Јас кога пишував тука на форумот дека во фабриките тука на истокот земаат по 36000, луда ме правеа.. Они слушнале од тетка стрина комшивка, друга патничка во автобус дека работат за минималец.. Ако веруваме на рекла казала не стигаме далеку.. Не знам во која тема пишував дека тука по пиланите и фабриките за пелети земаат по 40.000 ми се смееше некој.. Кога викав дека во маркетите тука земаат по 28000-30000 пак ми се смееа.. Значи кој сака да работи ќе најде работа.. Не, не можеме сите да работиме во администрација ОК? Не постојат толку позиции за администрација колку што има луѓе што сакаат административна работа да работат.. Проблем голем гледам и во нашето образование, благодарение на него сите добија дипломи и сега сите сакаат фотељи.. Треба да се нормализира и работењето во фабрики, бидејќи ние немаме бог знае каква индустрија, за да имаме милион работни места..
По муабетите испаѓа дека секоја фирма треба да има минибус или автобус, па да носи потенцијални кандидати на интервјуа. Секој што се чуди го нарекувате бизнисмен или БОТ. И гратис сако за интервјуто за секој потенцијален кандидат. И после се чудите зошто работодавците одат на сигурна варијанта, тоест прават трансфер, земаат вработен од друга фирма за повисока плата. Значи не на оглас, туку ќе земат човек по препорака. Сигурно нема и превоз да праќаат за некој со кого не би се договориле.
Не викам дека мора да ги носат луѓето. Но доколку е позиција од ранг АДМИНИСТРАЦИЈА,МАРКЕТИНГ,ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ да ПОНУДАТ онлајн опција а не HI_TECH во некое село после 7те планини и после пруги до Бугарија да ти третира како СТОКА и да ти пишува МЕИЛ значи воопшто не ти се јавиле да се кориднираат со тебе за термин ти наредуваат да идеш во 12 во ОРЕШЕВО и не смееш да касниш и не може да не отидеш пошо друг термин нема да добиеш. НА ШТО ЛИЧИ ТОА?
Треба да си тешка лудача на таков меил да платиш 2000 денари за такси и да отидеш а веќе им се пополнети сигурно позициите.
Не мислев на тебе. Паметна си ти. Сама си рече, не се фрлаат пари за такси 2.000 денари. Ти се распрашуваш кај аплицираш. Ти си сосема ок, не наседнуваш.
Таков мејл заслужува соодветен одговор.. Почитувани, Би сакала да ја одбијам Вашата понуда за интервју. Се чувствувам згрозено од Вашиот однос кон потенцијалните вработени и не се пронаоѓам во фирма каде што мобингот се гледа од прв контакт по мејл. Се надевам дека никој нема да се залаже да се вработи во Вашата таканаречена фирма.. Со почит, Потенцијалната вработена
Фабриките кои се надвор од градот имаат опција за онлајн интервју Vanholl за позиција во администрација ми беше онлајн за твоја информација. Не знаев дека се многу памети во Орешани па ќе ми пристигне таков меил. Никогаш не би дала 2000 денари за некој со таков став и однос кон мене. Ја не сум СТОКА а ти доколку се цениш толку иди во Орешани
Да, да, сосема си ок ти. Ако е позади грбот на господ онлајн нека биде. И јас не би дала 2.000 денари за такси, ма ни 1.000 не би дала.
Ова е во иронија кажано или реално си кажуваш бидејќи не можев да сфатам? Такси до Орешани испод 2000 денари нема да е во 2та правца што сметам дека на таков кретенски однос се џабе фрлнени пари подобро во Зара ќе си купам нешто за тие пари . Да се јавеа фино и културно да ме прашаа може ли да отидам како сите нормални фирми што прават можеби и ќе дадев во некој случај.
И во Алфи многу понижуваат аплицираш за администрација ти нудат касиерка платата минималец мизерна не знам што се замислуваат фирмиве.......
I jas imav cudno iskustvo so niv.Provoto intrevju na telefon ok se pomina ,ajde se na vtoro so niven klient super I toa pomina I na I kraj mi vikaaat nema da prodolzime so tebe a pritoa mi nudat druga pozicija.wtf?? Pa jas da bev interesirana ke si aplicirav sama.
Не, искрено ти велам. Каква иронија. Барем си свесна дека 2.000 денари се многу. Девојчето што ја отвори темата за превозот, кажа дека веќе плаќала такси како што сфатив по 2.000 денари и не била вработена после интервјуата. Нема логика тоа. И добро е што споделуваш инфо каде, какви се условите, да знаат да не наседнуваат.
Многу е чудно што не постои некоја членка што сподели ти нудат дргуа позиција а за таа те одбиваат. Изгледа стандард е тоа кај нив да не те одбијат скорз по културно ама невозможна мисија е да влезеш.....
Интервјуата треба да бидат ОНЛАЈН за таквите фирми а за позиции инжинеркси каде што има тестови треба да имаат организиран превоз никој не е должен 2000 ден да плаќа такси пример за фирмите на автопат што се ептен се далеку од Скопје не гине 1000рка натаму и 1000рка наваму . Позиции од тип човечки ресурси ,маркетинг , администрација може комплетно онлајн да се . А оние за оператор доволно е само на телефон да те исконтактираат и да те примат. Ова пракса ја практикуваат фабрики како што се Vanholl и многу други интервјуата им се онлајн за администрација . Има 1-2 интервјуа онлајн. Останатото како фабриката во ОРЕШАНИ HITECH ги карактеризам како ШУНД компании кои треба да се избегнуваат. Точка . Просто и едноставно. А и реално никој не е должен во недолија да оди и да плаќа такси 2 илјади и да му кажат аа извини ние бараме некој со повеќе искуство и тоа се случувало каде што HR те вика на интервју и ти викаат после ама ти имаш академија ние бараме менаџер а во огласот пишува да знаеш дигитален маркетинг...... ЖИТО ЛУКС пример фирмата која е исто така далеку во мојот случај платив само 1000рка да ми кажат дека со академија нема да ме примат. Македонските фирми се иживуваат уште во старт на интервју додека странските имаат некое ниво . Со странска фирма сум немала проблем. Алфи,HITECH,ЖИТО ЛУКС се дел од фирмите кои треба да ги избегнувате на големо.
Така е, во право си. Седи дома и кукај, може ќе се најде некој да дојде од дома да те земе и да те вработи негде. Ова ви е само изговор, барам работа, ама подобро да не најдам! Поздрав и секое добро