Можеби сега е променето...не знам. Тогаш кога беше другарката на разговор тие услови и ги рекоја и додуша не ја повикаа на второ интервју...кој си сака нека си проба...Со лесно!
Во др сектор сум јас, не сум банкарство, ама имам доста блиски по банкиве. Ко што нема кадар, секој што е малку подобар одма напредува. Е сега јас сум 35г. И веќе сме сите со 10+ години работно искуство, па затоа и сме со поголеми плати. Ама во банка има почнати и на пракса за 5000мкд, сега се директори.
Дали некој знае колку пари земаат овие што одат како дополнителни девојчиња за диплење во Синсеј и другите дуќани?
Zdravo, bi sakala da prasham dali nekoj od Vas bi se vratil na staro rabotno mesto? Lani si zaminav, bidejki posle 2ipol godini ne me unapreduvaa i samo kazuvaa deka ke bide. Kolegi shto gi obuchuvav pred mene unapreduvaa. Momentalno rabotam, no nemozam da se pomiram so faktot deka radi moeto ne chekanje si otidov od tamu.
Враќањето назад не ти ветува сигурност дека ќе те унапредат, доколку не те унапредиле додека си била таму 2 години најверојатно и нема да те унапредат сега кога ќе се вратиш. Така што ако сега ти е супер а ова работно место гледај можности тука да те унапредат, да не се враќаш на старо доколку целта ти е само унапредување.
Minatata godina bev na intervju od baza na kandidati me izvlekoa ne znaev za koja pozicija idam 24.000 osnovna i te ubeduvaat da potpises 3 smena vikendi praznici i taka dokaj 30 se stigalo......bitno angliski da zboris i 3 smena da se soglasis za 24000 osnovna...pa marketi vo 2smeni poveke plakaat...ps so magisterski sum vo finansi i 2stranski jazici kako majcin mi se...i pobrzo vo trafika ke prifatev...
Си отидов ради не-унапредување. Но фирмата каде што работам касно кажа хр дека не сакаат боледувања. Мало дете имам и тоа не е предвидливо, за секое притисок ми прават. Башка што не стојат на договорено. Не ме пријавија на датум што го договоривме, а ги прашав дали да дојдам, не сум требала па на крај испадна дека јас сум крива зошто не сум отишла или да сум се јавела. Маиловите за боледување се со докажувања. Јас сигурно не би сакала да седам дома и да ми се крати од плата… а на старото место воопшто не ми направиле проблем, само да се најавам дека сум на боледување и толку. Од човечка причина тука на новава работс имам провоцирање и затоа би барала подобро дури и да се вратам назад.
Дневница е 1000 денари минимум, а може да биде и за неколку стотки повисока зависи каде одиш и нормално за 3та смена е повисока дневницата меѓутоа не знам за точно да ти кажам колку
Administrativna rabota, privatna firma so malku vraboteni za smetkovodstveni uslugi, a prethodno vo banka
Само еден совет од некок ваљда постар од тебе со магистерски поминати со највисока оцена на еден од први 20 Универзитети во свет. До тебе, и до секој кој сака да прочита. Собирај работно искуство, џабе се титули. Зошто те прочитав како викаш дека си магистер. So what? Работи вредно, учи, слушај повозрасни кои знаат. Се цени знаењето, ретко кој гледа дали си магистар или доктор на науки ако не знаеш да работиш. Тоа не се учи во школо. И секако, позитивен став за работата, па ако не се пронаоѓаш, барај ново. Ама твоја задача е, и да зсмаш 10.000 мкд работи добро. Јас кога почнав со работа точно една година земав 10 000 мкд, имав факултет во странство завршено (немав магистерски), со 3 јазици течно зборење, не бев ни пријавена, на рака ми плаќаа. Искуство по искуство, сега (после 14г) имам работа која никад не помислував дека ќе ја имам.
За ова не се согласувам. Не секој има време и живци и слобода за ич пари. Некој може има кредити, деца, родители дома за чување. Што ако му речат оваа година 10.000 плата, ама од наредна 15.000, а него деца му плачат, родителите му немаат за леб? Не дека и со 15.000 ќе заврши работа, чисто ради пример. Пак ќе речам, не треба да се глорифицира работењето беспари. Само мал процент се оние успешни приказни from zero to hero, каде што ете некој со магистер и три странски јазици работел за 10.000. Искуство може да се набилда и со плата малку повисока од минималецот, барем онаа која навистина некој ја заслужува. Никој не те цени во фирма, поготово ако е поголема. Што тогаш некој би се замарал да рмба за неа? Да е сопствен или партнерски бизнис да разберам, ама во фирма, кој ги врти. Утре да умрам нов ќе најдат без око да им трепне, а јас ако имам ист став, сум мрзлив работник.
И ти си во право, и @KuklickaSk е, сега зошто? Според мое искуство и мислење, ретко на кој веднаш му даваат 35-40.000 ден. плата, и докторски ако сакаш имај, ако твоето искуство е zero, и немаш работено нигде а си +30 години, потешко е да најдеш работа добро платена од сам почеток. Пред 10 години работев и јас за 10.000 ден.стекнав искуство, некаде добро-некаде лошо. Сите финансии што ќе ги заработиш, се подобри отколку да не заработиш ништо. Имам скоро се работено во животов, и додека студирав работев за себеси, и ден денес професијата ми нема врска со факултетот, туку стекнатото искуство! 1 година работев за минималец, после 1 година имам доста повисока плата, дури и одлична, во истата фирма, каде што со искуството и знаењето сум дошла до повисока плата, а не дека факултетот нешто ми донесе + Не може да седиме дома и да чекаме работа со почетна плата од 40.000 ден. Барем не кај нас во Мкд.