Овие се од Агенција за вработување преземени, а таму се огласуваат оние места кои веќе се пополнети, само треба да се помине процедурата за да го пријават вработениот.
LibertaGia! За подобро да се информираат луѓето од Македонија, сите иформации во врска со компанијата (нивните заработувачки,услови,дејности,итн) ги склопивме на едно место уредени и разбирливи за секој да може да се информира и нормално ако сака да почне да работи. http://www.libertagiamk.com/
Компанија од САД, која котира јавно на берза и е мулти-национален контакт центар со повеќе од 12.000 вработени, и во моментов работи во пет различни земји во светот, планира да отпочне со работа во Република Македонија. Компанијата планира да вработи 1.000 лица, кои ќе бидат ангажирани за корисничка и техничка поддршка на големи компании од САД кои се глобални лидери во своите индустрии. На нововработените лица ќе им биде обезбедена платена обука од 8 - 10 недели со цел да ги научат основните вештини за грижа на корисници, како и специфични тренинзи за продуктите на клиентите. Претставништвото на компанијата во Македонија ќе работи на поддршка на корисниците во САД, со работно време адаптирано на клиентите од САД. Неопходна е способноста за читање, пишување и зборување на англиски јазик. Потребно е познавање на работа со компјутери. Бруто плата: 29.334 денари. Се надевам ќе биде од помош. треба добро познавање на англиски јазик, имам слушнато дека многу добро функционира ова, ете ќе има и саем така да секој што е заинтересиран нека отиде. Инаку не ја нудам јас работата, превземено е Гуд лак, се надевам помогнав на некого
ОГЛАС: „Катар Ервејс“ бара стјуардеси од Македонија http://faktor.mk/archives/114310?utm_so ... makedonija
Јас имам аплицирано онлајн уште во неделата и не, немам добиено никаков повратен одговор. Стварно не знам како функционира ова и дали ако немаш добиено позитивен одговор да се појавиш таму, воопшто и треба да се појавиш...Сепак не сум од Ск па не би да се влечкам и трошам пари без врска, па ако знае некој да даде некаква информација би му била благодарна.
И мене најмногу тоа ме интересира, дали целава постапка иде само преку саемот за кариера утре или доволно е онлајн аплицирањето? Ај ако има некој поупатен нека каже
Девојки јас не сум многу информирана, но бидејки работам во таква институција, мене ми го пратија на меил и ми побараа студенти/студентки со добро познавање на англиски јазик. Колку што дознав, фирмава е многу сериозна, ако те бива те зимаат, овие што ја носат тука доаѓаат со голема инвестиција. А за процедурата не знам да ви кажам како иде. Пробајте и онлајн, пишете меил, а најдобро е да отидете на тој саемот што ќе се одржи. Со среќа
Медијапланет бев да видам како е и воопшто не ми се допадна значи продаваш списанија во гтц и слични локации и веројатно платата ти е на процент за мене беше катасрофа сосема поинаку ја замислував работата според огласот и интервјуто
Дали ви ја отвара vrabotuvanje.com.mk? Долг период не ми ја отвара, а на фб постираат огласи со линк од нивната страна, што не се отвараат...
Кај мене ја отвара страната, сега ја отвара, а и претходните денови, без никаков проблем ми ја отвара страната, си се појавуваат огласи, се си има.Може интернетот проблем да ти прави, да не отвара некои страни, не знам од кој оператор имаш интернет, но можно и до тоа да е.Провери од друго место, види дали ќе ти ја отвара страната, ако ја отвара тогаш до нетот е.Страната си функционира кај мене.