океј извини, мене ми е мнг чудно да се иде на интервју и да не се спомне плата макар и да не ти се допаднале условите. Ништо не губите само ќе видите каков е пазарот и што се нуди. Друг пат и да не ти се допадне спомни си плата
https://kariera.mk/job/x-ny-tOSvk6tRjofIlHngQ/krediten-referent Дечки повелете оглас на кои можете да се пријавите,стабилна домашна фирма за разлика од другите од таа бранша.
Дали има некој појдено на интервју во Неуромедика за Администратор? Бидејќи гледам се врти огласот веќе два месеца
Исто и за правник и др. Позиции постојано имаат оглас никогаш не викаат на интервју...како некоја агенција што прибира податоци само...ако го викнале некого за било која позиција нека пише
Има доста пишувано тука за неуромедика. Не е добра околина и да, нонстоп им кружат истите огласи, луѓе им бегаат од таму. Побарај низ форумов ќе прочиташ доста, крш се, во една прилика јас имав интерв. таму, газдата мнг грд впечаток ми остави и општо околината
Сори сега дури гледам. На огласот кај што аплицирав конкретно услов беше мислам барем основно знаење од програмирање и напредно ексел. Не ти треба курс според мене, а програмите на кои работат ги учиш таму.
Ти благодарам на одговорот. Ексел имам познавање основно. Ама не верувам дека без ништо би можела на пример да влезам негде. Сигурно некој програмски јазик би се барал или нешто друго. Не знам, од тие програми за чување податоци итн. Без никакво познавање на човек ко мене мислам дека ни можност не би ми дале.
Za kompanijata https://www.katoennatie.com/ Nekoe iskustvo??? Mnogu mladi vraboteni, da bidam iskrena poloso intervju odnosno poneprofesionalno ne sum Imala do sega. .. Mi se cini kako kompanijata da e ok. Nekoi iskustva???
имаш и за нив по форумов, барај ги како супорт и солушн и имаат како уште една како сестринска фирма со друго име, не ми текнува сега. КТН им е како главен клиент на фирмава. Потоксично место за работење не постои, да има мнг млади како прво работно искуство обично таму почнуваат ама брзо бегаат... Има и добри луѓе вработени таму ама менаџментот е премнг лош, моја препорака чим интервјуто било толку лошо, раб искуство ќе биде уште полошо. Обично вработуваат млади кои не можат подобро да проценат.....
Одамна имам одено на интервју, не памтам за условите ама знам платата беше на минималец што ми ја понудија. Одма одбив
Јас пред неколку години сакав да аплицирам, ама го пропуштив рокот за 1 ден и им се јавив да ги прашам дали се уште можам да пратам CV... И вработената фино ми објасни дека огласот е пополнет од некој што веќе работи и е само проформа пуштен.
Да, знаат и така да прават. Т.е законски е за пријава на вработен прво мора да поминат 3 работни дена од оглас.