
    Допаѓања:
    12.017
    Пол:
    Женски
    Во ред е тоа, никој не бара да сподели детали, таман работа, туку истата таа прашува и се интересира за другите плус и многу паметна се прави, а она се крие ко змијата нозете затоа и се бунам.
    Се знае, за се има одговор, критикува, плука и мрчи, а кое ќе ја прашаш за нешто конкретно тогаш не и се праи муабет и мења тема.

    И ете ја праша членката за квалификаците и условите не ја праша точен назив на фирма да каже ниту cv да ни прати како што сама еднаш изјави.
     
    На Anyshka, eliesaab, izabela.nik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    2.977
    Пол:
    Женски
    Организиран превоз е луѓето што се веќе вработени во таа фирма.
    Ти си запнал превоз па превоз.. Не знам како не сфаќаш дека фирмата не зависи од тебе во случајов, има уште многу кандитади што се пријавени на тој оглас, и што без проблем ќе се снајдат и ќе одат на интервјуто. (Нормлано да бидат навреме известени за место и време)
    И некој од нив ќе биде примен, а не некој што стои на форум и драми како треба да одат со организиран превоз.
     
    На NoirSerpentine, Dust и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    13.343
    А што има па мене членки да ми кажуваат да одам на вакви, онакви курсеви ако сакам да работам во странска компанија? Може немам пари за курсеви по германски јазик, па затоа барам работа како администратор во наши фирми.
     
    На eliesaab, ijana и izabela.nik им се допаѓа ова.
  14. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
    Во таа фирма е невозможно да влезете. Имаат процес на селекција од 10 фази побрзо во Наса ќе влезете него ли во Causway. Плус има многу пријавени на огласите и некои ги пуштаат по 2-3 пати бидејќи не знам какви квалитети бараат. Неколку пати бев дел од процесот и ништо не успејав да влезам и се откажав.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
    Огласот за рекрутер го имаа пред некој месец и сега пак не знам дали ги бркаат на месец луѓето.
     
    На izabela.nik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
    Процесот е многу долг и изморува не ви ја препорачувам фирмата.
     
    На Tam4yy, Spicy Senorita и izabela.nik им се допаѓа ова.
  17. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    11.350
    Пол:
    Женски
    Затоа што е точно дека во македонска фирма потешко се наоѓа работа плус административен сектор ни е презаситен, преголема конкуренција, уствари ќе најдеш ама или платата или условите нема да чинат. Реално, дури и администрацијава на државно не зема многу, скоро видов оглас за референт во некоја си агенција за не знам што беше (државно), платата е 24.600.
    Оттаму е советот за преквалификација или курс. Во странска фирма со канцеларија во Мк полесно се влага отколку во македонска, пошто одма отпаѓаат кандидати што не го знаат јазикот.
    Секако дали слушаш некој друг или не, од тебе зависи, искрено не мислам дека препораките за курс беа со лоша намера, може само така ги доживуваш пошто имате спротивставени ставови со членките на темата.

    Јас лично немам искуство. Членката што си ја кажа фирмата, имаше пишано дека имала повеќе пати аплицирано кај нив преку оглас, и последниот пат упалило, па затоа ги споделив огласите, мислев ако неа и успеало, може ќе му се посреќи и на друг.
     
    На Tam4yy, Tanjamm и Dust им се допаѓа ова.
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.717
    Допаѓања:
    172.705
    Пол:
    Женски
    Ако живееш во Драчево и се вработиш во кам, ако кам има потреба после некој месец ќе те прати во маркетот во ѓорче.. А ако не ти чини, ќе си дадеш отказ и тоа е тоа.



    Тие што велите дека фирмите што имаат превоз за вработени треба да обезбедат превоз за кандидатите...
    Еве замислете дека сте кандидат..

    Иде сабајле во 7 превозот и ве собира со работниците..
    Во 8 има еден интервју..
    Во 8и30 вториот
    Во 9 третиот
    Во 9и 30 четвртиот
    Во 10 петтиот
    Па пауза..
    Во 15и30 петнаесеттиот на пример..

    Вие сте 15ти..
    Дали вие ќе чекате од 7 сабајле до 15и30 за интервју? Гарантирам дека одговорот е НЕ.


    Другите што сте дипломирале пред некоја година и велите дека не би дале ни денар за обуки и дека работодавецот треба да ви плаќа... Вие сте застанале со учење во 2015та и не сте во тек со начинот на работа во 2023та..

    Сте слушнале за меки вештини?
    Поработете на нив..за промена

    Во последниве 6 години имам поминато преку 18 обуки и преку 40 работилници...
    Сама сум плаќала за обуките, а од работилниците иако нема финансиска придобивка, со задоволство сум ги прифаќала па дури и сум инвестирала време и пари за да стигнам на нив. А знаете дека од Берово до Скопје не е мал финансискиот дел за патни трошоци..


    ЦЕЛ ЖИВОТ треба да се надоградувате.
    Макар и со онлајн курсеви од LinkedIn learning, udemy, coursera итн..

    Кога регрутерот ќе види празно ЦВ во делот на обуки, одма оставате впечаток дека не сте заинтересирани за учење на нешто ново, за надградба, дека немате створено навика за учење и дека не посветувате внимание на своја надоградба.
    На никого не му треба мрцина во фирма.. Па можете како сакате да ме разберете

    Ова пишаново не се однесува на никој посебно, кажано е во контекст на сите муабети погоре


    И уште нешто... Ако не одите на интервју во некоја фирма во Бунарџик пошо ви е далеку, секогаш ќе има некој што ќе оди. Не се секирајте, таков е пазарот на трудот. Никој нема да умре од жал што некој кандидат не отишол..
     
    Последна измена: 17 декември 2023
    На eli25, butterfly6223, Priroden и 10 други им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.899
    Допаѓања:
    35.674
    Пол:
    Женски
    Затоа секогаш ги бирав оние огласи каде што ми одговара местоположбата. Нема сигурно да одам на работа од Ѓорче до Визбегово. Малтретирање е.

    Блиска особа работи во фабрика. Нема да именувам која. Почна со минималец, како обичен работник. Оттогаш 3 пати ја унапредија. Сега зема 40 000 плата. Странците го ценат трудот. Некогаш треба да се почне од почеток.

    Ова не е наменето за никој член.
     
    На eliesaab и Dust им се допаѓа ова.
  20. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    274
    ФИРМАТА Е НЕ ВОЗМОЖНА мисија еве и членката аплцирала многу пати. Значи НЕ Е ВОЗМОЖНО да влезете таму на членката и се посреќило. Знам многу луѓе што апп и не им се ни јавиле значи. Сигурно се со препорака или сл.
     
    На eliesaab и izabela.nik им се допаѓа ова.