Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Огласи за вработување

Дискусија во 'Барање работа' започната од Artemission, 7 октомври 2011.

  1. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    11.425
    Пол:
    Женски
    Ако е аутсорсинг не гледам зошто не би аплицирала повеќе пати. Еден оглас им е за еден клиент, друг оглас им е за друг. Регрутерите од аутсорсинг компанијата им ги бркаат апликациите, после тоа нивниот клиент го бира вработениот. Ако потоа истите објават оглас не значи дека пак им е за истиот клиент, може да е друга компанија од сосема друг сектор и друга држава.
     
    На Tam4yy, GirlLove, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.944
    Пол:
    Женски
    Ете можеби нема опција за онлајн . Вие ако уште од старт кукате дека е 1 саат пат па како ќе биде кога ќе се вработите ?
     
    На NoirSerpentine и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    А како во короната имаше опција? Не сакаат, не дека не може.
     
    На izabela.nik и ijana им се допаѓа ова.
  4. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.944
    Пол:
    Женски
    Океј е и да не сакаат . На крај краева вие барате работа ..
     
  5. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    Ок. Затоа нема да не биде. Уште од старт некои фирми си замислуваат како да аплицираш за НАСА, па и надмен однос, демек тебе ти треба работа, ќе биде како што јас сакам.
     
    На SummerGirl и izabela.nik им се допаѓа ова.
  6. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Дали има некој вработен како графички дизајнер во некоја фирма, ме интересира како одат почетните плати?
     
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Зависи дали си јуниор или сениор и колку вештини имаш. За почетници и некои со основни скилс некаде 24илјади (до 27 белким лол) а понормални плати од 30 па горе
     
    На Cinnamon Bun му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    275
    Bravo girl
     
  9. Kiko9

    Kiko9 Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2023
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Машки
    :D :D :D :D
     

    Прикачени фајлови:

    На L.i.n.a.a и Easter им се допаѓа ова.
  10. Easter

    Easter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2023
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.944
    Пол:
    Женски
    Лесно и едноставно :D па после се чудат:rofl::rofl:
     
    На L.i.n.a.a и Kiko9 им се допаѓа ова.
  11. Fluke18

    Fluke18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Некој да сподели искуство со Студио Модерна,како се со плати и кои се условите
     
  12. yahoo123

    yahoo123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    40
    Има некој искуство со Центар за дијализа Диаверум? И како доктор и како сестра, општо ме интересираат условите за работа и платата во кој ранг се движи.
     
  13. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.876
    Пол:
    Машки
    За огласи имам поделено мислење, бидејќи многу пати ми функционирале, но исто толку пати не.

    Особено со некои веб страни за огласи, како пр. вработувањемк, со сигурност знам дека мојата биографија не стигнала до работодавачот.
    Зошто? Не знам, еден период ко мн багови да имаа. Или може сакаат да си претплатен за да имаш предност? Појма немам.

    Моја препорака од искуство низ годините е според струката, или според тоа во која област се бара работа - директно да се аплицира во фирмите кои одговараат.
    Многу од нив имаат отворени огласи на нивните веб страни, и така контактот е без посредник - огласник.

    Други опции се следење на фирмите од одредена индустрија на социјални мрежи и тн. бидејќи честопати огласуваат самите.
    Плус линкдин и слично.

    Некогаш и самоиницијативно влегување во фирма со папка со биографија за некои работодавци може да направи многу, и да го издвои кандидатот од другите.

    Дефинитивно не мислам дека барањето на работа треба да се ограничи само на следење огласи на странициве што се за тоа.

    Шо се однесува до превоз за на интервју, никогаш не ми ни текнало како опција.
    Ако не е наведено во огласот дека има превоз за нешто, не би ни очекувал искрено.
    На крајот на краиштата, зборам за Скопје, низ сите индустриски зони или во нивна непосредна близина поминуваат селските автобуси, а застануваат и меѓуградските.
    Не се до толку недостапни.

    Единствен случај до сега, да ме носат организирано на интервју за работа ми било преку агенција за посредување при вработување.
    И искрено, тотално изгубен ден.
    Поарно со 3 автобуси во еден правец ќе одев отколку да чекам 5 саати да завршат сите интервјуа.
     
    На golemiotmalisan, Dust, L.i.n.a.a и 6 други им се допаѓа ова.
  14. ijana

    ijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    275
    Во тој случај во ред е 2-3 пати да пробаш. Но во друг случај кога е само 1 компанија во прашање и те одбиле нема логика пак да пробуваш барем додека не се смени HR-от. А сега има много промени никој скоро не се задржува во една фирма повеќе од 2 години тоа е чудо посебно во HR секторот.
     
    На Spicy Senorita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bisera J

    Bisera J Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2020
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Nekoj da ne ima sto raboti logistika vo Bazaro?
     
  16. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    У Мети и НИСК Холдинг пред 4-5 години имам на интервју идено додуша ова второво се симнав до кај шо иде бусот и ми кажува 3км уште. Стигнав до патарина пеш и терам со гугл мапс коа ме фати еден дожд по една кал коа се заакав. Среќа имаше вирови вода пред фабрика па не им влегов со калливи чевли :D накај 2 саат беше чуварот ми рече автобусот оди назад у 3 и така се вратив. Мислам да прашав пред тоа и ќе ме земеа и сабајле ама не прашав.

    Последниве години по струка имам работено такви ужасни работи со такви катиљ луѓе.

    Ковид тестирав, ај океј беше првите неколку месеци додека беа само антиген тестови едноставно е кој е позитивен, ама дојдоа ли пцр не можеш да се заебаваш мора 100% да докажеш . Викам обука да ми се одржи не можам ја туку така имал немал симптоми да кажувам е или не е позитивен. Ќе ти одржиме обука. Ми дава број од кинезот шо му ја продал опремата. Ја втора смена, ми вика звони му на кинезот на ватс ап. У Кина два сабајле типот сонлив:rofl::rofl: ќе ми објаснувал машината како работи, а те чекаат 50 теста.

    Кажуваш јасно нема јас да кажам кој има симптом кој после од лекар терапија ќе добие и да му се деси нешто. Нека ги работат тестовите у другата лабораторија. Па, закани од директор повишување тон и не ги направив ја тестовите. Така неколку недели со секојдневно жалење по телефон дека за обука му барале 1000 евра.

    Следно гледав видеа од обуката ништо, сам се тестирав докажував криви, мислам сфатив. Поминаа неколку недели имаше 4 теста само. Нема шанси да згрешиш и 5 пати да ги повториш. Излегува еден позитивен, 3 пати го преповторив тестот. Ми се јавува газдава вика тој не може да е позитивен возач е мора да вози група утре.
    Си пишувам писмо утредента праќам на адреса на фирма со месец дена отказен рок и заминувам.

    Абе камери со звук ни постави лудакот, мислеше дека го крадиме или само сакаше да не уценува да не си одиме праќајќи луѓе да ни нудат пари без да ги тестираме да му дадеме каков тест сака.
    У 11 навечер ни се јавуваше на сите дали мислиш дека овој ме краде у надеж дека некој некој ќе обвини :rofl:
    А уствари имаше едноставно објаснување за се, фанилијарно беа по казина и не верувам дека водеа било каков рачун за парите.

    Такси плаќаше фирмата, сакаше да не намести вработените да го платиме. Помина еден месец отказен рок, еден месец и пол патував низ Европа психички да се одморам. И ја у Осло, ми стига порака овој месец минималец ќе исплатам. Викам, ја плата добив за сите месеци колку шо треба, а веќе 35 дена не работам таму, ништо не треба за овој месец и блок од секаде.

    Не сум бил одјавен, со инспекторати се занимавав, мораше копија од отказно писмо за после некоја недела инспекторатот да ме одјави.
    И ниедна плата не вреди за ова, а плата и превоз огромна сума трошок бевме сите(ниеден не беше од градот).

    У магацин имам работено па освен што возачите беа сељаци шо свиркаа по жените по улица и ми идеше у земја да пропаднам коа ќе се свртеше некоја, па понормални беа од некои газди со милиони.

    Сеа работам со еу проекти, е таму нема забушавање и глумење мора целосен фокус(мислам ни од мене ни од газди и во споредба со се сруго што сум работел). И три рунди тестирања поминав, поминав и 2021 и 2022 во истава фирма, ама примија други. Сплет на околности зачувале цв па добив шанса и има напредок. Ама пак со сите поскапувања и колку работиме...малку сме платени
     
    Последна измена: 19 декември 2023
    На eliesaab и Dust им се допаѓа ова.
  17. TheShrink

    TheShrink Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    38
    Пол:
    Машки
    Катастрофа, по мутаво, арогантно девојче не сум видел до сега. Незнае ништо да ти објасни, всушност не дека незнае туку несака од што е гадно
     
  18. Lilly.

    Lilly. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2018
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Zdravo
    Nekoj da spodeli rabotno iskustvo vo A&BA group i KPMG?
     
  19. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Зошто цело време има огласи за Неуромедика? Постои ли барем некој тука што има позитивно искуство со нив?
     
  20. mandrace

    mandrace Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2023
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    346
    Пол:
    Машки
    Пробај , женско си .. па види ..