https://www.vrabotuvanje.com.mk/Rabota/445790/Backoffice-Operator/ Дали некој имал искуство со ова фирма ,да и предложам на една пријателка да се пријави...цело време бара работа веќе изморена е...какви се условите ,плата ,смени? Благодарам.
Zdravo , da spodeli nekoj iskustvo so Neptun??, east gate salonot ili slicno, plata pocetna so iskustvo kolku e?
Оваа фирма е придружничка на Мтел, им ги извршува монтажите. Плата мислам дека им е близу до минималецот, ама многу работа имаат. Договори ќе треба да средуваш, да закажуваш термини за инсталација, па со корисници проблеми. Не знам дали се иде втора смена, знам и саботи работат. Канцеларијата им е во Кисела Вода пред расадникот.
Благодарам... Коментарот е краток, ужас.. Како се научија оваа газдиве еден човек за двајца да им врши работа за минималец. Браво бе, допрва ќе плачат за работници. Нека ги спасуваат индијци и филипинци.
Не знам зошто е така, ама имам познаник на интервју за у банка саатипол го масираа и на крај му рекоа ај сега све ова што зборевме кажи го на англиски.. Си станал и заминал буквално ко да си играат..
jas rabotev mesec dena kako agent na srpski jazik ama mn tesko ide sklucuvanje na dogovor so nekoj bidejki se raboti za privatno zdravstveno osiguruvanje na luge od Balkanot sto ziveat vo Svajcarija a tamu se site zadolzitelno osigurani taka da tesko idese mesec dena probno i mi go prekinaa dogovorot,so germanski jazik dobro ide,so srpski,albanski tesko mn.
Не е тешка работата ама искрено услови да седиш во подрум мислиш дилер си. Подобро да земел стан и таму да се препакуваат, а не во зграда со стаорци стара никаква.
Вие што работите copywriting и/ или превод (на веб - страници) од македонски на англиски, и обратно, колку наплаќате и како (по напишан збор/ страна, на сработен час...)? Сакам во слободно време да чепкам нешто такво настрана, сработив сега еден проект (превод на веб - страна) за баш минимална сума како за проба и клиентот беше екстра задоволен, отвори можност и за понатамошна соработка, па ме интересира колку да барам?
Пиши на темата заработка на интернет. Имаш таму искусни девојки кои работат на апворк, фриленс и други платформи. Поздрав и среќно.
Zdravo moja bratucetka bliska ima raboteno tamu pred 1,2 god i prevara se za klientitw. Se prestavuvaat poinaku a davale sertifikati po drugo ime treba da ubeduvas lugje nesto taka. Najjvazno da znaes katastrofa iskustvo nonstop baraat rabotnici, i glavnite se epten losi. Se ponasale navreduvale. Najjiskreno znam kako i bese na nea. Nemojjjjj i na nikoj ne preporacuvam, i za plata zeznale.
На огласов на Стопанска за контакт центар беше моја пријателка ама има можда 2 год инаку таму нон стоп бараат...зашто веројатно им бегаат вработените. Тогаш нудеа фиксна плата од 26.000 плус некоја бонус шема која нејзе и изгледаше ко невозможна мисија...беше разочарана пред се од ниската плата, а од друга страна знсчи се бара многу. Примаш повици од нервозни клиенти ти се дерат на тел значи нон стоп такви ти се клиенти, за заборавен пин ,за изгубена картичка ,за рата за кредит и уште не...и плус имаш еден дел каде што ти им се јавуваш на клиенти и тоа на оние што ,,должат,, ги известуваш и убедуваш дека мора да си платат ,нешто како бркач на должници сето тоа за таа плата. Рабоатат во смени од 8.30 сабајле до 8.30 навечер. Знам дека она не се појави на второто интервју ,а мислам дека и некој тест решаваше...така што сега не знам колку плата нудат ,ама за таа плата ако е иста ниту студент не би им работел...Толку знам сепак прашајте си.
Да, тешка е работата во контакт центар, ама од таму се излезени и доста од сегашните директори на сектори и на филијали во банката кои сега имаат по 70000+ плата плус бонуси За секоја работа треба труд и докажување, никој веднаш не ви нуди директорско место, а за стопанска ви гарантирам дека ако ве бива, ќе одите нагоре. И во филијала се соочувте со секаков народ, ама така се учи. А на 25г. Во банка ќе почнете или на благајна, или во контакт центар. Инаку бонусите во контакт центар за остварена продажба не се невозможни за достигнување, напротив.
Прво три месеци бараат да им работиш бесплатно као на пракса, па после ајде као уште три месеци пробно ама ќе бидеш на минималец, и згора на се бараат постојано да се сликаш и снимаш за нивните социјални мрежи за да си прават добра реклама.. Или во превод, бараат да глумиш ретардирана будала која работи за минимална плата и се снима како му е таму многу убаво, не вреди време да си губиш..